Јул 30, 2013

Прва изложба по 17 години на Јордан Манасијески во родниот Охрид

„Апстинирањето јас би го нарекол како созревање. Исто тоа се моменти како овошјето и плодовите од природата, така и сликарот ги чека вистинските денови кога ќе созрее и кога ќе може да се претстави со полно задоволство, со полна доверба пред светот и гледачите, и јас мислам дека бев трпелив.“ Со оваа филозовска мисла, доајенот на македонското сликарство, Јордан Манасијески после долга пауза ја најави својата прва изложба во родниот Охрид. Изложбата насловена како „Приказна за светите простори“ е контраст од две различни фази во творештвото на Манасијески.„Очигледно е, не би сакал да нагласу…

Јул 30, 2013

Села: На Струга и се земаат, а на Охрид му се даваат средства

Централната власт при распределба на средства од државната каса за Охрид мајка, а за Струга маќеа. Ваков е впечатокот на струшкиот градоначалник Зијадин Села. Ова доаѓа откако како што обелодени Села, од буџетот на општина Струга, Централната власт одзела 100 000 евра, средства за сервисирање на долг од кредит на МЈП „Проаква“, од кој пак 90% ос средствата односно инвестицијата биле за Охрид.„Денес ни се одземени од буџетот на општина Струга 6 милиони денари или 100 000 евра. Тоа се пари на граѓаните на општина Струга кои се одземени од страна на централната власт. Ова е веќе 400 000 евра к…

Мар 16, 2021

Охриѓани се жалат на нерегуларности во трговијата со прехрана

Охриѓани упатиле 32 претставки до ОП за само два месеци оваа година. Најчесто претставките се однесувале на забележани нерегуларности во продавниците со прехраната, информира Катерина Павловска од охридската ОП. „ Се однесуваа поплаки на граѓаните поврзани со производи со изминат рок на употреба. Чоколади, млечни производи,паштети, тестенини. Потрошувачите реагираа и на еден производ со сомнителен квалитет. Неколку потрошувачи реагираа за тетрапак сок кој не бил со изминат рок туку со сомнителен вкус и мирис. Веднаш е пријавен до Дирекцијата за храна и се превземени се законски мерки порад…

Јул 30, 2013

Иницијатива за возобновување на Св. Климентовиот Универзитет

Иницијатива за возобновување на Св. Климентовиот универзитет, но не оној кој се гради на Плаошник, туку институција која ќе ги обедини постоечките високо образовни институции во градов. Оваа идеја членот на Локалниот економски совет, Стефан Буџакоски,  ја пезентираше пред советот на градските татковци. Бучакоски потенцираше дека ицијативата се темели врз основа на интегрирање на постоечките образовни институции на подрачјето на Охрид во еден универзитет и вклопување на универзитетот кој што ја има историската димензија.  „Идејата произлегува од духовните вредности на Св. Климент преточени в…

Јул 29, 2013

Промовирана Стихозбирката „Помнам“ од Ристо Јачев

„Секој Автор пишува една книга цел живот. Од мојата прва песна до поледнава книга по самите наслови ќе видите дека пишувам една песна , обработувам еден регион, говорам за едни исти луѓе , а помнам затоа што се враќам во едно минато определено свршено време во времето кога не прогонуваа низ егејските шуми“, вели Јачев. „Минатата година објавив роман во кој микс правам на две војни граѓанската војна од 1946 – 1949 год. во егејска македонија и 2001 год. овде. Многу од нашите издавачки куќи не објавуваат повеќе поезија. Проза да но поезија не . Тоа е став на куќата“, вели писателот Ристо Јаче…

Јул 29, 2013

Градските татковци ќе го подобруваат имиџот на Охрид

19 те членови на Локалниот економски совет денеска дискутираа за изнаоѓање можности за корекција на цените во угостителските објекти, со што би се подобрил имиџот на Охрид како туристичка дестинација, потоа за подготовките за изработката на физибилити студија за изградба на скијачки центар на планината Галичица, излагање на членовите на советот за нивните визии околу економскиот развој на Охрид, поголема промоција на Охридскиот пливачки маратон и разгледување на иницијативата за возобновување на Светиклиментовиот универзитет. Првиот човек на Охрид градоначалникот Никола Бакрачески смeта дек…

Јул 29, 2013

Охриѓани се информираа за сидата на ХИВ караванот

ХИВ караванот кој вчера се одржуваше на плоштадот „Крушевска Република“ вистинска атракција за охриѓани. Од музички хепенинг со познати ѕвезди од македонската музичка сцена, до делење на информативни флаери за СИДА-та и драмска изведба на волонтерите од Црвениот крст од Охрид. Целта на овој караван е да се запознае заедницата, охриѓани со она што невладината организација „Опција“ од Охрид го спроведува како превентивни програми поврзани со ХИВ Сидата и хепатитисот, како и нивната работа со целните групи на сексуални работници и нивните семејства и корисниците на дроги.„Преку драмите беа пре…

Јул 29, 2013

Класиката на Молиер, „Тартиф“ , вечерва на Охридско лето

Драматуршката класика на Жан Батист Молиер, „Тартиф“ вечерва на програмата на Охридско лето. Оваа приказна за лицемерието добива многу поширок контекст благодарение на Битолскиот народен театар кои при работењето на „Тартиф“ најпрво тргнале од сите моди кои се случуваат во религијата, за потоа да ја опфатат и политиката и да дојдат до концептот „лицемерие и наивност“.„Тартиф е една од најновите продукции на битолскиот народен театар. Ја направивме некаде на почетокот на оваа година, се разбира од националната програма за култура на Министерството за култура и одтогаш ја имаме изиграно некол…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top