Основците од „Братсво Единство“ преку музика и игра, како што умеат само искрените детски срца, ја искажаа благодарноста кон донаторот на новогодишните пакетчиња за нивните другари , децата од ранливите социјални семејства. Пакетчињата на кои се радуваат сите деца во светот им ги подарија од невладината , хуманитарна организација Адра. Драгослав Кушески, од НВО „ Адра“, вели дека три години соработуваат со донаторите на новогодишни пакетчиња. „Ова се пакетчиња кои ги подготвиле германски семејства. Ниедно пакетче не е исто, се подготвуват со голема љубов за децата во Македонија“, кажу…
Претпладнево рампите кај Поштата и пред Охридската капетанија беа извадени, а апаратите кои ги придвижува се облепени со леплива лента. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во телефонскиот разговор ни кажа дека рампите се тргнати со цел за време на престојните празници да се овозможи побрз проток на автомобили и луѓе во центарот на Охрид. Тој кажа дека до Нова Година и за време на празниците ќе се пристапи кон нов начин на наплата на паркирањето.
Градоначалникот додаде дека локалната не се откажува од идејата после празниците во центарот да не се наплатува за паркинг. Тој е кате…
Караван со пакетчиња за децата со посебни потреби, насловен „Тинекс, ти и јас“ и Дедо Мраз пристигна во Охрид. Овој каравам предводен од Дедо Мраз во следниве две недели ќе подели 1500 новогодишни пакетчиња во училишта и установи кои згрижуваат деца со посебни потреби и од ранливи групи низ државава. „Овој новогодишен караван го спроведуваме прв пат оваа година и е дел од платформата Тинекс ти и јас и е логично заокружување на сите донации кои ги имаме реализирано во текот на изминатата година во областа на здравството, образованието, културата, спортот. Караванот ќе помине во 11 градови и …
Субвенционирање на охридските станоиздавчи, изградба на трговски центар, модерно пристаниште, катни гаражи, затворен зелен пазар и индустриска зона, се само мал дел од развојните проекти за Охрид, кој ги најави кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, кардиологот Никола Бакрачески. Охрид мора да биде симбол на прогрес на иднината и сиот мој капацитет и знаење ќе ги ставам во функција на својот град и граѓаните, рече д-р Бакрачески. Како кандидат за градоначалничката функција на престојните локални избори очекува максимална коректност.„ Сакам да ја споделам мојата желба за ф…
Младите се движечката сила на промените, особено во спортот. Иако состојбите во македонскиот спорт се онакви какви што се, се чини има некаква надеж за сето тоа да се промени. Токму унапредувањето на македонскиот спорт е целта на новоформираното здружение Центар за едукација и менаџмент во спортот. Нивниот претседател, Бојан Захариев, па и сите негови соработници сметаат дека развојот на спортот започнува токму од младите и од раната училишна возраст кога децата се определуваат за некој од спортовите. Но по основното образование, оваа пасија и оваа врска со спортот некако нагло изчезнува.„П…
Иванка и Бруно Гигер во дворот на нивната семејна куќа во населбата Радојца Новичиќ направија магична новогодишна атмосфера. За да го оживеат празничниот дух, го украсија својот дом. На вредниот брачен пар му биле потребни 8 дена, многу лампиони, новогодишни реквизити и над 500 метри сијалички и светлечко црево. Повеќето од реквизитите ги имаат со години и секоја година ги надополнуваат со по некој нов украс, објаснува Иванка. Оваа идеја започнала од нивните деца во Швајцарија каде што брачниот пар живеел повеќе од 20 години, а сега тие го продолжуваат обичајот тука во Охрид, раскажува…
Куратица, Опеница, Завој, Плаќе, Речица, Свињишта Тие се повеќе од една недела немаат струја и телефон. Жителите се видно револтирани и на игноранскиот однос на вработените во ЕВН и велат дека доколку ништо за брзо време не се промени, ќе штрајќуваат пред подрачната служба на ЕВН во Охрид. „Ова е катастрофа. Немаме телефон, немаме струја. Како што прашуваме во ЕВН редовно се бранат дека има многу дефекти, но таму каде што нема такви катастрофи треба да се повлечат луѓето и да се среди оваа работа. Св Никола ни е наврата и изгледа дека за овој големпразник ќе останеме без струја, што би …
Мал број охриѓани ќе ги дочекаат новогодишните празници во странство. Во агенциите во градов се нудат интересни аранжмани, но интересот кај нашите сограѓани е мал. Причини за тоа има повеќе, велат туристичките работници. Најголема секако е економската криза, но и старите навики на охриѓани во последен момент да се одлучат каде за најлудата ноќ, вели Елида Битрак од туристичката агенција „Елидатурс“.Битрак кажува дека најинтересни дестинации за охриѓани се оние кои се во близина на нашата земја. Интерес има и за Истамбул. Овој аранжман чини 6800ден, а во него се вклучени две ноќевања и раз…