Семејствата од Дебрца чии имоти беа оштетени во земјотресот кој се случи во месец јуни минатата година, конечно ќе добијат надомест за претрпената штата. По неколкуте увиди на епицентралното подрачје кои ги направи вице премирот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и комисијата за проценка на штата при локалната самоуправа, до владата беа испратени 453 барања за финансиска помош. Од нив 6 биле одбиени, поради нецелосна документација.
Дознавеме дека комисијата за проценка на штети по увидот констатира оштетување на имотите на луѓето во висина од 24 ми…
„Ако Бранко сака избори и ако сака мерења на довербата, има мегдан и тоа многу брзо.“
Вака порача премиерот Никола Груевски на вчерашната промоција на нивната програма за настап на престојните локални избори.
Груевски го обвини лидерот на социјал-демократите, Бранко Црвенковски дека исценирал инцидент со кој опозицијата би добила алиби за спас од локалните избори.
Премиерот уште еднаш дециден околу барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните.„Утре ќе сме кажеле ќе има предвремени избори, прифаќаме. Јас не знам дали човекот мисли дека мож…
Денес е свети Трифун, познат и како свети Трипун пијаница. Овој великомаченик, е светецот кој во православието е познат по своите добри дела, скромност и верба во Христа. Свети Трифун е заштитникот на лозјето и на овошките. Токму затоа на овој ден, лозарите ги посетуваат своите лозја и ги зарежуваат сеуште незапупените гранчиња.
Ова се верува дека ќе донесе богат род, благо вино и дека ќе го штити лозјето од штетници и невремиња. По зарежувањето, стеблото од лозата се полива со вино и ракија од ланската берба. Во православното христијанство, свети Трифун е познат по чудата што ги правел. Ед…
Синоќа во преполнатата сала на центарот за култура и уште поголемиот број граѓани пред киното, кои настанот го следеа на видео бимови, визијата за тоа во која насока треба да се движи Охрид, ја кажаа премиерот на Владата на Р Македонија – Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески.„Д-р Бакрачески целиот живот им помага на луѓето. Тој само тоа знае да го прави. Убеден сум дека и како градоначалник ќе го прави тоа“, истакна премиерот преставувајќи го кандидатот за градоначалник. Груевски во своето обраќање присутните ги потсети на работи за кои …
ВМРО ДПМНЕ синоќа во Вевчани, го престави својот кандидат за градоначалник и неговата програмата за престојните локални избори. На конвенцијата прв пред присутните се обрати вице премиерот по економски прашања во владата на Р Македонија Владимир Пешевски. „Имам чест да ви се обратам од местото што е синоним за непокорот на Македонија“,го започна својот говор Пешевски и додаде дека Вевчанци најдобро знаат дека човек вреди ако зад себе остави дела. Токму поради тоа додаде вицепремиерот ВМРО ДПМНЕ работи за да оставиме дела кои граѓаните ќе може да ги вреднуваат.Пешевски во обраќањето напоме…
Невработените лица почнаа да се соочуваат со новата поделба на активни и пасивни. Сите оние кои од декември навака го посетиле Центарот за вработување со цел да се пријават, веќе добија пријави за запишување во регистарот во кои треба да се изјаснат во која група припаѓаат. Невработените на пасивната листа ќе се пријавуваат само за да имаат статус на невработени заради добивање на потврда дека се во евиденцијата на Центарот за вработување.Нема да имаат некои посебни обврски освен обврската на секои 6 месеци да се пријавуваат во подрачниот Центар за вработување.
Но доколу невработениот се од…
Сметководителите од Охрид на средба со преставници од Централниот регистар од Скопје. Целта на овие средби е да се разрешат нивните дилеми околу некои прашања од областа во која работат за да може што побрзо и поефикасно да се направат завршните сметки и да се запази законскиот рок. Трговските друштва завршната сметка треба да ја поднесат до крајот на февруари, а трговците поединци до 15 март, вели Љубинка Андоновска од Централен регистар.Претходните искуства покажуваат дека во овЗавршните сметки веќе не ќе бидат ноќна мора за сметководителите. Нивното поднесување може да се врши и он лајн….
„Дојде време да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани“. Со овие зборови, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески ја започна денешната прес конференција, на која порача дека време е да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани.
Д-р Бакрачески најави дека програмата која тој и неговата партија ја подготвиле за Охрид, неизбежно води кон тоа.„Ние кои што живееме во Охрид ја имаме таа привилегија да бидеме заробени од неговата духовна аура и безгранично го сакаме. Но тоа не е доволно. Да се сака Охрид, значи неуморно да се работи за негово добро. Да с…