Како резултат на преземени мерки и активности од страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад на 03.03.2021 околу 21.00 часот на влезот на село Радожда, струшко, на брегот на езерото било спречено криумчарење на марихуана.
Пронајдената марихуана била пренесена од Република Албанија и била наменета за продажба во Република Северна Македонија. По расчистување и документирање на случајот, по насоки на Основнот јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена кривична пријава…
Млади, но афирмирани уметници ќе ја добијат честа да ја отворат сезоната во летната кино-бавча. Од утре па се до недела малата сцена ќе биде вистински центар на урбаната уметност. Овие три дена ќе се одржува УФО фестивалот кој ќе понуди еден интересен спој на уметности.
Не станува збор за класичен фестивал на кој публиката и уметниците се статични, туку повеќе се работи за еден целокупен интерактивен перформанс.„Ќе имаме еден несекојдневен фестивал. На исто место ќе се цртаат графити, ќе има музички перформански, оригами работилница, изложби на слики, изложба на уметнички фотографии, изложб…
Се чистат депониите и сметот, пред муслиманските гробишта. Целта, како што истакна првиот човек на градот, Никола Бакрачески е подеднаков третман на христијанскиот и муслиманскиот дел од гробиштата „Овој отпад е наталожен од времето на претходното раководство и како затекнат проблем, пристапивме кон негово решавање“ , додава Бакрачески.„Пристапивме со расчистување на депониите и сметот и средување на тротоарите, улиците, ивичњаците парковите во христијанскиот дел на гробиштата, сега почнуваме да го правиме истото тоа со муслиманскиот дел на гробиштаат и во таа насока таа принципиелност кај …
Поискусните земји ги пренесуваат своите искуства, а останатите своите планови за справување со овој проблем. После Австрија земја со најниска стапка на невработеност е Германија. Претставникот од сојузното министерество за труд и социјлни работи од Германија, Волвганг Ондорг, вели дека земјата се соочила со сериозно намалување на економскиот раст по кризата од 2008 год, но додава дека се спревиле со овој проблем и веќе по една година од кризата успеале да постигнат подобра регионална соработка и раст од три проценти кој следел во следните години, со што успеале значително да ја намалат н…
Денес се повтори постапката за јавното наддавање за поставување на урбана опрема. Согласно Решението донесено од страна на Градоначалникот за поставување на урбана опрема се поништи делот на јавното надавање кое се одржа на 04.06.2013 година. Претходното јавно надавање се поништи бидејќи од Комисијата надлежна за спроведување на огласот и извештајот од одделението за јавни набавки, констатирани се низа неправилности во поглед на спроведување на постапката за издавање на микролокации за поставување на урбана опрема.
Портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски вели дека заложба на Гр…
Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Врбјани, декеска ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
Градоначалникот и неговиот тим денес направија обиколка на спортските терени на СРЦ „ Билјанини извори“. Разгледаа во каква состојба се објектите и кои се можностите за развој на спортските содржини на единствениот спортско рекреативен центар во градот. Спортскиот центар плански ќе се развива и она што ќе се гради сега ќе има ефект во следните години, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Тој најави дека ќе се гради и долгоочекуваниот затворен базен. „ На почетокот на идната година ќе почне изградбата на затворен базен. Разгледани се можнсостите за развој и на други спортови на вода.С…
Пред три години, на денот на големиот христијански празник Спасовден, лесковчани срамежливо но сигурно започнаа една нова традиција поврзана со нивната селска слава. Пред три години здруженито на граѓани „Спасовден“ од Лескоец за прв пат го организираше фестивалот на препеани македонски фолк песни „Фолк Фест Спасовден“.
Но она што тогаш започна како мал, локален настан, полека се претвора во нешто многу поголемо, а од годинава добива и меѓународен карактер.„Годинава успеавме да добиеме најавено присуство на врвни имиња од македонската естрада, а имаме чест и да ни присуствуваат и специјални…