Ное 14, 2012

Дваесетина деца од земјите на поранешна Југославија доаѓаат на гости во Охрид

За прв пат во градов се организира повеќедневен камп на деца од неколку градови од поранешните ЈУ простори. Основното училиште Св. Климент Охридски интензивно работи на подготовките на овј камп кој треба да се одржи од 4 до 8 декември, во неделата кога се одбележува и патрониот празник на ова училиште, но и на градот. Кампот го носи името  Боите на светлината, а на него ќе учествуваат деца од четири градови и тоа Пиран од Р. Словенија, Котор Р. Црна Гора и Кикинда и Белград, Р. Србија. Се очекува да пристигнат околу 20 деца заедно со своите ментори. Учениците ќе бидат сместени кај своите др…

Ное 14, 2012

Напролет ќе биде готова улицата Мите Богоевски

Завршена е првата фаза на ул Мите Богоевски. А втората фаза се очекува да биде готова до напролет. Со тоа оваа улица ќе биде целосно комплетирана согласно сите стандарди, вели одговорниот на Фондот за Комунален развој Емин Селман. Раководителот, кажа дека веќе пристапуваат кон проектирање на улиците согласно ДУП от и уште денес очекуваат да го добијат изготвениот проект. „Се предвидува Мите Богоески да е со ширина од 10 метри со тоа што коловозната лента ќе биде со ширина од 6 метри и пешачките патеки ќе бидат со ширина од 2 метри. И ќе се постават нови рамници и нови пешачки патеки. Во ово…

Ное 13, 2012

Кој-по што, е најмногу познат во Советот на општина Охрид?

Предлог одлуките по кои советниците дискутираат, додатно знаат да ја вжештат атмосферата. Советничкиот микрофон се чини најмногу го љубат координаторите на двете најголеми политички партии, Томислав Тунтев од СДСМ и Дејан Паноски од ВМРО-ДПМНЕ кои имале најмногу излагања од сите останати советници. По нив следуваат советниците Јованка Дамоска-Секуловска, Јоне Станкоски, Љубен Буџакоски, Борис Стефаноски и Величе Маркоски. А пак срамежливи пред микрофонот се советниците Александар Попоски, Кирил Пецаков, Џемал Рахман и Љупчо Настоски. Тие, во периодот од 43та до 49та седница немале ниту едно…

Ное 13, 2012

Не им се провидели на сообраќајните огледала

Нови докази за сообраќајната некултура на некои наши сограѓани. Обидите на локалната самоуправа за зголемување на безбедноста во сообраќајот, се чини не се доволни за да ги преживеат охриѓани. Од Одделението за комунален развој и сообраќај велат дека во изминатиов период со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот пристапиле кон поставување на заштитни огради, забавувачи на движење, хоризонтална и вертикална сигнализација на критичните точки во градов. Покрај тоа на шест локации низ Охрид поставиле и огледала кои треба да ја зголемат прегледноста во сообраќајот на неколку точки, и тоа …

Ное 13, 2012

Премногу административни обврски, премалку време за учениците

Охридските просветни работници жестоко реагираат на се поголемиот број административни обврски кои им ги наметнува Министерството за образование. Нивното осумчасовно работно време повеќе поминува во пишување на административни забелешки, пополнување на електронскиот дневник, во подготвување на дневната програма и правење тестови отколку во квалитетни предавања и посветеност кон учениците, велат тие. Затоа преку регионалниот одбор на СОНК секојдневно реагираат до Министерството за образование, Бирото за развој и Државниот просветен инспекторат со цел да се најде начин да се растеретат од ови…

Ное 13, 2012

Општината ќе ги помага социјално ранливите охриѓани

Со парични олеснувања општина Охрид ќе ги помага ранливите категории  охриѓани. Наскоро ќе им ги надополнува давачките за сметки на трите општински јавни претпријатија Проаква, Комуналец и Нискоградба. Висината на субвенцијата за трошоците за комунални услуги ќе биде во висина од 600 денари. Од овие средства 300 денари се предвидени  за сметките за потрошена вода за пиење, и по 150 денари за сервисните услуги за ѓубре и канализација.  Општината само на  овој начин може законски да им помогне во  ублажување на  издатоците на граѓаните кои се наоѓаат во потешка социјална состојба, информира С…

Ное 12, 2012

Алармантни деформитети кај новата генерација основци

Откриени нови деформитети на мускулно скелетниот систем при преглед на новата генерација петтодделенци.  Новите испитувања се поалармантни од претходните спроведени во охридските основни училишта пред 6 месеци, вели Јован Каланоски, кинезитеравпет, вклучен во проектот за откривање на деформитетите кај основците заедно со група професори по физичка култура и образование, поддржан од Локалната самоуправа. Само кај три до четири деца од секој клас не се евидентирани девијантни промени на мускулно скелетниот систем.„ Има доста пораснат процент на деформитети кај децата, лесни но нешто треба да …

Ное 12, 2012

16 годинишниците од јануари ќе можат да полагаат за возачка дозвола

Малолетниците за нешто повеќе од еден месец ќе може да управуваат со авомобили, се разбира ако ги совладаат сообраќајните правила. Оваа измена на Законот за безбедност на сообраќајот беше изгласана на владина седница пред точно една година.   Од автошколите ја поддржуваат оваа владина одлука и велат дека постарите малолетници, заслужуваат ваква можност, затоа што многу трезвено и одговорно ја прифаќаат оваа обврска. „Од следната година ќе можат да полагаат за возачка и од Б категорија и лицата со наполнети 16 години со тоа што за нив ќе има зголемен фонд на часови и времето на управување ќе…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top