Авг 13, 2012

Музиката во Охрид под контрола

Општинските инспектори работат двосменски во борба против бучавоста. Проблемот е евидентен, но во споредба со изминатите две години драстично е намален, објаснува Танас Танасоски, раководител на општинскиот инспекторат. Тој додава дека инспекторите кои се под негова капа, излегуваат на терен од 22 до 4 часот наутро, за да ги контролираат угостителските објекти и тоа допринело да се намалат проблемите околу бучавоста.„Но сепак морам да истакнам дека неколку кафичи и понатака не се придржуваат до законските прописи односно бучавата е над онаа нормала која што е предвидена со закон. Кај сите т…

Авг 13, 2012

Привилегирани советници

Гратис мобилни телефони и гратис картички за паркинг, за кого како. Според најновите сознанија кои деновиве за ТВМ јавно ги соопшти координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, во Локалната самоуправа спроведени се активности за набавка на мобилни телефони и картички за гратис паркирање на советниците на мнозинството. Според него тоа е класичен обид за нарушување на демократскиот процес во општина Охрид, конкретно во Советот и ваквиот однос според Паноски трае подолго време.   „Мојата порака и пораката на советниците од опозицијата е јасна, не ни треба ништо од оваа Л…

Авг 13, 2012

Летен камп за деца-македонци од Балканот

Македонскиот јазик станува обединувачка алатка на сите македонци надвор од границите на нашата земја.  Ова е придобивката од првиот летен камп за децата македонци кои живеат во соседните земји.  Тие во земјите каде што живеат веќе добивале часови по македонски јазик, но  велат дека малку се запознале и со македонската историја и култура.„Па да кажам дека солидно ја познавам македонската историја. Сега ќе почнам и тука да учам во Република Македонија бидејќи почнувам средно училиште.“„Го знам целиот јазик, целиот македонски јазик. Моите родители исто говорат македонски.“-рекоа дел од дечињат…

Авг 13, 2012

Бертањоли и Де Жан вечер на „Охридско лето“

Празник за љубителите на соло пеењeто. Вечерва на програмата на 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“ концерт на светски познатиот сопран Џема Бертањоли. Придружувана од еден од најинтересните камерни музичари на денешницата, пијанистот Франческо Де Жан, во просторот на Св. Софија, Бертањоли ќе се обиде да ги задоволи вкусовите и на најпребирливата публика. За прв пат во Охрид, таа импресионирана од она што го  видела досега во целиот град.„Овој фестивал е полн со познати имиња и реномирани настани и многу сум среќна што сум дел од тоа“ вели Бертањоли.Џема Бертањоли е сопранистка со ј…

Авг 11, 2012

Еден дожд, извади на површина се

Во Охрид не е решено основното прашање, канализацијата и одводната мрежа во градот, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Никола Митровиќ, портпаролот на партијата забележува дека општина Охрид 8 години се дави во неодговорноста и неспособноста на актуелниот градоначалник Александар Петрески, а тешките моменти и последиците од таквата погубна политика директно удира по грбот на народот.„Туристички центар како Охрид да се остави без  изведба и без санација на одводната мрежа во централното градско подрачје е најголем грев на градоначалникот Петрески кон градот. Вчерашната презентација на изгледот…

Авг 11, 2012

Ден после дождот

Ден после дождот. Вчерашното невреме кое го зафати Охрид остави траги. Поројниот дожд исфрли на површина многу градски проблеми . Едни од засегнатите од поплавите кои се случија се и жителите на улицата Живко Чинго. Нивните домови буквално пливале во вода па со часови со кофи ја исцрпувале не знаејќи што друго да прават. Миланка Димоска вели дека целата куќа и се поплавила и додава дека ова не е прв пат. Таа објаснува дека при пообилни врнежи од дожд канализацијата пребликнува во нејзината куќа и се плива во вода и фекалии. Досега тропнала на сите врати, но помош од никого не добила. Ништо …

Авг 10, 2012

„Госпоѓица Јулија“ ќе го руши митот за „студените“ швеѓани

Утревечер Охридско лето ќе му оддаде почит на големиот шведски драматург, Август Стриндберг. Најпрво во 19 часот и 30 минути, во изложбениот салон при Домот на култура, под името „Мисли сам“ ќе бидат изложени осум уметнички слики-репродукции на Стриндберг и фотографии кои тој ги изработил самиот или во соработка со други фотографи. Чествувањето на Стриндберг продолжува со изведбата на неговата претстава „Госпоѓица Јулија“ која преку својот уметнички допир ќе се обиде да ни ја долови шведската режисерка, сценарист и главен лик во претставата, Ана Петерсон.„Беше задоволство да се работи со де…

Авг 11, 2012

Младинскиот камп ги обедини децата од сите националности и вери

Вчера официјално започна младинскиот спортски камп под името „Младите преку спортот и екологија до меѓуетничко разбирање и одржлив развој.“ Насловот е долг, но ги опфаќа веројатно најпозитивните насоки кои треба да им се дадат на најмладите со цел да се развиваат во вистински правец. А нема подобар пример за тоа како влијае овој камп врз развојот на младите од средношколката Тања Јованова. Таа е тим-лидер на групата од Велес, и вели иако е тешко да се работи со деца, сепак научиле да се снаоѓаат во секакви ситуации. Своите способности ги развивала на мартовскиот камп Трејнинг трејнерс.„Таму…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top