Дек 13, 2012

Локалната без греење

Познато е дека Локалната самоуправа и подрачните единици на министерствата користат иста зграда. Според општинскиот гласноговорник Симон Илиевски во однос со обезбедување на нафтени деривати за време на грејната сезона постоел меѓусебен договор меѓу Локалната и државните подрачни единици, за тоа со која динамика треба да се финансира обезбредувањето со нафта, кој колку троши според квадратурата на работната површина со која располагаат. Договорот не бил испочитуван бидејќи министерствата до сега не си ја исполниле својата обврска поради која не само локалците туку и нивните службеници мрзна…

Дек 13, 2012

Пререгистрација на невработени

Колкав е бројот на невработени кои активно бараат работа? Тоа ќе се утврди во наредниов период бидејќи заклучно со 21 декември годинава ќе се применуваат новите измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност кои стапија на сила на 22 септември 2012. Директорот на охридскиот Центар за вработување Јован Баткоски, вели дека измените се состојат во воведување на нов начин на евиденција на невработените лица.„Агенцијата за вработување ќе воведе два нови регистри на невработени лица. Во првиот регистар ќе бидат вклучени невработените кои активно бараат  вработување. Тие…

Дек 12, 2012

Славна Дебрца не функционира

Селата од Дебрца отсечени од цивилизација.Мештаните  гневни на ЕВН. Покрај тешко продните патишта од снежните наноси кои деновиве го зафатија овој крај, капак на се е немањето струја но и мобилна телефонија. Дење излегуваме да ја видиме светлината на сонцето, бидејќи долгите ноќи ни се мрачни без струја, се жалат мештанит на оваа месност. „Овој живот е кучешки во седмиот век луѓето поубо живееле отколку сега. Да немаш струја то е катастрофа, до вчера бевме отсечени поради снегот. Никој ЕВН доаѓа само кога треба да исклучат, а сега ги нема неможат да го најдат дефектот. „Никако не живееме по…

Дек 12, 2012

Управата за јавни приходи ја промовираше услугата е – даноци

Даночните обврзници кои според Законот за даночна постапка се обврзани да го користат системот на е-Даноци, должни се најдоцна до 31 декември 2012 година да се регистрираат на е-Даноци, односно да мигрираат од стариот на новиот систем на е-Даноци. Токму поради оваа промена преставници од регионалната дирекција од Битола пред сметководителите во Охрид извршија презентација на системот е  – Даноци. Системот за електронско поднесување на даноци во Управата за јавни приходи функционира повеќе години, но од 01 јануари  следнава година поднесувањето на ДДВ 04 треба да се поднесува законски. Проме…

Дек 12, 2012

Студентите од ФТУ со дипломи под рака-кон иднината

Околу двеста студенти од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, денес зачекорија кон својата иднина. По неколкуте години стручна наобразба, денес ги добија своите дипломи како сведоштва за вложениот труд. Имаше и додипломци и новопечени магистри, секој со своите планови за иднината. Очекувањата позитивни, исто како поминатото искуство во текот на студентските денови. Сега, пред нив стојат нови предизвици.„Во иднина очекувам дипломава да ми донесе многу успех, за да можам понатака да продолжам со дипломава. Образовниот процес одеше многу добро, многу научивме тука. Се надевам дека в…

Дек 12, 2012

Охрид окован во мраз

  Охрид окован во мраз. Снегот кој наврна го парализира градот, велат граѓаните. Тие додаваат дека тешко се движат по неисчистените коловози и тротоари кои поради натапканиот снег се претворени во лизгалници. Не можеме ниту до продавница да одиме, а се плашиме и нашите деца да ги пуштиме на училиште, вели една наша сограѓанка која својот револт го искажа јавувајќи се во нашата редакција. Особено реагираат жителите од периферните делови на градот кои се жалат дека се потполно заборавени. Надлежните излегуваат со изјави дека максимално се ангажираат и чистат, но ние не сме слепи, состојбата е…

Дек 11, 2012

Врвен офталмолог од Србија престојува во Охрид

Ставена во употреба новата современа апаратура на офталмолошкото одделение во Охрид. Дел од таа апаратура е и  најмодерниот и најсовремен ласер, на кој деновиве работи, а воедно и го обучува персоналот, истакнатиот професор д-р Светислав Миленковиќ. Професорот доаѓа од Србија поточно од Клиниката за офталмологија, која од 1999 година работи по примерот на реномирана лондонска клиника. „Тренд во европската современа дијабетологија е врската помеѓу интернистот како основен столб на се, и останатите специјалности пред се офталмологијата, неурологија и нефрологија за да се постигнат добри резул…

Дек 11, 2012

Секнаа средствата од ЕУ за партнерство со соседна Албанија

За невладините организации, јавните претпријатија, факултетите и  општините секнаа парите за партнерство со соседна Албанија. Одлуката да се пренаменат средствата од ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Албанија ќе има сериозен финансиски удар врз институциите за кои беа наменети. Неискористените средства од програмата за 2012 и 2013 година  ќе бидат пренаменети  за уредување на граничните премини во Дебар и Табановце, информира Гоце Симоноски, раководител на Тлер и  член на Мониторинг Комитетот. „ Реагиравме по однос на ова прашње до заедничкиот комитет за програмата з…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top