Колку пари толку музика. Министерството за култура воведува такса за пуштање музика. Неа ќе ја собира новоформирана организација на македонската музичка индустрија ММИ каде членуваат музички продуценти и изведувачи. Новата давачка ќе треба да ја плаќаат хотелите, рестораните, пицериите, кафетериите, сендвичарите и сите останати субјекти каде се пушта музика. Хотелиерите реагират дека во ова време на економска криза кога повеќето од нив се на работ на економска оправданост секој денар е важен. Тоше Чочоровски, директорот на хотел „Силекс“ вели дека постојано се носат само нови Закони со кои …
Новата цена на лебот која за многу скоро ќе ја обелоденат пекарите, е резултат на серијата зголемувања на цената на пченицата, горивавата и електричкната енергија. Ѓраѓаните во шок. Се чудат како ќе се соочат со новите цени, кога и досега едвај врзуваа крај со крај.Ѓраѓаните си ги глeдаат своите проблеми, а пекарите пак своите. Претседателот на Мeлничко пекарско здружение „Пекар“ – Охрид, каде членуваат производителите на леб и бели печива од општините Охрид, Дебрца и Струга, Љупчо Настоски вели дека се принудени да ја зголемат цената на лебот доколку сакаат да продолжат да работат. Тој д…
„Чувајте го Охрид чист“ е повикот на семејството Холмс од Англија до пријателите на градот. Овој апел го упатуваат разочарани од расфрланиот смет и немарниот однос на македонците кон околината. Невил и Лилјана од Лондон воодушевени од убавините на Охрид, решиле да купат стан во населбата Рача. Пред една недела Холмсови заедно со нивните деца го исчистиле спортското игралиште од расфрланото ѓубре кое е во непосредбна близина на нивниот стан. Една недела подоцна тоа повторно било покриено со отпадоци. „Кога работи школото постои контејнер, а сега школото е затворено и контејнерот не е …
Со доделување на дипломи и одигрување на игри, денеска школата за пливање Охридски бранови 2008, на градскиот отворен базен го одржа последниот пливачки час за оваа сезона. Децата кои ова лето преку Охридски бранови ги изучуваа тајните на пливањето, воодушевени од она што го научија, но и од начинот на кој тренерите им ги пренесоа тајните на повеќето техники за пливање. Не само децата и тренерите од клубот Охридски бранови разочарани што сезоната заврши. Тие се повеќе од сигурни дека онаму каде што застанаа ќе продолжат следната година, затоа што се децата се талентирани и можат многу да…
Опасни по живот оштетените електрични столбови на магистралниот патен правец од Охрид што води кон Република Албанија. Најголем број од оштетени столбови се на коловозната лента која води кон Охрид, пред населбата Рача. Впечатокот е дека за електричните столбови поставени во октомври 2008 година, за време на одржувањето на Нато самитото чиј домаќин беше Охрид, не се грижи никој. Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ задолжени за одржувањето на овој патен правец информираат дека досега не добиле нити еден налог од Агенцијата за државни патишта за замена на оштетните столбови. Кратко нап…
Остануваат уште три дена за аплицирање за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. До први септември треба да бидат поднесени апликациите по што следува нивно разгледување од Извршниот комитет, а оние кои ќе влезат во најтесниот круг ќе имаат разговор во четири очи со претседателот на партијата, Никола Груевски. Многу имиња се вртат како можни кандидати за првата фотеља во Охрид, но четворица од нив се најсигурни, вели претседателот на Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Тој не сакаше да открие за кого точно станува збор, но меѓу охриѓани најмногу се сп…
Православните христијани денес го слават празникот Успение на Богородица или Голема Богородица. По две недели пост, синоќа со вечерни богослужби во сите храмови на Македонската православна црква почна одбележувањето на празникот. Уште од раните утрински часови, река луѓе се упатија кон најблиските храмови, да се помолат за здравје и среќа за себе и за своите најблиски. Верници од сите краишта на земјава и странство денес ги посетија храмовите во Охрид кои го носат името на мајката божја.Празнувањето на Успението на Богородица е празнување на фактот дека сите луѓе се високо воздигнати во бла…
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, денеска одржа отворен ден во СВР – Охрид. Целта на проектот со кој граѓаните директно се среќаваат со министерката за внатрешни работи е во рамки на стратешката определба на министерството за транспарентно работење.„Ваквите посети се секогаш една добра можност за да размениме мислење и информации околу тековни прашања, а кога станува збор за Охрид секако дека во периодот на летото и туристичката сезона интензитетот на движење на патници, интензитетот на посетители е значително поголем отколку во остатокот на годината, па т…