Ќе продолжи редовното пријавување на секои 30 дена (за активните баратели на работа) односно на секои 6 месеци (за другите лица кои бараат работа), почнувајќи од 15.09.2020 година, за што веќе се испратени смс пораки до невработените лица, со точниот датум кога треба да се пријават во надлежниот центар за вработување или дисперзирана канцеларија.
Невработените лица кои немаат оставено точен контакт телефонски број, ќе можат да се пријават во наредните 30 дена. Задолжително треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за спречување на ширење на вирусот КОВИД 19, односно…
Во рамки на активностите посветени 1 октомври, Меѓународниот ден на стари лица, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Чувајте се, за ние да бидеме среќни“.
На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца со дела од поезија, проза и ликовна уметност.
Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, започнувајќи од 15 септември, а најдоцна до 28 септемвр…
Александар Китески е назначен за нов секретар на општина Охрид.
Голема е одговорноста којашто денеска ја добив од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, Д-р Кирил Пецаков да ја извршувам функцијата Секретар на Општината. Гарантирам и се обврзувам пред Охриѓани на чесна и одговорна работа, посветеност, ред и дисциплина. Општинската администрација го заслужува тоа затоа што нејзините атрибути се стручна, професионална и одговорна администрација. Нашата цел е истата да биде ставена во функција на народот, затоа што Охрид и Охриѓани го заслужуваат тоа – напиша Китески на својот фејсбук …
По еден мал застој поради Ковид -19 НУ Библиотека во рамките на Годишната програма отпочна со збогатување на книжниот фонд.
Од недела во недела континуирано како што Одделението за обработка ќе го заврши својот дел од работата ви ги преставуваме новите наслови кои ќе можете да ги побарате и да ги прочитате ако сте член на установата.
Од овој месец достапни се хрониките на Боб Дилан, „Разделба“ на Силвија Арси, „Килибар и свила на Неџма, „Голмите скиачи“ на Меодија Фотев и многу други.
Црвениот крст во соработка со ЛДС црквата од Америка обезбеди средства за хигиена, заштитни маски, ракавици, визири.
Општинската организација на Црвен крст од Охрид, материјалите ги додели за потребите на Одделението за гинекологија и акушерство при Општата болница во Охрид.
Во текот на изминатото деноноќие (14/15.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 600 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Од почетокто на пандемијатa досега пораснал бројот на охриѓани кои се пријавиле како активни баратели на работа, информираат од охридската Агенцијата за вработување. Во моментов, во евиденцијата на активни баратели на работа се регистрирани лица кои останале без работа како последица на економската криза од пандемијата , но се пријавиле и лица кои биле пасивни баратели на работа. На пазарот на трудот во Охрид, во месец март биле е евидентирани 2858 лица кои активно бараат работа. Во моментов, пак, во агенцијата за вработување има 3.600 активни баратели на работа, инфромира Пецо Павлоски дир…
Одржан е состанок со сопствениците на недвижен имот и здружението „Чекоштина Урбан“. Повторени се барањата упатени до Локалната самоуправа пред 9 месеци , за кои добиле ветување, но досега нема ништо од реализација на некое од трите испорачани барања, велат од Здружението. Жителиет бараат изградба на патна мрежа бидејќи Алтанин мост станува опасен за користење, поставување на улично осветлување и уличен систем со адреси, вели Ванчо Огненов од здружението Чекоштина урбан. Барањата се дополнети со неколку нови приоритети за жителите од населбата. Важно е што поскоро да се изведе и основната к…