На вратата на охридскиот центар за социјални работи доаѓаат нови баратели за користење на народната кујна. Засега бројот на социјално загрозените лица кои ги згрижува државата обезбедувајќи им еден оброк е 80 лица, вели директорот на Центарот Екрем Каљоши. „ Има нови баратели за користење на народната кујна, но за жал бројот не може да се зголемува. Се надеваме во иднина ќе има повеќе разбирање. Сега измените на корисниците се вршат доколку некој од корисниците го изгуби правото на социјалната парична помош или на постојаната парична помош“, појаснува првиот човек на центарот за социјални …
Општина Охрид се подготвува за достојно одбележување на Св. Климент Охридски – патронот на градот. Свечени програми по повод Св. Климент Охридски подготвуваат локалната самоуправа во соработка со Средното училиште кое го носи името на заштитникот на Охрид, но и основното училиште Св Климент Охридски кое свечената програма ја подготвува ден пред одбележување на овие активности е и паркот на пријателството во кој парк дрва ќе посадат претставници на градовите кои ќе не посетат. Претставници на училиштата бидејќи тие имаат гости од поранешните ЈУ простори така да овој парк ќе прерасне во парк …
Изработки од дрво, резби, икони, орнаменти, декорации, охридски бисери, накит, филиграни. Ова се само дел од прекрасните рачни изработки кои охридските занаетчии можат да им ги понудат на туристите, биле домашни или странски.
Од денес, и официјално ваквите рачни изработки се достапни насекаде низ светот со само еден клик на вашето глувче. www.macеdonian-handicrafts.mk e веб страната на првата интернет продавница за рачни изработки во Охрид, а втора во државава.„Идејата е да се промовира занаетчиството како гранка која што е во изумирање, односно е слабо застапена во Македонија, и можност за…
Студенчишкото блато кое претставува своевидна реткост и богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува од денес. Со проектот предвидено е да се постават границите на блатото и да започнат градежните работи. Ќе се прават патеки од природен материјал со што блатото ќе се поврзи со езерото во онаа природна конекција што веќе ја има, вели Дејан Пановски од билатералниот секретарјат за заштита на езерото.Планирано е во овој природен резерват да бидат изградени и набљудувачници од каде туристите, но и научн…
Охридските зографи се прочуени по нивната умешност, по убавината на нацртаните фрески и икони кои ги красат нашите цркви. Оваа, по малку заборавена уметност ги пронајде своите возобновувачи. Млади, талентирани уметници, со стручна наобразба во уметничките центри во Белград, Софија, Букурешт, со својата мирна рака ги сликаат делата достојни на нивните надалеку познати претходници. Дел од нивните дела се изложени во Куќата на Робевци.„Во разговори со младите уметници, дојдовме до заклучок дека е паметно да се направи една таква изложба, и оваа изложба е трета по ред. Првата беше посветена на …
Забрзано се работи врз реконструкција на спортската сала во Велгошти. Во моментов се работи на ентериерот на салата, а се освежува и фасадата. Агенцијата за млади и спорт ги финансира градежните работи кои се одвиваат според планот кој што го најави директорот Лазар Попоски, при неговата посета на објектот во месец јули. Ставањето во функција на објектот ќе има големо значење за учениците од ОУ Живко Чинго и за спортските екипи. Агенцијата за млади и спорт има склучено договор со општината и со ОУ „ Живко Чинго“, вели Серафима Наумоски, од охридската Локална самоуправа. Согласно до…
Процесот на децентарализација тапка во место, тврди градоначалникот Александар Петрески. Без локален развој нема подобар животен стандарад, додава тој. Децентрализацијата беше најважниот процес кој требаше да се случи во државава, но за жал тој се реализира само на хартија, категоричен е Петрески. Градоначалникот потенцира дека доказ за се поголемата централизација е и тоа што земјиштето кое општината само пред неколку месеци го доби на управување им е одземено пред неколку недели. Зa неговата судбина повторно ќе решава државата. „Тоа ме потсетува на национализацијата на земјиштето која се …
Редот и мирот во охридските основни и средни училишта е на високо ниво. Оваа година биле регистрирани само 3 помали инциденти, 2 во средните и еден во основните училишта. Советодавната група граѓани составена од психолози, педагози од средните и основните училишта, полицијата, невладини органзаиции и центарот за социјални работи се задоволни од безбедносната состојба во охридските училишта. Ситуацијата е резултат на преземените превентивни мерки, укажува портпаролот на СВР, Стефан Димоски.
„ Улогата на агенциите за обезбедување е крајно поволна Очекувано е оваа мерка да биде и понатака …