По повод „Денот на езерото“, 21 јуни, Велосипедскиот клуб „Еко Дром“, традиционално по четврти пат ја организира рекреативната кружна тура околу Охридското Езеро. Оваа тура Охрид – Струга – Поградец ,сеуште не може да да има професионален карактер, поради недостиг на финансиски средства вели Александар Јовановски од „Еко Дром“, но сепак како организатори се потрудиле годинава да воведат новина. „Новинка оваа година е моментот и соработката која што нашиот клуб веќе подолг период ја има со Црвениот Крст од Охрид, дојдовме на идеја овој настан да добие малку хуманитарна позадина. натпреварот…
Викендов пристигнаа уште 9 контењери со што капацитетот на модуларната болница ќе се наголеми на вкупно 55 легла. Исто така се чека и поставувањето на централното снабдување со кислород на објектот.
“Моментално има слободни кревети во модуларната болница, која е отворена за ковид пациенти. Имаме лекари, интернисти, пулмолог и инфектолог кои знаат да проценат кога некој е за хоспитализација а кога не е.“ – изјави директорот Др Горан Балевски.
„Да се надеваме дека во што поскоро време ќе го снема овој зол вирус и оваа модуларна Ковид болница ќе прерасне во поинаков тип на болничка установа“…
Децата од 7-12 години најзаинтересирани за надворешниот изглед. За тоа зборуваат резултатите од психолошкиот осврт, кој беше направен во рамките на акцијата „За посреќно детство“. Иако пред младите охриѓанчиња беа претставени повеќе занаети, книговез, резбарство, автомеханичарство, изработка на свеќи, сепак младите заинтересирани за маникир, педикир, фризура и шминка, открива психологот Александра Џуклеска.„Загрижувачки е тој факт што децата многу малечки, значи сеуште не се влезени во пубертет, а пројавуваат толку голем интерес за надворешниот изглед. Тоа е многу загрижувачки и најмногу …
„Делфина 2012“, годинава ќе работи трета година по ред е подготвена да ги прими сите млади деца непливачи, но и сите оние кои сакаат да ги доусовршат техниките на пливањето. Професорот по пливање Соња Думбалова Делова вели дека најдобро е со пливање да се започне од 5 годишна воздраст, а од 4 години со игри на вода. Таа признава дека идеална група би бала од 14 дечиња.„Ние сме еден тим кој ќе работи под мое раководство. Тоа се рекордери во пливање, пливачи кои достигнале рекорди и добивале медаљи. Тие можат многу добро да ја дефинираат не само воздраста туку и техниката во пливањето, демон…
Во координација со претставници на хотелско-угостителските објекти од нашиов град, Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, го иницира одржувањето на овој културен настан, чијашто цел е преку збогатување на туристичката понуда да се зголеми бројот на туристи во овој период од летната туристичка сезона.„На мое огромно задоволство и посетеноста на самиот состанок беше огромна и реакцијата беше фантастична, затоа што сите без никаква примедба ја прифатија оваа иницијатива, се сложија да ги исполнат оние обврски кои се преземени од нивна страна и се надевам дека на вако…
Дополнителни мерки за заштита на патниците од самоволието на некои охридски таксисти. Покрај задолжителните налепници со цени за превоз и лиценци истакнати на видно место ќе следува и фотографија за идентификација на таксистите. Локалната самоуправа и сопствениците на такси компаниите заедно со надележните инстутуции бараат начин како да се справат со злоупотребите кои ги прават некои несовесни возачи. Сашо Поп Доневски, претседателот на здружението на приватни такси компании укажува дека проблемот не е во нив туку во таксистите кои ги злоупотребуваат такси компаниите. „ Со обележувањ…
За нецели 3 и половина години, во Вевчани офанзивно се вложува во изградба на енергетско ефикасни објекти.
Општинската зграда на Вевчани, речиси целосно е пренаменета во ваквиот модел. Сменета е ПВЦ дограма, термо фасада, поставени се фотоволтаици. Исто така, фотоволтаици се поставени и во другите објекти, спортската сала, основното училиште, на Туристичкиот центар Вевчани.
Во центарот на Вевчани, изграден е модерен и зелен парк, во завршна фаза е ѝ изградбата на пречистителната станица за отпадни води. Со тоа се заштитуваат реките од понатамошно загадување.
Охридската Детска градинка го опипува пулсот на родителите за воведување на двосменско работење во установата. Идејата потекна од изборната програма на првиот човек на градот Никола Бакрачески, вели в. д. директорката на градинката Роза Костеска.„Во моментов тече една анкета со родителите кои што веќе ност деца во градинката да видиме колкав е нивниот интерес. Исто така ги злоупотребивме вашите медиуми во една прилика во која што кажавме родителите кои што се заинтересирани да се обратат во службите во градинката. Кој е заинтересиран нека дојде во службите на градинката од 8 и 30 до 16 и 3…