Сеп 5, 2012

50 денари за поминување по сообаќајница

Доколку сакате да поминете по сообраќајницата Македонски просветители во делот помеѓу двете рампи, треба да платат 50 денари. Од оваа нова појава најпогодени се дитрибутерите кои и по неколку пати во денот минуваат тука вршејќи дотур на стока.  При влез на рампата кај поштата добивате жетон, но со него не можете да излезете на рампата пред Капетанија, затоа што на неа пишува дека за излез треба картичка, која ја имаат само жителите на стариот дел од Охрид. По поплаките кои ги добивме, за проблемот со кој се соочуваат сите, освен жителите на стариот дел на Охрид, се уверивме и ние. Откако ур…

Сеп 5, 2012

Угостители „диво“ поставувале маси и столици

  И оваа туристичка сезона не помина без да се прекрши  програмата за поставување на урбана опрема. Инспекторите имале полни раце работа и напишале бројни пријави до сопствениците на угостителските објекти кои без дозвола сакале да профитираат и ова сезона со нелегално поставување маси и столици, нагласува Ана Николоска од одделението за комунална  такса. „ Со наплатата на средства нема проблем. Но има проблем со оние угостители кои немаат кај нас барање за издавање дозвола за поставување маси и столици. Поднесовме до општинскиот инспекторат извештај со фирмите кои извадиле дозволи и оние к…

Сеп 5, 2012

Три години од бродската несреќа

Со полагање свежо цвеќе пред спомен-плочата на жртвите од бродската несреќа, денеска во Охрид се одбележа тригодишниот помен за настраданите од несреќата со бродот „Илинден“.  Во спомен паркот и пред плочата изградена од камења извадени од Елешец,  местото каде што се случи трагичниот настан, почит на жртвите им оддадоа делегации од општина Охрид, Бугарската Амбасада во земјава, здружението „5 септември“, од Ротари клубовите од Охрид и Пирдоп, како и двете лекарки Гордана Димитриќ и Жаклина Спасиќ кои сосема случајно се затекнаа на местото на насреќата и им укажуваа помош на настраданите, з…

Сеп 5, 2012

Кој се токми за првата фотеља во ЈП „КОмуналец“

Дали ќе биде сменет директорот на ЈП комуналец, Сашо Алчев, деновиве се прашува охридската јавност. Ова е тема број еден на многу кафе муабети во кои се спомнуваат дури и имиња на можни кандидати за првата фотеља на ова јавно претпријатие.  Градоначалникот Александар Петрески на охриѓани им ја разрешува дилемата. Тој вели дека ова се чисти шпекулации и дека нема ниту една причина зошто би го сменил Алчев од ова директорско место. Градоначалникот додава  дека многу е задоволен од работата на Алчев па откога „Комуналец“ добро ќе застане на нозе планира да го унапреди во координатор на сите ј…

Сеп 4, 2012

Искривен билборд

На булеварот Туристичка во близина на Пентекс, неколку дена надвиснува искривен билборд кој може да падне секој момент. Жителите од блиските куќи до билбордот, не сакаа да коментираат пред нашата камера, но предупредија дека местото е фрекфентно и од тука поминуваат и деца кои учат во О.У. Братство Единство, кое е во непосредна близина. Според нивните искази блибордот настрадал од патнички автобус, а тие  не забележале дека некој од надлежните излегол на терен да ја согледа фактичката состојба и да направи некаков записник. Одобренијата за поставување билборди ги дава општина Охрид. Зоран Ш…

Сеп 4, 2012

Во Далјан се гради на парцела без сопственик-тврдат жителите

Жители на улица Сатеска во населбата Далјан се пожалија дека во нивна непосредна близина се гради, наводно, бесправна градба. Лицето кое овие зафати ги започнало во Саботата, им тврдело дека поседува документи за парцелата на која го гради објектот кој најверојатно треба да биде гаража, но истите не ги приложил. Сомневајќи се во овие тврдења, тие веднаш се јавиле во општинскиот инспекторат, меѓутоа велат дека од таму досега никој не дошол да направи увид.„Ни рекоа дека понеделник ќе се дојде на увид меѓутоа и вчера не дојде никој. Ние и вчера бевме таму, во градежниот инспекторат и вчера ни…

Сеп 4, 2012

Нисплатените субвенции закана за ин каминг туризмот

Доведено во прашање носењето на странски гости во земјава. Причина да се откажуваат договорите за склучување нови аранжмани на странските пазари се неисплатените субвениции на  голем број туристички агенции кои се ориентирале кон ин каминиг туризмот. Исплатата на субвенциите на туристичките агенции доцни скоро една година, вака се жалат сопствениците на агенциите кои имаат побраувања по овој основ, а  не сакаат јавно да зборуваат за овој сериозен проблем. Кратко коментираат дека се разочарани од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот која од септември 2011 година располага со парите за…

Сеп 4, 2012

Амброзијата ја има и кај нас

Секое лето и на почеток на есента, амброзијата создава проблеми кај лица кои се алергични на неа, а таа секоја година ја има се повеќе. Амброзијата цвета од јули до октомври, а концентрацијата на нејзиниот полен е најголема во август и септември. Само едно стебло од амброзија, произведува од 1-8 милјарди спори, кои може да патуваат и до 40 км, а за силна алергиска реакција се доволни од 8-20 спори на кубен метар воздух. Примариус Д-р Елпиника Марин од Медицинскиот центар од Охрид, која се бави со алергиски испутвања објаснува дека амброзијата е широко распространета во многу балкански држав…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top