И ЈП “Билјанини Извори” дел од кампањата и активностите со кои се одбележува месец февруари како месец на ретките болести.
Во таа чест Спортската сала “Билјанини Извори” до денот на ретките болести 28 февруари ќе биде осветлена во боите на ретките.
Започна со работа гинеколошкиот оддел во ново изградениот блок на Општа болница Охрид. По две и пол години пауза на болницата, денес, со царски рез на свет дојде малечката Мила. Мајката Марија Арнаудова и бебето се во добра здравствена состојба.„ Мила е мојот втор пород, втора ќеркичка. Операцијата помина супер благодарение на стручниот тим. Се се заврши прекрасно, а има и одлични болнички услови, пресреќна сум“, изјави родилката. Оперативниот зафат со кој се изврши породувањето го изврши стручен медицински тим со кој раководеше гинекологот, д-р Ѓоко Танески.„ Се породи женско дете, тешк…
Купи ден-помини. Така за жал функционира последниве години нашата сакана охридска чаршија. Се помалку се луѓето кои поседуваат дуќани во чаршијата, а се повеќе оние кои земаат дуќани под наем. Но и тоа не е најстрашното. Најстрашно е што за разлика од минатото кога чаршијата беше место на кое бизнисите цветаа, сега се повеќе од дуќаните се затвораат. Многумина ја обвинуваат светската економска криза и беспарицата за затворањето на бизнисите, но голем дел од дуќанџиите се жалат и на превисоки кирии. Можеби тука лежи и причината зошто добар дел од дуќаните кои се на добри локации во чаршијата…
Белата флота во Охридското Езеро подготвена за пловидба во пресрет на туристичката сезона. Инспекторите на Биро Веритас деновиве го завршиле техничкиот преглед на сите пловила, информира капетанот на охридската Капетанија, Горан Устијаноски.„ Комерцијалните пловни објекти го поминаа прегледот на Биро Веритас. Овој меѓу преглед не покажа недостатоци и ситуацијата е константна како и при редовниот преглед. Пловните објекти се спремни да ја почнат навигацијата во пресрет на туристичката сезона“.Инспекторите на Капетанија пак, редовно ги контрлоираат бродовите и чамците за комерцијална пловид…
Годинава во намален состав, но затоа со стандардно високи резултати се одржа општинскиот сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“. Организирањето на овој општински натпревар е дел од редовните активности на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Овој натпревар е воедно и подготовка и вид на селекција на учесниците за регионалниот натпревар.„Општинскиот совет ја организира сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“, т.е општинскиот натпревар во кој учество зедоа четири основни училишта од општината и нормално целиот натпревар се организира споре…
Владата на Република Северна Македонија денеска во рамки на 48-мата седница ја разгледа и донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.
Со Одлуката се одобруваат средства во износ од 50.000.000,00 денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, а заради реализација на мерка три од петтиот пакет економски мерки, со која ќе се обезбедат средства за финансиска поддршка на радиодифузерите за надомест на средства платени по основ на такси, …
Големиот број зелени пазари, како и ново oтворениот зелен пазар на Кам, засега не влијаат на работењето на градскиот пазар. Низ градот на повеќе локации се отворени зелени пазари чии цени на производите не се разликуваат многу од оние на градскиот пазар. Сепак ритуалот и навиката на граѓаните сеуште постои да се пазарува на градскиот пазар. Од градски пазар дознаваме дека засега конкуренцијата не ја чувствуваат. До нивните служби нема барања за откажување на договорите за закуп на тезги. Охридскиот градски пазар во последниве години се соочува со проблем на намалена побарувачка на тезги …
По паркинг рамките, дојде ред и на бетонските топки. Екипи ангажирани од Локалната самоуправа денеска започнаа да ги отстрануваат бетонските топки кои го попречуваа нормалното движење на кејот Маршал Тито.„Како што ви е познато по иницијатива на МВР започнавме со отстранување на сите бетонски препреки во центарот на градот. Вчера се отстранија сите метални рампи и денеска продолжуваме со отстранување на бетонските топки на кејот.“-изјави Танас Танаскоски, раководител на општински инспекторат.Инаку бетонските топки беа поставени на почетокот на јуни 2012 со одлука донсена на Седница на с…