Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпишал Правилникот за урбанистичко планирање, којшто е алатка за примена на новиот Закон за урбанистичко планирање кој е стапен на сила. Правиме сериозна регулација на просторот. Можеме да бидеме уверени и убедени дека урбанизмот ќе биде вистинска алатка за вистински развој на државата, а не нешто преку кое ќе се врши узурпација на просторот. Ќе овозможиме вистински развој на урбаните средини преку рационално и хумано планирање на просторот, рече Бочварски на прес-конференција во Владата. „Повеќе не е дозволиво да се узурпира про…
Новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска на прес-конференција кажа дека фокусот е на доизградбата на автопатот Кичево-Охрид, каде иако има работи на терен тие не се според посакуваната и планираната динамика. „Продолжуваме поинтензивно со изградба на автопатот Кичево Охрид, во овој манадат целосно ќе се реконструира патниот правец Струга – Ќафасан а ќе започнеме со постапката за автопатот од Тетово до Гостивар. Истовремено вршиме проектирање за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево со што целиот западен коридор 8 ќе биде една нова модерна врска.“ – кажа минист…
Охридските станоиздавачи од мал обем ги чекаат исплатите на средства од искористените ваучери за летување од граѓаните кои ги користеле нивните сместувачки капацитети. Реагираат дека досега од министерството за економија немаат добиено исплата на средства до 5-ти во тековниот месец за искористените ваучери во предходниот. Некои од поголемите сместувачки капацитети, исто така, се жалат дека на нивните сметки сеуште нема уплати за дадените услуги. Во хотелите пред 20 дена почнале да пристигаат првите уплати ,вели Крсте Блажески прет на Хотам. Наскоро ќе почнат да ги добиваат првичните средств…
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, започнаа со спроведување на Проектот„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.
Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а е финансиран од Европската Унија и ќе трае од 01.09.2020 до 31.08.2023. Тој има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни учи…
Во текот на изминатото деноноќие (16/17.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 485 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Охридското специјализирано студио за изработка на витраж МПМ дизајн одбележува 25 години јубилеј. Студиото го раководи aрхитект, Митко Поповски, автор на голем број уметнички дела изработени во техниката витраж. Сите овие изминати години, сме ги издржале со макотрпна работа, со амбиција и ентузијазам без разлика на променливоста на времињата. Секогаш имало тешки времиња посебно за уметноста. Но, и во најтешките времиња уметноста успеала да преживее затоа што е тоа емоционална состојба на оние кои се занимаваат со таа работа, вели Поповски.
„Многу е битно за оној што создава уметност да ј…
ТВМ телевизија изминатиот период со засилена промоција на рубриката „Ти си твојот град”. Рубрика во која централното место го имаат граѓаните на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца. Лесно и едноставно пријавуваат проблеми со кои се соочуваат, а екипата на ТВМ истите тематски ги обработува во информативната програма. Во рубриката огромен број граѓани ни испраќаат фотографии за убави нешта или критики, за што добиваат и наградни ваучери.
Со овие промотивни активности, сакаме да ја анимираме и помладата популација, во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца.
Избравме повеќе угостит…
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба Деканот на Архитектонски факултет и професори од Факултетот, со претставници на Комората на овластени инженери и архитекти како и претставници од Асоцијацијата на архитекти.
На средбата, Министерот ги информираше присутните за новиот Правилник за урбанистичко планирање кој е изготвен и ќе се стави во функција идната недела.
Правилникот ги утврдува стандардите и нормативите за урбанистичко планирање со кој се обезбедува рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот преку ефикасно зачувување…