Јун 4, 2013

Архивата од некогашната детска болница сеуште незаштитена

Државниот санитарен и здравствен инспекторат се  изјасни за ненадлежен во врска со документацијата од поранешната специјална детска болница во Охрид. Пред нецел месец ТВМ објави прилог за состојбата со архивата од оваа болница и поплаките од родители кои со години не можат да ги пронајдат историите на болест од своите деца, некогашни пациенти во таа установа. Тогаш од државниот архив на Македонија, подрачно одделение охрид, инаку местото каде требаше да се наоѓа документацијата соодветно архивирана, не упатија до Министерството за здравство како правен наследник на болницата која згасна во …

Јун 4, 2013

Се зголемува безбедноста во водениот сообраќај

Воспоставен системот на радио врска помеѓу бродовите и охридската капетанија. Овој проект кој беше најавен уште зимата конечно се реализира. Сега сите 5 комерцијални бродови се вклучени во системот, а интерес покажал и Хидробиолошкиот завод за и неговите два брода да бидат поврзани со капетанијата преку радио врска.Капетанот Горан Устијаноски вели дека со овој систем сите бродови меѓусебно се поврзани па недај боже ако има некој проблем на некој од овие пловни објекти за тоа ќе бидат известени и останатите. Овие радиостаници првенствено се направени  за контакт меѓу бродовите, но поседуваат…

Мар 2, 2021

Струшките пазарни инспектори направиле над илјада контроли на угостителски локали во месец февруари

Струшките инспекори од ДПИ се секојдневно на терен во две смени, а работаат и за време на викендите, информира Шпендим Иљази раководител на ПЕ. Во месец февруари, инспекторите имале полни раце работа и направиле околу 1500 контроли на угостителски објекти. При инспекцискиот надзор на струшките локали со записник се направени 145 контроли, а 1300 се визуелни контроли. Инспекторите изрекле 8 прекршочни мерки од Законот за забрана на пушење и 3 мерки за непочитување на законот за заштита на населението од заразни болести, а затекнале еден нерегистриран објект кој обавувал дејност. Инспекторите…

Јун 4, 2013

Охриѓани бараат било каква работа, но посакуваат соодветна на нивното образование

Решавањето на проблемот со невработеноста најважно за охриѓани. Имајќи предвид дека се потешко се наоѓа работа, нашите сограѓани велат дека не пребираат работа, но посакуваат таа да биде соодветна на нивното образование.Со воведувањето на измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, кои стапија на сила во втората половина на декември 2012-та година, се  спроведе регистрацијата на лицата кои активно бараат работа. Иако со ова бројот на невработенит лица се преполови, сепак моментално во Охрид фигурираат пет илјади лица кои активно бараат вработување, вели Јова…

Јун 3, 2013

Сите домашни миленици ќе добијат микрочип за евиденција

Кучињата постари од 6 месеци ќе треба да имаат вградено поткожен микро чип кој ќе ја покажува здравствената состојба на миленикот. Ова го предвидува новата мерка која со закон ја пропишува Агенцијата за ветеринарство, најавена од Агенцијата за храна и ветеринарство.  На домашните миленици ќе им бидат имплементирани трајни чипови за евиденција, кои чинат 800 денари. Чиповите ќе содржат информации за вакцините кои ги примило животното и податоци за сопственикот.„На овој начин ќе се оствари целокупната евиденција на бројната состојба на кучињата ќе се овозможи утврдување на идентитетот во случ…

Јун 3, 2013

Проблемот со педофилијата е двостран проблем

Децата имаат право да живеат во безбедна и заштитничка околина, бидејќи од тоа зависи нивниот понатамошен развој и социјализација. Се поголемиот број на случаи на педофилија во Македонија ја издигнаа на површина оваа девијантна појава која сигурно постоела и во минато, само што не се зборувало за неа, бидејќи била третирана како срамна, табу тема за споделување со јавноста. Претставниците на НВО велат дека  сега, кога се бара педофилите да се осудуваат со најголеми затворски казни и јавно да се обелоденуваат нивните имиња на интернет сајтовите, сме чекор напред во борбата против злосторства…

Јун 3, 2013

Охридските занаетчии го слават денот на регионалната занаетчиска комора

Занаетчиите од Охрид денес го слават Денот на регионалната занаетчиска комора. Овој ден се одбележува втора година со ред, а комората е формирана во 2005та година со Законот за вршење на занаетчиска дејност. Токму овој закон е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат занаетчиите. Во фаза на донесување е новиот Закон за вршење на занаетчиска дејност, а охридската занаетчиска комора е активен учесник во неговото креирање. Сашо Богоески, претседателот на Регионалната занаетчиска комора од Охрид вели дека нивна основна цел е законот да биде поприфатлив за занаетчиите, а не за коморите…

Мар 2, 2021

422 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (01/02.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 422 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top