Дали општината ќе ги субвенционира комуналните давачки за ранливите категории? Ова прашање уште на минатата седница на Советот на општина Охрид беше покренато како иницијатива од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а веќе утре може да биде и конкретно реализирана. Општината оваа предлог одлука ја стави на дневниот ред на утрешната седница, а доколку е комплетна, од советничката група на ДПМНЕ велат дека ќе ја подржат.„Поведени бевме од таа иницијатива пред се како одговор на одлуките на мнозинството на Советот и на Управните одбори на јавните претпријатија за зголемување на цените н…
Откако беа оформени телата, од Здружението на приватните медиуми на Република Македонија (ЗПММ) започнаа со предвидените активности, договорени на средбите со членството.
Денес во Скопје, претставници на здружението остварија средба со првиот човек на Советот за радиодифузија на Република Македонија Зоран Трајчевски, пред кого беше презентирано здружението, целите и дел од планираните активности за наредниот период.
– Медиумите се среќаваат со многу предизвици во овој период. Случајот со ММИ е само капката која ја прели чашата и која не натера да се обединиме и заеднички да побараме решение…
Процвета алга во каналот Студенчишта. Ваквата слика не е вообичаена за овој временски период. Спортските риболовци реагираат и велат дека за прв пат забележуваат една ваква појава. Тие сметаат дека тука има огромно присуство на фосфор, не ја исклучуваат можноста дека се влеваат фекалии, органски матери и друго. Претседателот на Спортските риболовци Радован Димитриески, се заканува со кривични пријави, бидејќи смета дека тоа се должи на тотална негрижа на одговорните институции кои ништо не преземаат за она што им се случува пред нос.„Ова е прва година, додека другите појави, поморот и невле…
Кој го реконструираше патниот правец Лескоец-Скребатно? Дали Владата или Локалната, или пак и едните и другите. Приказната започнува во 2009та година кога Владата на Република Македонија со цел да им помогне на општините во подобрување на локалната патна инфраструктура, аплицирала за кредит до Светската банка и Европската банка за подршка и развој, кредит во износ од 100 милиони евра кој таа е обврзана да го врати.
За таа цел, Владата ја ангажирала Агенцијата за државни патишта, иако тоа не и е надлежност, да достави барање до сите општини за одредување на приоритетни патишта кои би ги реко…
На манифестацијата „Водици“ да има почесен строј и охридска гарда. Ова е идеја на здружението „Богојавление“ која датира уште од поодамна, но досега не е реализирана. Потпредсадателот на ова здружение, Митко Пендов вели дека заедно со Министерството за култура и Локалната самоуправа имаат намера да распишат конкурс за униформа на охридска гарда која ќе биде препознатлива и ќе ги содржи симболите на Охрид низ вековите. Оваа гарда би се користела и за други манифестации кои ќе се одржуваат во градов. Ова здружение подготвува и други новини со кои ќе привлече гости не само од државава туку …
23 Октомври е денот кога државата празнува и го одбележува почетокот на организираната револуционерна борба. И Охрид како и останатите општини ја оддаде својата почит кон македонските револуционери.
Претставници од Локалната самоуправа, заедно со охридските советници и претставниците од Сојузот на борци од општините Охрид и Дебрца, положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на охридските илинденци, Христо Узунов и Методи Патче. Потпретседателот на Сојузот на борци, Никола Стефаноски, смета дека убаво е што се одбележува овој празник, но дека треба да се стори многу повеќе, особено за млади…
Туристичката сезона 2012 за охриѓани и не била така црна и неуспешна, покажуваат најновите обработени показатели од инспекцијата за туризам. Во деветте месеци од оваа година Охрид го посетиле повеќе туристи во однос на истиот период од минатата година. Во 2011 година биле реализирани 427.000 ноќевања, додека во 2012 оваа бројка е 453.000. Мора да напоменеме дека за прв пат се среќаваме со зголемен број странски гости кои престојувале на охридското крајбрежје, вели раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски.„ Домашните гости оствариле 171 .740 ноќевање, а странските гости …
Дел од вработените во Градинката 8 ми март во Струга, не можејки повеќе да трпат, пред медиумите проговорија за својот проблем. Николче Секуловски готвач, во градинката работи 10 години, но со договор за дело, а последнава година со договор за работа. Тој открива дека 5 години од градинката испраќале барање за негово вработување, но одговорот секогаш бил негативен. Последната плата која ја зел Секуловски била околу 6000 денари и тоа во месец јули годинава. „Од кога почна договорот на определено, платите ги земаме многу касно. Со минимим три месеци каснење. Инаку службите се дефицитарен к…