Се бара крвна плазма од прележан пациент од COVID-19 со крвна група Нулта Позитив за 45 годишен пациент од Охрид.
Пациентот се наоѓа во болницата „Филип Втори“ во Скопје. Ако некој може да помогне, да се јави на телефонот 076/596-770 (Благица).
Во текот на изминатото деноноќие (08/09.09.2020) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 485 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Во последните 24 часа се регистрирани 14 нови случаи на охриѓани заразени со корона висрусот. Во струга 2 новоинфицирани. На ниво на државава од направени 1384 тестирања, регистрирани се 99 нови случаи.8 починати лица е црниот биланс од Ковид во последново деноноќие. Починаа двајца охриѓани, двајца пациенти од Тетово, еден од Струга, еден пациент од Делчево , Скопје и од Дебар. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од кои 8 стружани и еден охриѓанец. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15226, бројк…
Градоначалникот Константин Георгиески упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија-8-ми Септември.
– Денешниот голем празник е доказ за истрајноста и одлучноста на нашиот народ да изгради слободна, независна и суверена држава. Пред точно 29 години македонските граѓани донесоа историска одлука со која беше исполнет вековниот стремеж и беше остварен сонот на многу наши предци.
Водени од желбата и плановите за обезбедување на подобри услови за живеење во сите сегменти на општеството, продолжуваме посветено да ја градиме нашата држава Република Северна Македон…
Граѓаните се почесто избираат да купуваат производи on line преку интернет, нагласуваат од ОПМ. Ваквиот начин на купување заштедува време и пари, нема физичка комуникација што е добро во услови на пандемијата со Ковид 19 ама има и многу неправилности. Паралелно со овој современ начин на купување во пораст се измамите кон купувачите, според анализите на ОПМ, вели Катерина Павлоска од охридското Советодавно биро. Граѓаните јавуваат дека при on line трансакцијата продавачите не го испочитувалe рокот на испораката на прозиводот или за купениот прозивод не доставиле фискална сметка или фактура …
Во текот на изминатото деноноќие (07/08.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 445 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Охриѓани загрижени од недостигот на педијатри. Откако детското одделение во охридската болница, од почетокот на овој месец, поради недостиг на педијатри започна да работи само како амбуланта, граѓаните стравуваат и негодуваат, бараат министерството за здравство да најде решение на проблемот.
Велат голем проблем е во викенди и после 20 часот малите деца со кревко здравје и потребна медицинска помош да се препраќаат во Струга.
Некои родители немаат ниту автомобили, ниту пари за да ги носат децата на лекување во струшката болница.
Мора да има педијатри во градот, еве слушам ќе патувале …
По повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември, годинава во организација на Владата на Република Северна Македонија се одржа централна свеченост на платото пред зградата на Владата каде премиерот Зоран Заев по кратката тет-а тет средба во неговиот кабинет заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски присуствуваа на свечената церемонија на менување на знамињата и на интонирањето на државната химна од страна на воениот оркестар на АРСМ.
Централната свеченост по повод Денот на независноста, годинава се одржа согласно протоколот за одбележување државни празници на Коми…