Јун 11, 2013

Квалитет има, ама недостасува кадар

Д-р Горан Балевски, специјалист уролог во Општата болница во Охрид е трет на листата на најдобро рангирани доктори за месец  март.  Оваа листа ја составува Министерството за здравство според системот за плаќање по успешност. Наградени се оние доктори кои се движечка сила во своите институции. Тие добиваат посебно признание и паричен надоместок од  30 000 ден. Д-р Балевски не го крие задоволството од ваквото признание. Тој вели дека за да се дојде до едно вакво признание потребен е голем труд и ангажман, но објаснува дека самиот без неговиот тим не би го постигнал ваквиот успех.Д-р Балевски …

Јун 11, 2013

В шума по печурки само со дозвола

Собирањето на печурки, лековити растенија, смреки и останатите шумски плодови повеќе не е бесплатно. Луѓето кои собираат шумски плодови и на тој начин заработуваа, сега  ќе мора дел од заработката  да и плаќаат и на државата.  Од неодамна државата започна со  наплата на природното шумско богатство според Законот за шуми.  Собирачите на шумски плодови мора да обезбедат дозволи  кои се издаваат во ЈП „ Галичица“  поддружница на „Македонски шуми“.  Покрај собирачите на шумски плодови со вадњето дозволи под контрола ќе се стават и откупните претпријатија.  Според тарифникот на претпријатието це…

Јун 11, 2013

Почина познатата треварка Матија Пауновски

  Во 79-та година во животот во Мостар, Босна и Херцеговина, синоќа почина познатата треварка Матија Пауновски, соопшти нејзиното семејство.Матија Пауновски е родена во семејство кое повеќе од 150 години се занимава со собирање лековите билки. По потекло од БиХ, оваа треварка беше позната во сите краеви на поранешна Југославија. Дел од својот живот таа помина во Охрид и Македонија, каде беше позната по чаевите за слабеење, но и по лековитите напитоци за превенција и борба против многу болести.Матија беше член на светската асоцијација за превентива и алтернативна медицина. Преломниот момент …

Мар 3, 2021

Раде Стојановиќ останува на кормилото на ГРК „Охрид“

Менаџментот на Градскиот ракометен клуб Охрид продолжува со досега успешниот начин на работа. Покрај актуелната сезона размислува и за следната. Во таа насока е продолжувањето на соработката со досегашниот тренер Раде Стојановиќ. Тој денеска доби нов едногодишен договор.„Презадоволен сум можам да кажам дека имаме една добра соработка, се гледа како во текот на овие две години екипата расте. Така и ја растам со екипата и мислам дека ќе продолжиме во тој правец, па и повеќе од ова.“ – вели Стојановиќ. Целта на градскиот клуб е да се најде помеѓу првите 4 екипи што носи пласман во европските к…

Јун 11, 2013

Охридското Супер радио, најслушанa локална радио станица во РМ

Охридското Супер радио, кое минатата година прослави 20 години успешна работа и официјално е најслушаната локална станица во Република Македонија.Според анализите од 15-ти април објавени на официјалната страна на Советот за радиодифузија на Република Македонија, Супер радио со уддел од 14,7 % е водечката локална радио станица во државата.- Јас можам само да искажам огромна благодарност до целиот тим на Супер радио, до сите кои со еден мал дел во моментов, но и годиниве наназад ставија по една коцка во мозаикот наречен Супер радио. Искрена благодарност до сите нив, но секако и до сите наши д…

Јун 10, 2013

Формиран Советот на градски татковци

Формиран охридскиот Совет на градски татковци. Избрани се најдобрите поединци и компании кои ќе пронаоѓаат најдобри решенија за стимулирање на претпримништвото и привлекување на домашни и странски инвестиции, истакна градоначалникот Никола Бакрачески  кој  е на чело на овој Совет. Деветнаесетмина  охриѓани од различни дејности од денес се  дел од локалниот економски совет, кој треба да придонесе за  економски просперитет на градот.   „За да и се помогне на локалната економија треба да се направи поврзување на сите субјекти во сферата на економијата, почнувајќи од телата и институците во Лок…

Јун 10, 2013

Долга дискусија за дневниот ред од шестата седница на совет

Советниците на денешната шеста седница на совет дискутираа исклучиво за точки од предложениот дневен ред и покрај обидот на опозицијата да вметне уште неколку точки, а кои по подолга дискусија не беа прифатени. Имено предлозите на координаторот на советничката група на СДСМ Томислав Тунтев кој побара советот да добиe Информација за активностите на Плаошник, информација за инвестицијата на Субрата Рој за Љубаништа и информација за Аеродромот за вода,  советот не ги прифати.  Сепак ставот на Тунтев е дека советниците и охриѓни имаат право да знаат што се гради на Плаошник и што се случува вон…

Јун 8, 2013

Се изловува рибниот фонд на Слатинско Езеро

Рекреативните риболовци од здружението Св Апостол Петар, денес отпочнаа со излов на рибниот фонд од акомулацијата Слатинско Езеро. Како што веќе од таму укажаа, Слатинското Езеро е пред еколошка катастрофа поради напукнување на браната, која го спушти нивото на водата од 9 на еден метар. Првиот човек на општина Дебрца, Игор Трајкоски, вели дека изловот на рибниот фонд е само времено решение и смета дека рибата набрзо ќе се врати во истата акомулација наесен, после санирање на браната за што потврда добил од Министерството за земјоделие.„Со напорите што ги направи концесионерот Св Апостол Пе…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top