Апр 15, 2013

Подобри услови за живот на село посакуваат жителите од охридските села

  Асфалт, вода и канализација се сеуште сон за многу жители од нашите села. 50 -тината жители од село Свиништа, претежно постари луѓе, како и повеќето жители од охридските села, имаат потреба од  подобрување на инфраструктурата во селата во кои живеат. Претседателот на Месната заедница, Благоја Крстаноски, вели секоја година во Локалната самоупорава поднесуваат барања со кои сакаат да се подобри животот на свиништани.„Најприоритетни се санција и асфалтирање на патот од магистарлниот пат до селото во должина од 2,5 км, еден крак од селото до црквата Св. Богородица, како и тампонирање на неко…

Апр 15, 2013

Состојбата на браната во Слатино се влошува

Претседателот на спортското риболовно друштво Св. Апостол Петар, Радован Димитриески тврди дека пукнатината на браната се проширува и дека само е прашање на време кога комплетно ќе се разруши.„Пукнатината која беше на средина сега ја поткопа земјата и се спушти на самото дно од браната, поради тоа круната на браната се спушти неколку метри.  Се повеќе и повеќе очекуваме браната да се сруши комплетно или да се превземе нешто под итно за нејзино санирање.Нивото на водата не е спуштено, така да тоа истекува и од пукнатината и од преливниот канал и од испустниот канал“, вели Радован Димитриески…

Апр 15, 2013

Учениците од „Христо Узунов“се покажаа како вистински научници

Ѓоко Маркоски како млад биолог и Михајло Најдески како млад физичар и двајцата од ОУ „Христо Узунов“ се покажаа големи научници. На 50та јубилејна олимпијада на млади техничари и природници која се одржа во Битола, тие со своите проекти освоија две трети места. Но не е толку до местата, колку до покажаната креативност и способност за аналитичко размислување. Ѓоко во Битола се покажа со резултатите од направеното двонеделно истражување на патогените бактерии кои ги има на најчесто користените површини од страна на децата. Ова истражување било правено во рамките на Центарот за јавно здравје о…

Апр 13, 2013

Временските промени влијаат на здравјето на граѓаните

  Бројот на пациентите кои доживеале мозочен удар, а се третираат на невропсихијатрискиот  оддел во Охрид,  во последно време е зголемен. Д-р Јулија Василевска вели дека за жал старосната граница се повеќе опаѓа, а најголема причина за тоа е современиот начин на живот. Одредено влијание имаат и климатските промени кои се повеќе ги чувствуваме. Температурните разлики влијаат и на здравјето на граѓаните.Д-р Василевска вели дека многу важно за да се заштитиме од ваквиот вид на васкуларни заболувања е превенцијата. Тоа подразбира рано откривање и третирање на покачениот крвен притисок, дијабето…

Апр 13, 2013

Охриѓанчињата „ гладни“ за детски претстави

Во понеделник, во Центарот за култура, најмладите може да ја проследат детската претстава „Црвенкапа и Иванка“. Членовите на аматерското драмско студио „Мулти Култи“ два месеци работеле на подготовката на најновата претстава за деца.  Режисерот на претставата Ташко Лаброски е задоволен  од приемот на охриѓанчињата на претставите за деца. Како  доказ за тоа ја наведува  претходната  претстава „ Децата на Дедо Мраз“. Децата ги сакаат претставите иако живееме во ера на компјутерите, тие доаѓаат на претставите и се радуваат на ликовите од бајките, вели  Лаброски.„ Решивме да настапиме со детска…

Апр 13, 2013

ЈП „Нискоградба“ во акција за санација на кејот

Започна санацијата на шеталиштето долж кејот на Охридското езеро. Почнувајќи од вчера, вработени во јавното претпријатие „Нискоградба“ започнаа со процес на замена на бекатон подлогата  која беше оштетена во невремињата кои го зафатија Охрид. Високите бранови изминативе недели направија големи штети долж кејот кој во најголемиот дел беше поплавен, а бекатон плочките беа расфрлани по шеталиштето. Со подобрувањето на временските услови, особено вчера и денес, се очекува и забрзување на темпото на работа околу санацијата на кејот. Денес затекнавме и дел од екипата која работи на санација на ош…

Апр 12, 2013

„Златниот глас на Русија“ ќе го отвори овогодинешното Охридско лето

„Златниот глас на Русија“ , „Сибирскиот тигар“, „Елвис на операта“ овие епитети го красат името на познатиот оперски пеач Дмитри Хворостовски кој ќе го отвори 53тото издание на Фестивалот Охридско лето. Денес беше обелоденета програмата за овогодинешното фестивалско издание.Ветеното го остваривме, веќе се познати имињата на уметниците кои ќе продефилираат на 40-те фестивалски денови, но напоредно со тоа се договараат светските имиња за идното издание на фестивалот, рече Елизабета Јанкулоска директор  НУ Охридско лето.Ваквата долгорочна стратегија ќе ни донесе сигурност и поголема професиона…

Апр 12, 2013

Хотелиерите не задоволни од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

На 27 април во Охрид пристигнува првиот чартер лет со холандски гости, а на охридскиот аеродром ќе пристигаат се до крајот на октомври. Од Хотам очекуваат дека и оваа Летна сезона 2013 ќе се задржи ланската бројка од  20.000  странски гости од Бенелукс. Асоцијацијата Хотам  не е задоволна од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, напоменува Дончо Танески претседателот на  Хотам. Нема нити еден конкретен резултат или инфорација oд одржаните  саемски манифестации. Туристичките промоции на земјава на саемите се одржуваа на полупразни штандови, со исклучок на саемите во Бел…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top