Сеп 15, 2012

Упад во стан

Провалник искористил згодна прилика и извршил упад во стан додека во него спиеле три малолетни деца. Вратата од станот била отклучена, така што провалникот  при влегувањето ги одзел клучевите од влезната врата на станот, како и клучот од главната врата на зградата. Сопственичката на станот за овој настан веднаш ја известила полицијата, така што екипа на СВР веднаш по пријавувањето  пристигнала на лице место на упадот и извршила увид. Видно вознемирена мајката на трите малолетни деца, поради објективни причини не сакаше да зборува пред нашата камера, но рече дека провалникот и одзел 800 дена…

Сеп 15, 2012

Граѓаните сакаат соларна енергија ама немаат пари за инвестирање

Само тројца охриѓани добиле субвенции за вградување на соларна енергија во нивните домови. За Владината објава, од пред два месеци за поддршка на инсталирање на соларни системи  со 30 посто од вредноста на инвестицијата и најмногу до 300 евра, имало над 1500 апликации. Но, само 300 граѓани од земјава,  по системот на  лотарија, добиле субвенција. Граѓаните покажуваат интерес за користење на соларната  енергија како еден од начините за намалување на високите трошоци од семејниот буџет за потрошената електрична енергија ама немаат доволно пари самостојно да инвестираат. Иако, Владата пред нек…

Сеп 15, 2012

Отпочна циклусот „Политичка академија 2012 година“

Обука на идните потенцијални политичари. Денес во Охрид отпочна првата обука во циклусот „Политичка академија 2012 година“. „Политичка организација и комуникација на модерна народна партија“ е темата на политичката обука која е во рамките на академијата, организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“,  Институтот „Павел Шатев“, во соработка со холандската фондација „Едуардо Фреј“. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, говорејќи за главните цели и предизвици во модерната политика, подвлече дека политичкото дејствување, партијата го базира врз основа на трајни вредности, униве…

Сеп 15, 2012

Втора етапа од проектот на младинската организација УФУК

Мир и соживот на Балканот е пораката која синоќа ја пренесоа високите турски функционери, професорот Булент Араш од Институтот за стратешки истражувања од Турција и Ѓурсел Донмез од Агенцијата за соработка на турската дијаспора. Нивната посета на Охрид е дел од реализацијата на втората етапа на проектот на турската младинска организација УФУК од Македонија „100 години од Балканските војни“. Професорот Араш го потенцираше значењето на соработката помеѓу народите на Балканот во чија насока се движи и моменталната надворешна политика на Турција.„Турција се грижи за Балканскиот простор бидејќи …

Сеп 14, 2012

Во Калишта ќе се гради ново училиште

Владата ќе гради ново училиште во Калишта, со што маките на родителите и децата кои учат во оваа руина ќе станат минато. Со ова уште еднаш се покажа дека доколку се сака нешто, истото може да се добие само со здружени сили. Отако заменик министерот се увери во фактичката состојба на училиштето, беше крајно искрен и рече дека „Човек може да се наежи од она што го гледа и од оваа состојба во која учат децата“.„Ова го нема ни во Африканскиот континет, а не камоли во Европа. Ние сега ќе отпочнеме со сите процедурии законски предвидени постапки што е можно побрзо да направиме проект и да ги внес…

Сеп 14, 2012

Прва официјална средба помеѓу претседателот на Р. Албанија и Р. Македонија

Албанскиот претседател Бујар Нишани денес пристигна во Охрид на еднодневна средба со неговиот македонски колега д-р Ѓорѓе Иванов. Оваа средба која се одржа во вилата Билјана беше неформална и далеку од очите на јавноста бидејќи претседателите не дадоа изјави за медиумите . Како што информираа од кабинетот на претседателот со оваа посета продолжува претходно воспоставената динамика меѓу Македонија и Албанија за редовни средби на највисоко ниво. Во фокусот на разговорите меѓу претседателот Иванов и претседателот Нишани беа досегашните билатерални односи и областите во кои постои неискористен …

Сеп 14, 2012

Синоќа ечеше во населба „Бараки“

Силен татнеж од трафостаницата, синоќа, во два наврати, околу 1 часот и 15 минути по полноќ, ги вознемири мештаните од населбата „Гоце Делчев“, позната како бараки. Жителите на населбата не информираа дека потресот не само што ги вознемирил, туку сериозно ги исплашил така што дел од нив цела ноќ останале будни. Екипа на ЕВН од подрачна единица Охрид, на лице место пристигнала во рок од 5 минути после силните татнежи. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески вели дека големото невреме што го зафати охридско-струшкиот регион, е главната причина што на одредени места биле предизвикани дефекти во мр…

Сеп 14, 2012

Охриѓани не се дел од владиниот проект за вработување на постари лица

Нашата општина е меѓу општините Врапчиште, Куманово, Липково, Ново Село, Ранковче, Чучер Сандево и Центар Жупа или меѓу општините кои не аплицираа за владиниот проект.   Според овој проект во Општина Охрид  првично требаше да се вработат 43 лица, број кој е определен според бројот на жители на Охрид и плус дополнителни 5 лица, број кој ЗЕЛС го дефинирал за сите општнини, и овие лица во рок од шест месеци требаше да земаат по 7600 денари директно од владата.  Од Агенцијата за вработување информираат дека општините кои се дел од проектот и се финансиски моќни, имале обврска дополнително да ан…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top