Дознаваме дека тендерот кој беше објавен на 04 јануари и кој е отворен се до 12.01 2013 год. е направен со одлука на советот на 05.дек. 2012 год. и студијата изработена од страна на одделението за комунален развој и сообраќај.Раководителот на одделенито за сообраќај, Зоран Шикалески објаснува дека во тендерот покрај добро познатите паркинг места, вметнати се и нови. Станува збор за местата кои преку цела година привлекуваат посетители и околу кои има многу автомобили, како што е улицата 7 ми ноември во делот кај новоотворените маркети.Согласно изработената студија утврдени се три зони за па…
Ќе се плаќа или нема да се плаќа за јавно емитување на македонска музика? Сеуште нема разрешница на ова прашање, а во меѓувреме, кај медиумите се поголем отпор против Македонската музичка индустрија, здружението кое наметна нова давачка за сите оние кои јавно ќе емитуваат македонски фонограми. Атмосферата уште повеќе ја вжештија националните медиуми, откако деновиве јавно покренаа иницијатива за одземање на дозволата на ова новоформирано здружение. Вчера трите национални медиуми, Сител, Канал 5 и Алсат-М, ја добија подршката и од останатите свои колеги.„Вчера во Битола донесовме генерален с…
Студентите на Универзитетот Св. Апостол Павле следеа предавање на Д-р Јаков Чакарески. Стружанецот д-р Чакарески е млад македонски научник за електротехника и компјутерско инжинерство, предавач и истражувач во швајцарскиот водечки технички универзитет. Професорот Чакарески допатува од Федералниот политехнички универзитет во Лозана каде што спроведува истражувања, држи предавања и ја надгледува работата на тамошните студенти. Професорот за својот ангажман во Охрид вели дека е значаен бидејќи техниката се движи многу брзо. Чакарески укажува на значењето на предавањата кои помагаат за размен…
Се ситнат деновите до еден од најголемите православни христијански празници-Богојавление-Водици. Охрид ги прави последните подготовки околу самата организација како би им понудил на сите верници, туристи и посетители незаборавно доживување.
Димитри Пендоски, од организациониот одбор на здружението „Богојавление“ вели дека тие нивните подготовки за оваа манифестација ги прават во текот на целата година. Пендоски изрази благодарност до кумот за водици 2012та, проф. Д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот придонес во оваа значајна манифестација, а со своите активности започна и овогодишениот кум, Сто…
Ангел Коруноски од Велес е авторот на делото „Фаќач на крст“. Станува збор за уметникот кој треба да ја изработи скулптурата од бронза, маж кој високо над главата држи свет крст, која треба да биде поставен на просторот помеѓу охридското пристаниште и котвата, поточно на местото од каде капачите тргнуваат по светиот крст за големиот христијански празник Богојавление – Водици. Оваа одлука ја донесе Одборот за подигање на спомен обележја при Локалната самоуправа Охрид. „Направивме вистински избор, пред нас е еден импозантен автор кој пред се е докажан во земјава“, вели Душко Јаковчески, претс…
Едриличарите од охридскиот клуб „Бофор“ изминатава година со своите едрилици пловеа низ многу води. 2012 година воглавно ја сметаат за успешна година, пред се поради своите бројни настапи. По одредени класи, едриличарите од „Бофор“ зеле учество и на европски и на светски првенства. Тоа учество го сметаат за драгоцено искуство за во иднина. Освен што учествуваат со свои едра, тие се покажаа и како добри домаќини.„Организацијата на Илинденската регата оваа година беше во помал обем, поради помалото присуство на гостите од другите држави бидејќи беше и олимпијадата во Лондон. Можам да кажам де…
Експресно завриши продолжението на педесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид. На седницата беа усвоени одлуките за програмите за работа на ЈП “Охридски Комуналец“ и ЈП “Градски гробишта “ за 2013 – та година. Директорот на Комуналец вели дека програмата за работа на ова претпријатие за 2013та се надоврзува на онаа од 2012та. И оваа година ќе се работи на подигање на јавната чистота па за таа цел многу скоро низ целиот град ќе бидат поставени канти за отпадоци.Сашо Алче вели дека и оваа година продолжуваат со реализација на проектот „Охрид град на цвеќето“ а ќе го прошират во дел…
Охриѓани денес се потсетија на нивниот сограѓанин,Иван Точко кој е еден од основоположниците на повоената македонска литература. Тој е препознатлив по неговиот уникатен и динамичен стил, а критичарите го нарекувале и последниот македонски литературен романтичар. Но, за жал неговото име денес како да е подзаборавено, вели писателот Мишо Јузмески.Со цел да не се заборави делото на Точко денес на неговиот роденден, во културниот центар „Култура 365“ се одржа литературни читање. Писателот Тоде Илиевски рече дека оваа идеја е за поздравувањеНа литературното читање беше присутен и неговиот внук, …