Апр 1, 2013

Трајкоски го обвини Којчиноски за несовесно работење

„Долгогодишнaта голгота спроведувана од страна на СДСМ и Брaнко Црвенковски и неговиот близок соработник Којчиноски е при крај“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Дебарца Игор Трајкоски. Тој потенцираше дека за 16 години поминати во општина Дебарца сведоци сме на несовесно работење од страна на градоначалникот Којчиноски, поради што денеска оваа општина е една од најслабо развиените во Р Македонија.„Со ваков пристап СДСМ упорно продолжува понатаму давајќи му ја добербата на кандидатот за градоначалник на човек кој не направил ништо во изминативе две децении. СЕ прашуваме дали в…

Апр 1, 2013

Kандидатот за градоначалник на Струга Кочовски, денеска во посета на Подгорци

д-р Владо Кочовски кандидат за градоначалник на Струга, од коалицијата „„Заедно за Струга“, денеска во посета на  Подгорци.  „Овде со години ништо не е вложено“, истакна Кочовски пред насобраните граѓани кои излегоја да слушнат што новата локална власт планира да инвестира во ова село. „ Во мојата програма влезено е и селото Подгорци во која стои дека за нардниве четири години доколку го добијам мандатот на нашите граѓани ние ќе направиме изградба и санација на патот Подгорци – Лабуништа и Подгорци – Вевчани, изградба на спортска сала промена на маркицата и давање дозвола за исградба на џам…

Апр 1, 2013

Многу дружење, многу математика и одлични резултати

Виктор Блажески е само еден од многуте мали охриѓанчиња-љубители на математиката, а тоа одлично го докажа минатава сабота. На регионалниот натпревар по математика, во својата категорија, односно 6то одделение, тој се пласираше на првото место, а ја освои втората награда со најмногу бодови кај шестоодделенците. Тој вели дека задачите биле тешки, но дека е навистина задоволен од постигнатиот успех.„Во другите школи најчесто ги избираат со училишен натпревар, а кај нас наставниците ги избираат посебно тие ученици што имаат секако петки и што се најуспешни. Убаво поминав, повеќето задачи ги реш…

Апр 1, 2013

Охриѓанчињата го одбележаа Денот на шегата

Космонаути, принцези, самовили, вештерки, Бетмени беа само дел од најразличните костими со кои најмладите охриѓанчиња го одбележаа Денот на шегата. Првиот ден од пролетниот месец  април најмалите на само нивен начин  го направија порадосен  и пораспеан. Заради променливото време  изостана традиционалната прошетка на градскиот плоштад , па манифестацијата се одржа во кругот на 5-те  градинки.  Со најразличните шарени костими  децата покажаа дека  нивната фантазија е неисцрпна. Целта на Априлијадата е сите деца да уживаат во добра забава и смеа. Во подготвување на програмата, за Априлијадата …

Мар 30, 2013

Бројот на посетители во Охрид повторно се „ тресе“ од ракав

На охридската ривиера во мал број се присутни странските туристи кои го слават  католичкиот Велигден. Оваа констатција се извлекува од поединечните контакти со хотелиерите. Во повеќето хотели од конатктите со менаџерите за продажба информираат дека или воопшто немаат гости  или пак имаат помали групи на посетители.Од хотел Инекс Горица информираат дека немаат гости за католичкиот празник. Исто така и од Гранит кажа дека нивните капацитети останале празни. Во иста ситуација се и хотелите Метропол и Белви. Во моментов и од хотел Гарден кратко изјавија дека имаат помала група гости од Турција….

Мар 30, 2013

Прелевања во колекторот поради високиот водостој на Охридското езеро

МЈП Проаква деновиве со полни раце работа. Високиот водостој на Охридското Eзеро прави проблеми во функционирањето на колекторскиот систем. Од МЈП Проаква велат дека ситуацијата е алармантна веќе неколку денови, а предупредуваат дека доколку продолжат врнежите таа ќе стане уште посериозна. Директорот на ова јавно претпријатие, Златко Старкоски вели дека постојано ја следат состојбата и ги преземаат сите мерки кои се во рамките на нивните можности како не би дошло до поголеми прелевања во колекторскиот систем и поплави.„Доставивме барање до кризниот штаб во Струга со целосно образложение на …

Мар 30, 2013

Распеано рибарче по 14ти пат

Детскиот фестивал Распеано рибарче ќе се одржи по 14ти пат. Се е подготвено за новото издание на кое ќе запеат 18 учесници. Песните се со најразлични содржини, а детските гласови и хорот веќе се снимени. Останува уште да се доуреди уметничкиот дел. Интензивно се работи и на кореографијата. Директорот на фестивалот, Колчо Петкуќески вели дека се се прави за да се понуди нешто ново и поквалитетно од минатите изданија на Распеано рибарче.Во организацијата на фестивалот работат луѓе со долгогодишно искуство. Се работи со голема сериозност и професионализам за на крај да се добие едно неповторли…

Мар 29, 2013

Основците оптоварени со обемна настава, зачинета со стрес од екестерното оценување

Бројните реформи спроведени во образовниот систем не донесоа ефектни промени во наставните планови и програми за децата, нагласуваат професорите, родителите и учениците. Основците се оптоварени со обемна наставна содржина, без пракса зачинета со стрес од екестерното оценување. Ова се дел од размислувањта на сите директно засегнати субјекти од  наставните програми во образовниот процес.  Учениците во трето оделение по предметот Запознавање на општеството учат за градскиот совет, функцијата на градиначалникот или претседателот на Совет, а никогаш не биле во посета на овие институции. За децат…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top