Мар 4, 2013

ВМРО ДПМНЕ ја започна изборната трка

„Започна големата кампања за овие локални избори со која што ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе ја означат победата“, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески. Тој искажа посебно гордост што на денешната пресс конференција со него беше и групата на советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за која што рече дека и верува и е убеден дека се најдобриот тим кој било кога е назначен во историјата на Охрид . Бакрачески истакна дека негова огромна желба и надеж  е изборите да бидат мирни, достоинствени, фер и демократски, поточно избори со кои ние како о…

Мар 4, 2013

1500 апаратчиња за мерење шеќер за охриѓаните со дијабетес мелитус

Со оваа акција, ќе биде обезбедено сите пациенти на Центарот за дијабетес, кои имаат дијагноза дијабетес мелитус, да ги добијат овие апаратчиња. Со нив, пациентите ќе можат дневно да ја следат својата здравствена состојба. „Ќе ги добијат исклучиво пациентите кои се на инсулинотерапија. Со тоа го заокружуваме проектот да секој пациент има апаратче во домашни услови. Правиме еден голем исчекор, затоа што ваква акција години наназад не е случувана. Ние секоја година на два-три наврати сме давале гратис апаратчиња, но тоа било во помали количини. Сега ќе ја опфатиме целата наша општина, сите на…

Мар 4, 2013

Независниот носител на советничка листа, Зоран Стевоски ја започна кампањата

Од родното Долно Лакочереј, носителот на независната советничка листа, Зоран Стевоски, ја започна својата кампања за престојните локални избори. Според него, селото Долно Лакочереј е село кое во послените 20 години рапидно уназадува. Стевоски вели дека во минатото, ова село доминирало во сите сфери, и во спортот, и во културата, и во земјоделието.„Со ова сакам да порачам дека не само Долно Лакочереј, туку и сите села во општина Охрид, вклучувајќи ги и селата од поранешната Коселска општина, ќе се заложиме ние како советничка група да го добијат своето вистинско место и да го добијат своето…

Мар 2, 2013

Полска комедија ќе ги промовира убавините на Охрид

Конрад Коморничак, Томаш Нивински и Павел Грабовски се тројца млади и талентирани филмски работници од Полска и тие се фасцинирани од нашиот град. Оваа фасцинираност, тие нема да ја зачуваат само како спомен од едно патување, не, тие со своите знаења и уметничка душа, убавините на Охрид ќе ги овековечат во игран филм. Идејата им е тоа да биде комедија за млади луѓе од Полска кои притиснати од финансиски, семејни проблеми и притисоци доаѓаат во Охрид и откриваат едно одлично место за забава. Еве како дошле на идејата, главната ѕвезда на нивниот филм да биде нашето идилично место.„85 проценти…

Мар 2, 2013

Експресно изгласани 114 одлуки за легализација

Доцна синоќа Советот на Охрид усвои одлуки за легализација на 114 бесправно изградени објекти во општината. Иако уште на почетокот на 60 сетата седница советничката група на ВМРО- ДПМНЕ побара одложување на истата поради сензибилниот период пред Локалните избори, како и поради опомената на Комисијата за спречување на корупција, дека не е добро точките од урбаната сфера да се донесуваат во овој период, тоа воопшто не ги заинтригира советниците од охридската позиција за можните последици поради експресното донесување на 114 те точки, вели советникот Борче Стефаноски од ВМРО – ДПМНЕ. Тој додав…

Мар 2, 2013

Производите од млечна индустрија Лабрадор ги задоволуваат сите стандарди за квалитет

Скандалот со недозволеното количество на афлатоксин во млекото од неколку странски производители кое се продаваше на нашиот пазар, ги раздрма и македонските млекопроизводители. Сите тие беа обврзани да направат дополнителни контроли на своите производи. Во охридскиот регион имаме една млечна индустрија, а тоа е Лабрадор. Нејзините производи ги задоволуваат сите стандарди за квалитет, вели Славко Николовски, менаџер во оваакомпанија. Тоа го потврдуваат најновите резултати од испитувањата на земените мостри од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.Николовски вели дека нема никакв можн…

Мар 2, 2013

Продолжува проектот „Охрид град на цвеќето“

Дождот кој во претпладневните часови паѓаше не го попречи реализирањето на проектот „Охрид град на цвеќето“. Сезонските цвеќиња кои се планира да бидат засадени на голем број површини се производство од сопствените оранжерии на ЈП „Охридски Комуналец“. До почетокот на туристичката сезона се планира да бидат засадени околу 10.000 парчиња  сезонско цвеќе, додека со новата реколта, пак од јуни планирано е  да бидат засадени помеѓу 35-40.000 парчиња цвеќе. Само претходните денови на потегот од Рибниот ресторан до Жиголо се засадени 4000 парчиња  цвеќе. Денес  во градскиот парк продолжија започн…

Мар 1, 2013

Одложена 60 тата седница на советот на општина Охрид

И покрај желбата на советниците да застанат на страната на граѓаните, да ги разгледаат и прифатат стотината Предлог Одлуки за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација или легализација на дивоградби, сепак советниците го прифатија предлото на ВМРО ДПМНЕ дека денеска не е вистинско време да се дискутира за дивоградбите. Причина за оваа одлука е препораката на антикорупциска комисија дека незаконски е во овој период да се носат вакви одлуки.„Ние како советничка група на ВМРО ДПМНЕ и коализцијата сме за одлагање на сите точки за легализација од причина што и локалн…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top