Сеп 19, 2012

Малите претпријатија од Охрид незаинтересирани за владините кредити

Мал е интересот кај охридските мали претпријатија за   владините мерки  за намалување на невработеноста преку поволни кредитирања. Првиот оглас за кредитирање микро и мали претпријатија  кои ќе вработат лица регистрирани во агенцијата за вработување заврши во август. Иако на него се пријавиле само 4 претпријатија, од Агенцијата велат дека се задоволни од одзивот. Од таму се надеваат на поголем интерес за вториот оглас кој започна на 15 септември.„Овој проект е за прв пат оваа година промовиран, така да ова веќе е втор оглас оваа година. Првиот ми се чини како пилот проект успешно го привршу…

Сеп 19, 2012

Новата театарска сезона во Охрид започнува на 29-ти септември

Наскоро започнува новата тетарска сезона во Охрид. Од „Охридскиот народен театар“  најавуваат дека репертоарот ќе започне на  29-ти септември, со претставата која премиерно беше прикажана во јуни годинава, „Свадбата на Итар Пејо“, во режија на Дејан Дамјаноски. Во моментов финализираат подготвките за претставата „Малограѓанска свадба“,  на Бертол Брехт, во режија на Дејан Пројкоски. Престава која ќе биде вистинско доживување за публиката и со малку подолга премиера од неколку дена,  вели директорот на Охридскиот театар, Горан Стојаноски.„Новата претстава ќе биде ексклузивна претстава. Тоа е…

Сеп 19, 2012

Горан Устијановски нов капетан на Капетанија на Охрид

  Владата го прифати предлогот на Министерството за транспорт и врски, и одлучи да именува нов капетан на капетанијата во Охрид. Нов капетан на Капетанијата во Охрид ќе биде Горан Устијановски од Охрид, кој има долгогодишно искуство во оваа област.Има дипломирано на Факултетот за туризам и угостителство. Има положен испит за звање бродовозач во внатрешна пловидба, и положен испит за звање морнар. Актуелен претседател на Здружението на бродари и посади на брод, и долгогодишен капетан на бродот Галеб. {loadposition content9}

Сеп 18, 2012

Камион се преврте пред селото Опеница

Неприлагодена брзина на патот, најверојатно е причина за сообраќајната несреќа која се случи утрово на магистралниот пат Охрид – Ресен кај селото Опеница и кога се преврте камион со полу приколка со охридски регистарски таблички, сопственост на ДОО „Отпад Охрид“.  Несреќата се случила во 09.00 часот, по што сообраќајот беше со повремени преќини, се додека камионот не беше подигнат со специјално возило – дигалка.СРВ веднаш излезе на лице место, со цел да ги утврди причините за несреќата.  По неколку часа текот на сообраќајот на оваа делница беше нормализиран. {loadposition content9}  

Сеп 18, 2012

Дали во градов ќе се отвори средно музичко училиште

Основното музичко училиште „Методиј Патчев“ прави напори за воведување на средно музичко образование во градов. Оваа идеја тлее од поодамна, но се чека да се создадат услови за нејзина реализација, вели директорката Нина Момировска. Веќе е разговарано со министерот за образование. Инаку, во ова основно училиште музички се образоваат 326 ученици. Само во оваа учебна година се запишале 67 од кои 37 се првооделенци и ќе ги изучуват инструментите клавир и виолина, а 27 се петтооделенци и ќе ги изучуваат инструментите флејта, гитара, кларинет и хармоника. Момировска вели дека интерес има за сите…

Сеп 18, 2012

6 милиони швајцарски франци за заштита на Преспанското езеро

Заслужни за оваа финансиска инјекција за Ресен се Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП за нивната континуирана техничка и стручна помош како во изработка, така и во спроведување на овие проекти, и се разбира огромната помош од министерството за животна средина и просторно планирање на Р Македонија.   Денеска во Ресен, претставници на овие овие институции потпишаа два многу значајни документи и тоа Меморандум на соработка помеѓу општина Ресен и донаторот – швајцарската агенција за обнова и развој,  документ кој го потпишаа Швајцарскиот амбасадор во Земјава, Стефано Лазароти и г…

Сеп 18, 2012

Професорите се за зголемување на бројот на часовите по спорт

Професорите предлагаат во училиштата зголемување  на бројот на часовите по спорт како спас против деформитетите кај школските деца. Бројот на регистрирани деформитети од проектот спроведен минатата училишна година има поразителни  резултати. Од 504 испитани ученици од сите училишта биле откриени 302 деца со различни деформитети. Професорите по физичко и здравствено воспитание проблемот го лоцираат пред се во начинот на живеење. За да се подобри здравствената слика на школските деца професорите предлагаат родителите повеќе да ги потикнуваат децата на спортување. Проф. Јоне Станкоски, советни…

Сеп 18, 2012

„Охридското котле“ експресно испразето на ГАТУС 2012

Успеси, успеси и само успеси. Уште еден гастрономско-туристичко успех на средношколците од Ванчо Питошески. Овој пат ја освоија Словенија на Гатус 2012, или гастрономско-туристичките средби во Ново Место. Учениците се натпреварувале во три дисциплини, и тоа послужување на маса, готварство и презентација на својот град како туристичка дестинација. Најатрактивна од овие дисциплини секако онаа каде што се подготвува храна. Целта: Да се зготви најдобро јадење во котле. Намирниците исти, условите исти. Рокот за подготвување 2 до 2 и пол часа, а нашите охриѓани импресивни.„Јас искрено сум многу з…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top