Мар 1, 2021

Од денес стартува пописот, за првпат се попишува и дијаспората

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на заедничка прес-конференција со Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симoвски ги претставија подготовките за старт на најважната статистичка операција за земјава – ПОПИСОТ 2021. „Вчера свикав вонреден состанок со шефовите на сите Дипломатско конзуларни претставништва, каде издадов директни инструкции до целата дипломатска мрежа, целосно и со полн капацитет да се стави на располагање на пописните тимови и на целокупниот процес , со цел успешна реализација на пописот, за нашите вработени и за нашата дијаспора”, истакна Османи. …

Мај 16, 2013

Трајно се решава проблемот со водоснабдувањето во с. Оровник

Градежни зафати во село Оровник, преку кои ќе се реши проблемот со водоснабдувањето посебно за жителите во горниот дел на селото. Жителите крајно задоволни што конечно ќе се реши нивниот проблем. Тие откриваат со кави проблеми се соочувале изминатиов период. „Кога го колев прасето вода немав да се измијам. На пазар еден понеделник отидов неизмиен. Големи  што се прави треба да имаме доволно вода, а како ќе биде ќе видиме“, вели Бранко Мојсоски, жител на с. Оровник.Проектот чини 180 000 денари, а средствата ги обезбеди локалната самоуправа заедно со комуналното претпријатие. Финансисрањето ќ…

Мај 16, 2013

Грција – топ дестинација за охриѓани

Охриѓани не се откажуваат од летните одмори надвор од државава. Најпопуларен избор на туристичка дестинација годинава за нив се Грција, Турција и Шпанија, велат туристичките работници. Солена вода на убаво уредени егзотични песочни плажи, маслинови дрва, а сето тоа за ниски цени. Лептокарија, Крф, Олимпик Бич, Полихроно, Певкохори се само дел од аранжманите каде охриѓани веќе се решија да го поминат својот летен одмор открива Елида Битрак, менаџер на туристичка агенција. Оваа дестианција е најпримамлива посебно пред сезоната,  цените се многу ефтини, а во нив е вклучен превозот додава таа.„…

Мај 15, 2013

Охриѓани и гостите ќе куртулат од комарците

Ова лето ќе има дерман за охриѓани и гостите од комарците. На крајот на месецов ќе се врши дезинсекција или запрашување против комарци, велат од Регионалниот центар за јавно здравје.  Директорот на центарот, Атанаско Михаилов вели дека вреќе е разговарано со Градоначалникот со цел да се превземат потребните превентивни мерки на дезинсекција, дератизација и дезинфекција. Михаилов потенцира дека ова е единствен начин да се одбраниме од комарците во градов и додава дека минатогодишното авионско прскање воопшто не било продуктивно. Поради тоа годинава дезинсекцијата ќе се прави со специјални то…

Мај 15, 2013

На ФТУ промовирана програмата за Ефективна комуникација за успех во бизнисот

На ФТУ презентирана програмата за невролингвистичко програмирање, која овозможува  креирањето успешни личности. Организатори на оваа презентација беа НЛП Центарот од Белград , кој  делува во рамките на Атриа Групацијата чија специјалност се корпоративните тренинзи од областа на комуникациските, продажните и менаџерските вештини,  и Факултетот за туризам и угостителство Охрид.Денешниот тренинг преставува почеток на една подолгорочна соработка на центарот со ФТУ . НЛП е комуниациски модел кој што е базиран на субјективната студија на промената усовршувањето и комуникацијата и е применлив широ…

Фев 26, 2021

Охридските установи од областа на културата се задоволни од одобрените финансиски средства за реализација на проекти

Министерството за култура ја објави Годинешната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата за оваа година. Ресорното министерство распредели 11 милиони евра на пристигнати 6.352 апликации. Меѓу проектите се одобрени средства и за проекти од охридските установи од областа на културата, НУ Бибиотека Григор Прличев, НУ ЦК Григор Прличев, Фестивалот Охридско лето и НУ Завод и Музеј. ТВМ упати прашање до директорите на охридските установи од културата дали се задоволни од одобрените финансиски средства за проектите со кои аплицирале оваа година. Најреномираната музичко сц…

Мај 14, 2013

Започна средување на зеленилото на повеќе локации

Работниците на Комуналец и другите јавни претпријатија денес сечеа гранки на дрвја и грмушки покрај патиштата. Денешната  акција за чистење на зеленилото  започна на неколку локации во градот и приградски населби, а ќе се одвива и на крајбрежјето. Итна е потребата од кастрење на гранките и разеленетите плотови на патот кој ги поврзува населбите  Видобишта и Велгошти, информира секретарот на Локалната самоуправа, Димитар Спасески. Појаснува дека освен на оваа локација се  работи и во стариот дел на градот на потегот од црквата Каменско до Горна Порта. Во план е расчистување на зеленилото и н…

Мај 14, 2013

Плажите не се подготвени за престојната туристичка сезона

Охридските плажи не се подготвени за престојната туристичка сезона. Вообичаено, првомајските празници го означуваат почетокот на сезоната за сончање и капење, но оваа година работите околу уредувањето на плажите дадени под концесија доцнат. Концесионерите велат дека поради високиот водостој плажа речиси и да нема. Тие бараат помош од Локалната околу чистењето и попесочувањето на плажите.Од Локалната велат дека тие немаат никаква обврска спрема концесионерите на плажите. Од таму објаснуваат дека иако државата на општината и го додели државното градежно земјиште, концесионерите се тие кои тре…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top