Време е за годишните извештаи на фирмите за исплатени приходи во изминатата година. Полека се ближат крајните рокови за поднесување на добро познатите обрасци ПДД-ГИ до подрачното одделение на Управата за јавни приходи во Охрид. Во овој образец, правните лица, односно фирмите треба да ги пријават бруто-приходите на даночните обврзници, платениот персонален данок на доход и придонесите, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година по повеќе основи.
Тука влегуваат нето-приходите по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни…
На граѓанскиот парламент синоќа се зборуваше за демократијата и за тоа колку ја има во Македонија за случувањата во здравството, новинарството и како што беше кажано недемократичнота во однесувањето на централната власт према локалната власт во Охрид со одземање на ингеренции. Сепак најголемо внимание кај присутните привлече изјавата на градоначалникот кој законот за туристички зони го нарече најава за повторна национализација на имот на граѓани, црквата и на имот на општина Охрид.„Се донесоа такви закони со кои национализација која беше од 1946 год е многу помала од она што сега го прави…
Министерството за култура ги објави проектите кои ќе ги подржи годинава. Најмногу пари вообичаено од колачот издвоени за завод и музеј Охрид. „Аплициравме со многу повеќе проекти, но со оглед на кризната ситуација, мораме да сме задоволни со ова што го добивме. Одобрените пари претежно се однесуваат за продолжување на започнати проекти“, вели директорката Тања Паскали Бунташеска. Бунташеска открива дека годинава ќе се конзервира ранохристијанската базилика на локалитетот Манчевци, за кој потпорните ѕидови беа изработени минатата година. Годинава според плановите овој локалитет треба комп…
Подобро да се спречи отколку да се лечи. Така некако можат да се опишат последните препораки на Комисијата за следење на сезонскиот грип. На нивна препорака, Државниот санитарен и здравствен инспекторат до сите образовни институции достави решенија со предлог мерки за заштита од сезонскиот грип. Бидејќи дечињата се најподложни на грипот, а и работат во големи друштвени средини, со крајот на нивниот зимски одмор, овие мерки и тоа како се важни за нивната заштита.„Предлагаме да се засили хигиенизација во училиштата и предучилишните установи, редовно користење на течен сапун, редовно проветрув…
Охрид понапред. Ова е насловот на изложбата на документаристички фотографии на нашиот сограѓанин, Никола Митровиќ. Низ 35 фотографии на места и објекти низ градов фатени низ објективот на фотоапаратот пред петнаесетина години и денес може да се види како градот растел и се менувал низ времето. Митровиќ идејата за ваков вид фотографија ја добил од својата професија. Тој е историчар архивист, а архивистиката се занимава со документите. Митровиќ вели дека фотографијата е еден многу важен документ од кој можат да се добијат многу податоци.Промоторот Зоран Велјаноски Летра вели дека Охрид е град…
„Состојбата на улицата „Петрино“ е тешко да се опише со зборови. Најдобро е да се види лично. Ако и покрај Вашите секојдневни обврски се одлучите за личен увид , за да ја поминете улицата пеш ќе Ви требаат повисоки чизми ,а ако тоа одлучите да го направите со возило тогаш тоа направете го со теренско возило“, со овие зборови жителите на Петрино му се обраќаат на градоначалникот Петрески. Откако кон крајот на мај почнала да се раскопува оваа улица која претходно била асвалтирана и тоа со пари на граѓаните, тие имаат голем проблем кој никако да се реши. Градежните работи на „Петрино“ ги спро…
Охриѓани слабо заинтерсирани да дадат поддршка на народната иницијатива Аман за измени во Законот за енергетика. Охриѓани во споредба со граѓаните од останатите градови во земјава не покажале голем интерес да ја поддржат иницијативата. Со таквиот однос одаваат впечаток на слободни стрелци некој друг да им ја заврши работата, а тие да ги користат придобивките. Од почетокот на иницијативата за собирање потписи па досега само 256 охриѓани го ставиле својот потпис на иницијативата. Овој број е многу поголем во останатите градови како што се Битола, Прилеп , Скопје, Куманово каде се собрани …
Поставени пред околу триесетина години, фенерчињата во форма на стара охридска куќа ги осветлувале старите охридски сокаци. Се сметаат за заштитен знак на стариот дел на Охрид, но нив за жал се помалку ги има.
Наместо ова традиционално обележје, сега локалната самоуправа поставува обични канделабри во форма на топка. Иако првичната намена им е иста, се чини шармот на старата охридска куќа е далеку посилен.„Поставени се пред сигурно повеќе од 30 години, во меѓувреме најголемиот дел од куќите во стариот дел на градот ги обновуваа фасадите или ги реновираа комплетно куќите, а тие беа поставени…