Рано Утрово МВР го уапси комадирот во Полициска станица за граничен надзор на Охридското езеро, 40 годишниот Д. Клечкароски поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување. Како што информираше директорот на бирото за јавна безбедност, д-р. Љупчо Тодоровски акцијата „Пента“ ,МВР ја реализираше по спроведена повеќемесечна истрага од страна на Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Покрај Клечкароски Одделението за финансиски криминал до Основно јавно обвинителство кривични пријави поднесе и до Н.Т. (23), К.Б. (4…
Потенцираа дека доколку градоначалникот не ги почитува препораките на инспекторатот и издаде дозвола за градба, ќе следува кривична пријава. Неправилностите во врска со урбанистичкиот план за Коњско, дел од туристички комплекс Св Стефан, кои ги утврдил Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво се само доказ дека овој ДУП незаконски бил донесен, обинуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Од ДПМНЕ потенцираа дека во неколку наврати укажувале токму на тоа.„Петрески насилно го истурка планот за комплексот Св.Стефан без да води сметка за Охрид и за самиот инвеститор. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ги подржувам…
Љубителите на ракометот ги очекува вистинска ракометна бајка. Ветераните на охридскиот ракомет и сегашните сили на ракометниот клуб Охрид 2011 ќе водат тешка ракометна битка. Дуелот на титаните ќе го играат од најстари до најмлади.
На овој натпревар ќе настапат членови од првите ракометни клубови во Охрид од екипите на „Галеб“, „Полет“ и „Локомотива“ па се до најмладите јуниори од школите на „Седмерец“ и ракометниот клуб „Охрид 2011“.„Сите оние кои на некој начин допринесле да живее ракометот во Охрид, ќе се соберат на едно место, со една хуманитарна цел. Ќе одиграат еден ревијален натпрев…
Градоначалникот Александар Петрески тврди дека во врска со изготвувањето и донесувањето на ДУП за дел од туристичкиот комплекс Св Стефан исполнети се сите законски прописи. Тој смета дека реакцијата од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам има политичка позадина. „Јас стојам цврсто на ставот дека е направено се согласно законските прописи и дека сето друго што се обидуваат советниците на ВМРО- ДПМНЕ да го направат е кочење на развојот на Охрид и спротивно на законските прописи. Најавив и тогаш некои кривични пријави веќе се испратени за сите тие, за некои се спремаат сега, зна…
Урбанистичкиот план за изградба на хотел вон населено место за Коњско дел од туристички комплекс св Стефан под лупа на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.Од Инспекторатот при спроведената контрола утврдиле низа неправилности. Деталниот урбанистички план отстапувал од одредбите пропишани за донесување вакви планови односно во текот на постапката планот бил изготвуван во спротивност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и истиот не бил во согласност со Генералниот урбанистички план.
Поради овие причини Државниот инспекторат му укажува на Градоначалникот на Охрид…
Во четирите денови колку што ќе трае кампот учесниците во истиот ќе разменуваат искуства, но и ќе разговараат за зајкнување на Унесковата мрежа на збратимени училишта. Организаторите на кампот велат дека горди се што и покрај лошите времески услови, сепак сите пријавени учесници пристигнале и се дел од кампот, поточно гости на Св. Климент се ментори и ученици од четири училишта од Пиран – Словенија, Кикинда – Србија, Котор – Црна Гора и од Скопје – Македонија. Домаќините задоволни од одзивот, а гостите уште позадоволни од приемот во Охрид.„Ова училиште е вклучено во меѓународни проекти на…
Охридските интернисти одлично си ја познаваат својата работа. Тие денес беа пофалени од Проф. Д-р Татјана Чапароска субспецијалист пулмолог, која деновиве пресојува во нашиот град, поточно во охридската општа болница. Д-р Чапароска во нашиот град е испратена од страна на Министерството за здравство со цел, таа, на помладите доктори да им пренесе дел од своите искуства. Чапароска задоволна од приемот на целокупниот персонал, како и од организационата поставеност на интерно одделение во општата болница.„Помалку имаме пациенти кои се испраќаат од центрите како што е Охрид, заради тоа што смет…
Свети Климентовата награда годинава во рацете на истакнатиот поет Славе Ѓорго Димоски. Ова највисоко општинско признание, наградата Патронот на градот – Св Климент Охридски, на Димоски му е доделена за неговиот особен придонес во современата македонска литература и поезија. На денешното претставување на имињата на годинешните лауреати, градоначалникот Александар Петрески истакна дека Свети Климентовата награда ќе биде врачена во вистинските раце на едно маркантно име во литературата, кој зад себе има над триесет годишен поетски и есеистички опус.„Творештвото на Славе Ѓорѓо Димоски е меѓуна…