Ное 9, 2012

Македонските аеродроми се максимално безбедни

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле изведена симулирана акција за решавање на заложничка криза. Како на филм  патник под закана со оружје зема заложници. По ова следуваат преговори со МВР. Терористите бараат милионски суми и авион за да ја напуштат земјата. На местото на инцидентот пристигнуваат и медиумите. Ова е дел од сценариото по кое се одвива  оперативно тактичката вежба на МВР „Бран 2012“.Специјалните единици на МВР  заедно со управата и менаџментот на ТАВ ја спроведоа оваа вежба со која се потврди дека покрај скопскиот и охридскиот аеродом е максимално безбеден, рече Тони Јаким…

Ное 9, 2012

АД „Жито леб“ ги отвори вратите за посета

Во  рамките на Светската недела на квалитет АД „Жито леб“ практикува да ги отвори вратите на производствените капацитети. На тој начин  купувачите може да видат каде се произведува она што секојдневно го конзумираат, лебот и печивата. Денес вратите на пекарската индустрија беа отвоени за децата од ЈДУ Јасна Ристеска, клонот Лихнида. Децата на возраст од  3 и 4 години страмежливо кажаа  што најмногу сакаат од печивата на Жито леб.Во АД „Жито леб“  многу се вложува, се е реновирано  и е  воведена  автоматизација на целото производство, вели директорот на прозиводство, технологот  Горан Андоно…

Ное 9, 2012

Ребалансот на буџетот ги размрда советниците

54-тата седница на Советот на Општина Охрид невообичаено кратака. На дневен ред беа ставени само четири точки и уште една дополнителна  која беше додадена на барање на Комисијата за финансии и буџет. Советниците на првите три точки беа прилично комотни. Но, атмосферата се загреа кога на ред дојде четвртата точка- Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на единицата на Локална самоуправа Охрид за 2012 година. За опозицијата нема никаква оправданост да се прави ребаланс на буџетот бидејќи како што потенцираа тие уште при неговото донесување укажувале дека проекцијата на неговите ставк…

Ное 8, 2012

Надлежните се подготвуваат за почетокот на зимската сезона

Надлежните служби за одржување на патната мрежа и овозможување на безбедност во сообраќајот, денес го одржаа редовниот состанок за презентирање на предвидените мерки за работа во текот на сезоната 2012/2013. Овој состанок кој го организира Секторот за внатрешни работи од Охрид е во очи зимската сезона која официјално започнува на 15ти Ноември. Една од целите на состанокот е и ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика. „Во ра…

Ное 8, 2012

Каде ќе се контролираат Охридските бродови?

Бродарите, иако дозволите им важат до 2014 год, на година и пол мора да направат контролен меѓупреглед на своите пловни објекти.  Меѓупрегегледот треба да го направи меѓународната групација Бироверирас, но стручните екипи ќе присигнат на покана на сопствениците на пловните објекти.„До април месец секој од бродарите мора да обезбедат термин и да ги повикаат од Бироверитас  за да направат контролен меѓупреглед, бидејќи серификатот е на три годиним, а меѓу прегледот е на година и пол, со толеранција плус, минус шест месеци. Самите бродари ќе си го повикуваат класификациското друштво кој ќе нап…

Ное 7, 2012

Модна ревија на учениците од Христо Узунов со фустани од хартија

Учениците од ОУ Христо Узунов се приклучија во големата еколошка акција која охридските основни училишта ја спроведуваат по повод Светскиот ден на акцијата и на еко-училиштата. Собираа отпадна хартија и пластика, за од нив да успеат да направат фустани, шапки и костими. Децата, заедно со нивните родители, баби, дедовци и предметни наставници, ја употребија својата фантазија, па со изработените модни парчиња, организираа и убава ревија. Еве што ни кажаа дел од нив:„Мене многу ми беше лесно, три дена ги збиравме овие.“„Мене ми беше лесно да ги собирам отпадоците и сакав да направам фустан и г…

Ное 7, 2012

И Локалната свечено го пушти патниот правец Лескоец-Скребатно

Локалната самоуправа на општина Охрид, предводена од градоначалникот, Александар Петрески, како дел од чествувањата по повод 7ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, денес свечено го отвори патниот правец Лескоец-Скребатно. Градоначалникот Петрески, пред Лесковчани ја пресече црвената лента на овој пат кој минува низ самото село и води до излетничкото место Скребатно. Ова е второ свечено отворање на истиот патен правец за период од месец дена. Првиот пат, него свечено го пушти во употреба владината делегација по повод Денот на револуционерната борба, 11 Октомври. Петрески пак вели, ов…

Ное 7, 2012

Свечено пуштени во употреба неколку реконструирани улици во Воска

Свечено пуштени во употреба неколку реконструирани улици. Станува збор за улични мрежи претежно во населбата Воска. Од локалната самоуправа велат дека изминативе два месеци  интензивно работеле на реконструкција на пет улични мрежи, кои свечено се пуштија во употреба на денот на ослободувањето на Охрид. „Реконструкцијата се однесуваше на веќе изградени улици, каде се вршеше реновирање на асфалтната подлога  со гребење на асфлтната база и повторно асфалтирање“, вели раководителот на одделението за комунален развој и сообраќај Зоран Шикалески.„Мислам дека за сите овие улици пет набројани се р…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top