Фев 23, 2013

Брежанци немаат линиски превоз

Брежани има добра земја, здрава вода и убава природа, но нема линиски превоз до ова село. Сместено е во крајниот југоисточен дел на Дебрца, оддалечено од Охрид 32 км. До Брежани се стигнува од  Ботун, па патот врви низ селата Белчишта, Лешани и Велмеј. Брежанецот Цветко Суколоски се обрати до нашиот медиум и упати апел до надлежните, барем еднаш неделно да им организираат превоз до селото. Вели дека патот до сред село е асфалтиран а комбе оди само до Велмеј, кое е на 6 километри од Брежани. Тој додава дека во селото останале 20 тина мештани кои обработуваат земја и хранат стока, но им недос…

Фев 23, 2013

Исчезнуваат свадбарските обичаи кај муслиманите

Изумираат бројни  ритуали поврзани со свaдбарските обичаи кај муслиманите од  овие простори. Скоро и да ги нема бричењето на зетот, каносувањето на невестата, играта филџан или подарокот накитен овен,  како дел од адетите кај муслиманите во Октиси. Многу од ритуалите кои се практикувале со векови денес  скоро и да не постојат. Глобализацијата и новото време ги збришаа некогашните обреди и кај муслиманите. За да не паднат во заборав некогашните верски обичаи поврзани со свршувачките и свадбите кај муслиманите од Октиси, ги запиша во книга октишанецот, Абас Цаноски.  Свадбите некогаш биле еди…

Фев 23, 2013

Охридското Здружение на пензионери работи успешно

Охридското Здружение на пензионери успешно ја заврши минатата година. На денешната Седница на здружението која е пета по ред, а прва во оваа година беше усвоена завршната сметка за 2012 год, а се донесе и програмата за работа за 2013.Mаринела Jовановиќ, претседателката на Собранието на Здружението на пензионери-Охрид, вели дека се задоволни од домакинското работење на здружението.Ова здружение минатата година беше успешно на спортски и културен план. Тоа го освои преодниот пехар на 17тиот републички спортски натпревар на пензионери кој се одржа во скопје, а неговите членови учествуваа и на …

Фев 22, 2013

Сликата на Кемал Ататурк предизвика мал инцидент во ОУ Братство Единство

Сликата  на основачот на модерна Турција Kемал Ататурк ги разбранува страстите помеѓу нставниот кадар во ОУ Братство Единство. Дознаваме дека во понеделникот се случил инцидент кога професорка од турска националност сликата од Ататурк ја поставила над таблата во училница по одделенска настава. Во телефонскиот разговор таа ни образложи дека неодамна од директорот побарале и добиле дозвола во училницата по одделенска настава да постават слика од основачот на модерна Турција. Но според нејзиното кажување одкако сликата била поставена, истата предизвикала револт кај нејзината колешка.„Исклучите…

Фев 22, 2013

Пристига помош за опожареното семејство Шемо

Пети ден минува од пожарот кој го пеплоса скромниот дом на тројцата браќа Шемо, а охриѓани секојдневно ја покажуваат својата хуманост. Во дворот на браќата Шемо почна да пристига помош за обновување на нивниот дом. Хумани луѓе донираат кој колку може во овие тешки моменти да им ја ублажи несреќната ситуација. Мајката на браќата Шемо, Асиме и останатите членови се бескрајно благодарни на луѓето кои им подадоа рака. Општинската организација на Црвен крст им подарила ќебиња и социјални пакети со храна, градоначалникот Александар Петрески им обезбедил топол оброк. Помогнале наставничкиот колект…

Фев 21, 2013

Како се хранат вашите деца додека се на училиште?

Каква храна консумираат децата додека се на училиште? Ова е прашање кое го допира секој родител. Одамна веќе по училиштата не функционираат оние класични кујни, со готвачки и убаво подготвено мени кои се дел од самото училиште. Наместо тоа, сега храната за вашите деца ја подготвуваат приватни фирми кои само географски се поврзани со училиштето за кое готват. Основното училиште Свети Климент Охридски е едно од училиштата каде што функционира ваква кујна. Тие велат дека се трудат храната за децата да биде свежо подготвена, а и во во неа да доминираат овошјето и зеленчукот. Директорката Славиц…

Фев 21, 2013

Американскиот Амбасадор во посeта на ФТУ

Американскиот Амбасадор во Земјава, Пол Волерс во посета на Факултетот за туризам и угостителство. На средбата со ректорот на Св. Климентовиот универзитет и деканот на ФТУ разговараа за младите и претприемништвото и за тоа како да се развие економијата во Македонија, а стана збор и за размена на универзитетски професори.   Амбасадорот оствари средба и со студентите на факултетот, каде отворено им говореше за летната размена што може да ја остварат во САД кога можат да стекнат дополнителни искуства но и да заработат.Волерс искажа уверување дека за скоро време и Македонија ќе биде една од зем…

Фев 20, 2013

Класичните пишувани упати заминуваат во историјата

„Мој термин“ е името на новиот модел на упатување на пациентите од примарната кон секундарната и терцијарната медицина. Примената на оваа новина ќе започне од месец Април, а се состои во тоа што наместо со класичните пишувани упати, сега матичните лекари по електронски пат ќе ја прават целата постапка околу упатувањето на пациентите на специјалистички прегледи.„Секој матичен доктор е должен на својот пациент да му закаже преглед кај специјалст во секундарното и терцијарното здравство и пациентот е должен на закажаниот термин кој што ќе биде по електронски пат и повратно ќе добиваме информац…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top