Сеп 30, 2020

870 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице

Во текот на изминатото деноноќие (29/30.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 870 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Сеп 29, 2020

Ротациони светла и сирени за починатата медицинска сестра и за подигнување на јавната свест за Ковид 19

Возила за брза помош на Здравствен дом и Општа болница Охрид, со вклучени сирени и ротациони светла, денеска точно напладне, и’ оддадоа последна почит на прерано  починатата медицинска сестра Дијана Димоска и на сите жртви на Ковид-19. Возилата во колона тргнувајќи од Здравствен дом до Општа болница и по Булевар Туристичка направија обиколка по охридските улици со цел да влијаат на подигнување на јавната свест кај граѓаните за заштита и спречување на ширењето на вирусот.Од Општа болница Охрид потсетуваат на едноставните поуки за спречување на ширењето на вирусот и апелираат до граѓаните дек…

Ное 10, 2021

Филипче: Во пораст бројката на новозаболени од ковид-19

Епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новите случај на Ковид-19, почнувајќи во периодот пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи се зголемува во однос на минатите недели, односно е зголемен за 25 проценти, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Филипче посочи и дека расте и факторот на преносливост на вирусот. Јасно е дека сега ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка состојба која ја имавме – нагласи министерот. Ваквиот раст може да се каже дека е очекуван имајќи предвид што се случува во зе…

Сеп 29, 2020

Туристичките агенции се задоволни од четвртиот сет економски мерки

Туристичките агенции задоволни од донесените владини економски мерки. Со нив, сметаат дека од банкрот ќе се спасат постабилните туристички агенции кои беа најпогодени од корона пандемијата. Иако помошта доаѓа малку подоцна секако е добредојдена, вели Јаким Маленко од ТА „Вис Пој“. Маленко кажува дека голем товар во работењето им било тоа што биле оставени сами на себе да се снаоѓаат за плати и режиски трошоци во месеците јули, август и септември . „Туристичките агенции останаа на работ на егзистенција затоа што освен неколку поголеми тур оператори од државата кои подигна неколку чартери за…

Сеп 29, 2020

Четири нови случаи во Охрид, a 112 нови случаи на Ковид-19 во земјава за 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 46 – Куманово 7 – Штип 1 – Прилеп 2 – Тетово 1 – Струга 6 – Велес 4 – Битола 7 – Охрид 4 – Гостивар 3 – Струмица 11 – Радовиш 3 – Кочани 4 – Пробиштип 1 – Берово 1 – Валандово 1 – Виница 1 – Делечево 1 – Кратово 1 – Свети Николе 4 – Кичево 2 – Ресен 1 Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г). Денесkа Институтот за јавно здравје регистрира 159…

Сеп 29, 2020

ЈЗУ “Св Стефан“: Грижата за срцето токму сега е поважна од било кога

Од ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“- Охрид  по повод 29ти Септември  Светскиот ден на срцето  порачуваат  дека медицинските тимови и во услови на пандемија се тука за своите пациенти и граѓаните.Во време на КОВИД 19 пациентите со Кардиоваскуларни заболувања се соочуваат со двојна закана, не само што се во ризик да развијат потешки форми на болеста туку тие можат и да се плашат да ја побараат потребната грижа за нивното кардиоваскуларно здравје!, велат од болницата. „Ние како институција која близу четири децении…

Сеп 29, 2020

РЕКОНСТРУИРАНИ САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“

Како дел од проектот за локална и регионална конкурентност, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се изведе целосна реконструкција на санитарните јазли. Проектот е финансирани од Европска унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија и општина Охрид. Вредноста на проектот изнесува 574.695 денари.

Сеп 29, 2020

Утре во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. Септември 2020 година (среда), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата, ќе мора …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top