Мај 20, 2013

Стартува ревизија на книжниот фонд во охридската библиотека

Во Националната установа библиотеката Григор Прличев од 15 јуни ќе започне  едномесечна ревизија на книжниот фонд. Читателите пред почетокот на оваа постапка имаат обврска позајмените книги од библиотеката да ги вратат до 5 јуни. Библиотеката на тој начин ќе добие прецизна слика каков е кавлитеот и квантитеот на книгите со кои располага, напоменува директорката на установата Александра Белеска.„ Оваа постапка не е нова ,  вообичаена е пракса за добивање показатели за книжниот фонд за квалитетот и квантитеот на ресурсите со кои располагаме. Добиваме показатели за инвентарната книга и дали тр…

Мај 18, 2013

Еколошка акција за спас на шумата под Самоилови

Еколошка акција за спас на боровата шума под Самоиловите тврдини. Преводена од еколошкото друштво „Грашница“, акцијата е насочена кон отстранување на бршленот од боровите, но и останатите дрва. Ова инвазивно растение според екологистите од „Грашница“ ја има нападнато скоро целата шума на потегот од Самоиловите тврдини до месноста Плаошник.„Ова е само еден дел каде што бршленот е распространет, но има и други делови од градот каде што бршленот има нападнот и други дрва и претстои опасност оваа шума да се деградира бидејќи бршленот се обвива околу стеблата на дрвата, тоа ја зголемува нивната …

Мар 1, 2021

Се уредува зелениот појас на кејот на Дрим во Струга

Екипите за одржување на Јавното градско зеленило при ЈП Комунално Струга започнаа со кроење и уредување на дрворедот кој е засаден на десниот кеј на реката Црн Дрим, непосредно до истекот од Охридското езеро кај дрвената брана. Се сечат старите и суви гранки, исто така и сувите дрва согласно предходната процена на стручни лица. Целта на ова акција е да се спречи кршење и паѓање на гранките, а со тоа да не дојде до загрозување на безбедноста при движење на пешаците.

Мај 18, 2013

Енергетската медицина доаѓа и во Охрид

Енергетската медицина доаѓа и во Охрид. Германката Рикарда Еишхофер веќе триесет години се занимава со овој вид на медицина. Студирајќи школска медицина забележала дека основните медикаментозни начини на лекување не се доволни кај некои болести. Не станува збор за некаква природна дарба туку за метода која може да се научи и секој да ја примени на себе, вели Еишхофер. За овој начин на лекување многу е важно пациентите да постигнат ментален баланс што најчесто се прави преку медитација и да навлезат во својата свест. Всушност секој поединец треба да стане свесен од каде потекнува неговиот пр…

Мај 18, 2013

Паѓа ли тезата за потеклото на Десаретите

На археолошкиот локалитет на Плаошник се откриени три бронзени монети кои датираат од античкиот период.   За ова значајно откритие археологот советник Даница Бачевска прв пат јавно проговори гостувајќи во емисијата Печат. Таа како дел од тимот на археолози учествувала во истражување на локалитетот Плаошник во периодот 2007 -2011 година.  Со ново пронајдените монети сега се  руши  тезата за потеклото на Десаретите, тврди археологот  Бачевска.„ Најновото и мошне значајно  откритие за кое прв пат го откривам е дека во тек на најновите ископувања на Плаошник се откриени 3 монети од бронза, моне…

Мај 18, 2013

Балканско првенство во џудо во Охрид

Спортскиот центар „Билјанини извори“ денес и утре е арена на џудо борбите. Околу 500 учесници од 9 балкански земји во машка и женска конкуренција ќе земат учество на Балканското првенство во џудо за кадети и јуниори. Организатор е македонската џудо федерација во соработка сo балканската џудо федерација. Секретарот Горан Мицкоски информира дека овој настан бил предвиден уште пред две години, согласно нивната програма. Додава дека изборот за одржување на бакланското првенство во кадети и јуниори во Охрид не е случаен, бидејќи сметале дека Охрид има што да им понуди на спортистите не само од с…

Мај 17, 2013

Ќе има ли панаѓур и ова лето

  Советниците ја изгласаа годинешната предлог-програма за поставување урбана опрема. Според неа на површината меѓу трговскиот центар Амам и угостителскиот комплекс Летница по пешачката улица „Свети Климент Охридски“ е планирана за изработка и продажба на уметнички слики и изработка на портрети. Презентација и продажба на народни ракотворби ќе има на Сараиште, од дворното место на Куќата на Уранија, пред куќата на Христо Узунов. Книги ќе се продаваат на старото место, на просторот меѓу трговскиот центар Амам и комплексот Летница по троторарот на улицата „Македонски Просветители“. Со новата п…

Мар 1, 2021

Повиски цени за паркинг во премиум зоната

Од денес 1 март цената за еден час паркинг во Премиум зоната се враќа на старата цена од 60 денари. До вчера 28 февруари е на важност одлуката на Општината Охрид за намалување на цената за паркирање во Премиум зоната која изнесува 30 денари за еден час паркирање и која беше донесена по барање на Здружението на угостители “Охридски Еснаф” со цел ублажување на последиците и загубите кои секојдневно ги генерираа угостителите поради Ковид-19.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top