Според најновото исражување направено од страна на Центарот за граѓански комуникации, Општина Охрид меѓу првите три општини со најголем број вработувања.
Најмногу вработени или ангажирани луѓе меѓу единиците на локална самоуправа има Градот Скопје, 747 луѓе, а од другите општини следна е Карпош која има 312 луѓе, иако во анализираниот период го намалила бројот на вработени или ангажирани за 124 луѓе. Над 300 вработени има уште само и Општина Охрид, 308.
По одделни општини, рекордер и според апсолутниот и според процентуалниот износ на зголемување на бројот на нововработени или ангажирани …
Од секторот за комунални дејности, патишта и улици при Локалната самоуправа поставиле прелази на автопатот Кичево-Охрид кој е во изградба. При изработката на автопатот по наше барање и на барање според потребите од ЈП Водовод и Нискоградба се договоривме со изведувачите да се направат 5-6 прелази на автопатот, информира Томе Нанески, раководител на Секторот за Комунални дејности, патишта и улици.
„Поставивме цевки кои можат да се искористат за повеќе намени. Може да се искористат за менување на електрични кабли и кабелски оператори. Кога ќе се заврши автопатот да не се копа или да нема буш…
Во текот на изминатиот период активно се работеше на конструкција на склад и централна хранилка за потребите на функционирањето на Репродуктивниот центар за Европски елен во Национален Парк Галичица.Репродуктивен центар е распространет на стотина хектари, во кој се донесени 24 женки и шест мажјаци, од овие елени и е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници, а елените ќе се користат исклучиво за активно управување и одржување на уникатните екосистеми на Галичица, а не како ловиште.
„Главната цел на овој проект е да се подобри управувањето…
Граѓани пријавуваат до полиција малолетници кои го нарушуваат јавниот ред и мир во ноќните часови со бучно возење на моторцикли и трки по улиците. Подолго време, се ремети јавниот ред во населбата Билјанини извори и во Бараки. Кај градскиот полигон се забележува собирање на малолетници кои се бучни и конзумираат алкохол. Покрај конзумирањето алкохол малолетниците посегнувале и по наркотици во парковите и школските дворови, но и на други места низ градот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за досегашната работа на полициските службеници од Полициската станица за безбедност на…
Во склоп на редовните посети со граѓаните на Народниот Правобранител, Заменик Народниот Правобранител Илбер Руфати -НП Подрачна Канцеларија Кичево на ден 24,09,2020 (четврток) ќе биде во посета на Охрид.Средбите со граѓаните Заменик Народниот Правобранител ќе ги одржи во просторите на Општина Охрид од 09 ;00- 15;30 часот. Според распоредот секој последен четврток во месецот е резервиран за дирекни средби со граѓаните па така, до крајот на годинава вакви средби со охриѓани ќе се одржат и на 29ти Октомври, 26ти Ноември и 31 Декември.
На вчерашната 5-та Владина седница прифатена е препораката на Комисијата за заразни болести за отворањето на студентските и средношколските ученички домови.
Владата утврди дека истите треба да бидат отворени, за што дополнително ќе се утврди кога, но со строго почитување на Протоколите за сместување донесени од Комисијата за заразни болести. Државниот студентски дом ги известува студентите и средношколците дека во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.
На вчерашната седница на предлог на Министерст…
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, одржа прес-конференција на која информираше за состојбата со коронавирусот во нашата земја, но и во Европа, најава за следните чекори на Министерството за здравство и Владата, како и за есенскиот период кој е пред нас.
„Видовме дека коронавирусот може да биде фатален буквално за секој. Заради оваа состојба веќе започнавме, а уште повеќе во следните денови ќе ги засилиме контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се веќе на сила. Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат и апе…
Во текот на изминатото деноноќие (22/23.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 746 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.