Екипата на здружението на пензионери постигна огромене успех на Спортска пензионерска олимпијада која годинава се одржа во Скопје. На олимпијадата во организација на здружението на пензионери Ѓирче Петров од Скопје, учествуваа повеќе од 400 спортисти во машка и женсkа категорија, од 38 спортски здруженија на ниво на Македонија. Натпреварите се одвиваа во 12 спортски дисциплини и тоа во стрелаштво, шах, пикадо, тргање со јаже , трчање на 60 метри, фрлање на џуле , скоск од место, домино за машка категорија и табла.
„Најтешки дисциплина на оваа олимпијада беа во женска категорија двобојот …
Нова сезона – стари маки. Иако се подготвуваме за зима, пензионерите сеуште не ги добиле огревните дрвата за кои одамна плаќаат рати. Тие стравуваат дека доколку не се забрза постапката годинава ќе смрзнуваат. Од здружението на пензионери велат дека и покрај тоа што години наназад имале проблеми со доставата на дрва до нивните членови, потенцираат дека оваа појава годинава е посебно изразена. „Иако пензионерите уредно си ги плаќаат ратите за дрвата, тие сеуште не им се испорачани, поради што нашите членови бараат да им ги вратиме парите“, вели претседателот на здружението на пензионерите Ѓ…
Дали средните стручни училишта во градов полека, ама сигурно замираат. Факт е дека секоја година во овие образовни центри се запишуваат се помалку ученици. Во средното стручно училиште Ванчо Питошески во прва година има само три паралелки, а лани имало четири. Паралелките се формирани и со помалку од 25 ученици. Директорот Секула Баткоски вели дека причини за ваквиот надолен тренд има повеќе, но како број еден го потенцираше намалениот наталитет не само во градов, туку воопшто во државава, бидејќи во ова училиште доаѓале да учат деца и од другите градови. „Друга причина која доведе до ово…
Куратица утре маршира во чест на револуционерот Аргир Маринчев. Претседателот на месната заедница од Куратица, Горан Ангелоски вели дека оваа идеја отсекогаш постоела и се негувала во Куратица, но годинава сакале таа да биде понагласена. Нивниот марш започнува од средсело, а учесниците ќе треба да поминат четирикилометарска патека се до вечното почивалиште на Маринчев, каде на 13ти Септември далечната 1903 година, овој револуционер загинал заедно со својата чета.„Целта на тој настан е промовира, да се запознае јавноста со еден настан што се случувал во охридскиот регион што жителите од охри…
Наскоро решение на проблемот со покривање на патните трошоци за просветните работници кои патуваат во подрачните училишта по охридските села. Досега регионалниот одбор на СОНК од Охрид во соработка со локалната самоуправа реализираа покривање на патните трошоци само за триесеттина вработени, а сега се отвара можност за решение на овој проблем за целиот наставен кадар кој патува. Ацо Речкоски Претседателот на регионалниот одбор на СОНК од Охрид истакна дека веќе е остварена средба со претставници од Локалната и Градоначалникот Александар Петрески.„На која што средба ни беше укажано дека општ…
Наближува есента и есенските дождови, а со тоа започнуваат маките на граѓаните кои живеат на дел од улицата Мите Богоевски. Кракот на оваа улица години наназад не е асфалтиран иако се наоѓа во центарот на градот веднаш позади општинската зграда.Жителите од овој дел на градот повеќе пати алармирале за својот проблем до Локалната самоуправа од каде им рекле дека улицата неможела да се асфалтира поради градежните зафати кои се вршеле на истата. На овој крак во изминатите години интензивно се граделе неколку стамбени објекти, а се гради и новиот дел од општинската зграда така што повеќе пати…
Наместо децата во него да почувствуваат топло катче за работа, тие во него се здобиваат со вируси, бактерии и други зарази. Наместо под – изгниени штици, наместо таван – дупки, нема вода во тоалетот, влага во цементот… се само дел од непријатностите со кои секојдневно се соочуваат 24 те деца кои се образуваат во оваа установа. Родителите на децата крајно револтирани од игнорантскиот однос на надлежните, денеска се состанаа, но и заканија, доколку не се превземи ништо и доколу не се подобрат условите за работа, велат дека ќе протестираат. „Поубо дома да си ги земиме децата, затоа што ус…
Прекрасните слики, скулптури и графики на Интернационалниот ликовен караван конечно во Охрид. Оваа ликовна изложба која традиционално се одржува секоја година по завршувањето на Струшките вечери на поезијата, откако ги воодушеви стружани, сега доаѓа да го освои и Охрид. Се работи за вкупно 35 дела кои вклучуваат слики, графики и скулптури на уметници од Македонија, Србија, Германија, Бразил, Унгарија и Русија.„Овој циклус ќе трае десет години, до 2020 година. Првата беше интересна за жените тема, „Жената-најфината творба на природата“, а и оваа тема. Многу уметници се воодушевија со темава …