Мај 4, 2013

Промена во гастрономијата на охридските ресторани

Охрид е прекрасно туристичко место, но со гастрономија која стои во место. Мора да има промени во понудата на храна во охридските ресторани, нагласува интернационалиот кувар од Германија, Синиша Салатиќ. Менијата се преобемни со веќе познати специјалитети. Странските туристи сакаат да вкусат традиционална храна, но сакаат да пробаат и нови јадења, вели искусниот гастроном. „ Не сакам никога да навредам, традиционална кујна треба да има, да ја зачуваме. Туристите сакаат да пробаат ѓомлезе или тавче гравче, но треба и промени. Во рестораните со години се истите менија, скара која дебелее. Тре…

Мај 4, 2013

Отстранета мини депонијата од градските гробишта

Се подобрува состојбата на градските гробишта, барем што се однесува на естетскиот дел. Мини депонијата која пред само недела дена го грдеше изгледот на просторот во и околу гробиштата, сега веќе не е таму. Денес увид во состојбата со градските гробишта, на лице место направи и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. „Јас сум денес, од она што претходно го имав како фотодокументација добиено од моите стручни служби и од моите помошници, пред да се почне со оваа акција, доста задоволен сум од она што го гледам, гледам дека се улиците исчистени, измиени и гледам дека тревата ја нема веќе…

Мај 4, 2013

Античкиот театар и сцената кај Долни Сарај ќе бидат покриени со монтажен кров

Античкиот театар и сцената кај Долни Сарај ќе добијат монтажен кров. Овие две отворени сцени кои се многу значајни за два реномирани фестивали, а тоа се Охридско лето и Балкански фестивал на ваков начин ќе станат многу пофункционални, вели Елизабета Јанкуловска, директорката на Националната установа, Фестивалот Охридско лето. Таа објаснува дека монтажниот кров е многу практичен од повеќе аспекти. Пред се тој може да се поставува и вади кога е потребно, не го нарушува видикот и автентичноста на просторот. Оваа идеа тлее од поодамна но по се изгледа ова лето ќе се реализира, додава Јанкуловск…

Мај 3, 2013

Симултанка во Охрид

Симултанка во Охрид. Петнаесетина дечиња од шаховската школа Ласкер од Охрид и од шаховскиот клуб од Струга денес играа симултанка со интернационалниот мајстор Никола Димовски. Тие беа видно возбудени бидејќи ова е нивно прво вакво искуство.Димовски кажа дека шахот е негова љубов и опсесија од најмали нозе. Тој има одиграно многу симултанки. Неговиот рекорд е на  40 табли. Во неговото шаховско досие има многу награди, многу натпревари и рекорди. Овој интернационален мајстор за прв пат игра симултанка во Охрид.Шаховската школа Ласкер постои речиси една година. Таа сеуште не е регистрирана ка…

Фев 25, 2021

СДСМ Охрид: Конкурсот го објавивме на партиската фејсбук страна за да стигне до што повеќе млади и невработени луѓе

Срамно е уште не започната операцијата на пописот да се кажува дека попишувачи ќе има само од СДСМ, реагираат од СДСМ Охрид на пресот на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Денеска ВМРО ДПМНЕ не критикува нас од СДСМ и пратеничката Жаклина Лазаревска само поради тоа што го објавивме конкурсот за попишувачи на нашата официјална партиска Фејсбук страница. Што е толку страшно ова? Очигледно само што ќе прочитаат СДСМ луѓето од ВМРО ДПМНЕ во се’ гледаат партизација. Нивното време беше такво и затоа така гледаат на нештата и сега, се вели во писмената реакција. Се работи за Јавен конкурс кој сакавме да стигне до …

Мај 3, 2013

Нема улица во центарот на Охрид каде не се наплатува за паркинг

Нема место каде не се наплатува за паркинг во Охрид и тоа по 50 денари од час. Граѓаните реагираат и спас бараат од локалната. Првиот човек на Охрид градоначалникот Бакрачески објаснува кој е виновен за ваквиот однос на концесионерот. „Граѓаните многу добро знаат дека со одлука на тогашниот совет на Општина Охрид покрај паркинзите во централното грдско подрачје се проширува паркинг зоната и на останатите улици“, вели градоначалникот. Според него неразумна е одлуката и на советот и на поранешниот градоначалник покрај еден договор со кој беше опфатен плоштадот и неколку улици да биде  потпиша…

Мај 3, 2013

Охриѓани го испробаа двокатниот панорамски автобус

Денеска свечено беше одбележано примопредавањето на поклонот од Владата на Р Македонија, односно министерството за транспорт и врски, панорамскиот автобус.  „Охрид конечно го доби она што во повеќе наврати беше најавувано и требаше да биде реализирано.  Со овој современ автобус се збогати туристичката понуда на градов, а на туристите  ќе им овозможиме панорамско разгледување на Охрид и околината за прв пат во историјата на градов“, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. „Ние сметаме дека поставувањето на една траса односно линија по која ќе се сообраќа овој современ автобус, за кој што …

Мај 3, 2013

Потребен специјален багер за чистење тиња од пристаништата и каналот

Започна постапка за набавка на специјално пловило за чистење на тињата во пристанишата Охрид, Св Наум и каналот Студенчишта. Чистењето на дното од наноси е многу важна работа и како град мора да направиме напори за набавка на едно вакво возило, укажува капетанот Горан Устијаноски. За исплатливост на специјалното возило најдобро решение би било набавката да е за регионални потреби на Охрид, Струга и Поградец, предлага капетанот. Устијаноски во меѓувреме направил обид за изнаоѓање на решение за проблемот со кој се среќаваат во водниот сообраќај.„ Се наоѓаме во прва фаза од аплицирање  на прое…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top