Скоро сите основни училишта во Општина Охрид поднеле барања до Комисијата за заразни болести, да им се дозволи настава со физичко присуство на учениците и во погорните класови над 3то одделение. Настава со физичко присуство побарале и средните училишта. Барања за обемот и начинот на кој би се изведувала наставата со физчко присуство се различни кај секое училиште во зависност од условите. Крајниот збор ќе го има Комисијата. Општина Охрид веќе подготви преглед за спроведување на воспитно-образовниот процес според сите протоколи за време на пандемија и врз основа на барањата за настава со физ…
Македонските здруженија на пациенти денеска на средба со министерот за здравство, Венко Филипче ги изнесоа своите предлози за доследно спроведувањ на одлуката на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, хронично болните да се вратат на работа, а притоа да не се прават злоупотреби на системот. Заеднички е ставот дека пациентите со хронични болести кои се со најголем ризик на смртност од КОВИД 19 и влошена здравствена состојба да останат и понатаму ослободени од работа. Но, за да го остварат ова право ќе треба да извадат боледување од докторот специјалист. Разговарано е да бидат…
Урбана фото галерија во дворот на Подрачното одделение на Државен архив Охрид го прикажува периодот непосредно пред Втората светска војна и Народноослободителната војна во охридскиот регион. Реставрираните фотографии од денеска се повторно изложени пред јавноста по 5 децении.
Самата изложба е креирана врз она како изгледал Охрид пред Втората светска војна, подигнувањето на свеста, посебно кај младите во тој период, потоа креирање на здружено и организирано движење за народно ослободување, текот на народноосолободителното движење и на крај претставени се дел од народните херои – вели доц….
Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти. Затоа, од голема важност е да се пријавите на акциите за доброволно дарување крв.
Во рамки на одбележување на Светскиот ден на првата помош Црвен крст Охрид во соработка со Трансфузиолошкото одделение во Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 12.09.2020 (сабота) во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10:00 до 14:00 ч.
…
СВР Охрид, поднесе кривична пријава против И.А.(52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.
Тој, на 20.08.2020 година во 21.30 часот извршил обљуба врз 39 – годишна жителка на Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ц.(31) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“.
Тој, на 08.08.2020 година во 02.30 часот, во казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, упатил закани кон К.М.(20) и неговиот брат Н.М.(25), двајцата од Охрид. Потоа, пред казиното физички ги нападнал по што настанала м…
Занаетчиите да бидат опфатени во 4-тиот сет економски мерки побараа од министерството за економија од КЗМ. Мерките ќе се добра финансиска инјекција за занаетчиите бидејќи се наоѓаат во финансиска криза, сите дејности работат нерентабилно и им е потребна финансиска помош од државата, информира Сашо Богоески прет. на РЗК и член на Прет. на ЗКМ. Додава дека испорачаните барања се со цел да продолжат антикризните мерки во услови на пандемијата за помош на оваа стопанска гранка.
„Истото го бараме и во 4 -от сет на мерки да бидеме покриени со парична помош од 14.50 ден., до март 2021 год. Побара…
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 40 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-08, Струга-04, Кичево-19, Дебар-09).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 10 контроли врз угостителски и други објекти.
Бројката од 14 нови случаи на заразени со ковид 19 ја вознемири охридската јавност. После подолго време на мирна ситуација со мал број случаи, двоцифрената бројка ги потсети граѓаните дека вирусот циркулира во заедницата. Станува збор за заразени охриѓани од кои повеќето се со лесна клиничка слика, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ Охрид.
„Најголем дел се поединечни случаи. Во анкетните листови видов дека не знаат како се заразиле. Но, има семејно поврзани позитивни случаи, дел се здравствени работници од болничките одделенија. Сетоа тоа говори дека не е време за опуштање треба да бид…