Сеп 4, 2013

Секторот за ТЛЕР повторно ќе ги става во употреба инфо-пунктовите

Инфо-пунктовите поставени за подобро информирање на туристите веќе подолго време не функционираат. Овие инфо-пунктови со екрани на допир, првично беа поставени уште во 2011та година, и тоа на пет локации. Еден пункт беше поставен на градскиот плоштад, еден пред општината, еден кај новата автобуска, и по еден кај стариот чинар и на влезот од градот пред инфо-центарот. За жал во моментот, ниту еден од нив не е во функција. Сегашниот раководител на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолоски вели дека нивните служби во моментот прават анализи во каква состојба биле наследени инфо-пунктовите, но и правн…

Сеп 4, 2013

Дива депонија ја задушува Галичица

Дива депонија задушува дел од просторот на НП „Галичица“. Депонијата од смет, во и околу контејнерот на патот кон месноста Велестово претставува грда слика за посетителите на паркот, но и за мештаните. И не само тоа, расфрланото ѓубре го уништува зеленилото во тој дел и претставува собиралиште на кучиња, лисици и останати животни кои за да дојдат до храна го растргнуваат и влечкаат насекаде низ зелената површина на паркот. Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа, вели дека неодамна оствариле средба со претставниците на МЗ со цел да се запознаат со проблемите со кои се соочува…

Мар 19, 2021

ПОРАДИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ СЕ ВОВЕДУВА НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Општина Охрид од 20.03.2021 година (сабота) ќе започне со градежни активности за реконструкција на дел од улицата „Јане Сандански“ на потег од кружната крстосница со булевар „Туристичка“ до кружната крстосница со улица „Сирма Војвода /Даме Груев“. За таа цел на овој потег ќе отпочне да важи времен режим на сообраќај по кој мора да се придржуваат учесниците во сообраќајот, се додека траат градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа. Активностите ќе ги изведува „Вардарградба“ ДОО Скопје. Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализациј…

Сеп 4, 2013

Тегла ајвар колку килограм месо

Почна сезоната на ајварот. Ретко кој не го сака овај наш македонски специјалитет, ама оваа зима се помалку ќе го има на трпезата. Килограм црврени пиперки чинат од 30 до 40 ден. па според некои пресметки тегла ајвар ќе чини колку килограм месо. Домаќинките кои подготвуваат зимници велат дека трошат 4 килограми пиперки за една тегла ајвар од 800 грама. Според нив ајварот е прескап и многумина ќе се одлучат да купат по некоја тегла од маркетите колку за мерак. Оние тврдокорните , ќе треба да го одврзат ќесето.Единствена олеснителна околност е што маслото за јадење поефтини за десет денари па …

Сеп 4, 2013

Агентите за недвижности бараат побрза урбанизација на потегот Билјанини извори – Пештани

Во Охрид има околу 3000 слободни станови за продажба, велат агентите кои работат со продажба на недвижности.  Од нив над 2500 се нудат преку агенциите, а останатите се нудат на разни други начини. Оваа бројка на станови е многу голема за град од 50.000 жители и дефинитивно  пазарот со недвижнсоти е презаситен, укажува на ваквите состојби агентот за продажба на станови и куќи, Александар Трајчески од агенцијата за недвижности Енхалеја. Трајчески смета дека на градот му е потребна промена во градежната политика.„ Да  не се иневстира во големи згради туку во хотелски обејкти кои ќе вработуваат…

Сеп 3, 2013

Наградата „Климе Савин“, за Думбалова Делова

Не смее да згасне пливањето во Охрид, колевката на познатите охридски маратонци. Кон тоа тежнее проф Соња Думбалова Делова. Доколку летово го посетивте базенот Атина Бојаџи, неизбежна ќе ви беше средбата со неа и бројната група на деца, кои беа желни да научат да пливаат. Сега на самиот крај од сезоната Думбалова ги сумира резултатите од летната пливачка школа „Делфина 2012“, односно како што и самата кажа, горда што 320 деца ги научи да пливаат.„Многу успешно со многу голема бројка на посетеност, децата научија да пливаат и сите се способни да оливаат во големиот базен. Тоа ни е императив …

Сеп 3, 2013

Обезбеден надоместот за патни трошоци на наставниците

Просветните работници кои одржуваат настава во руралните средини  патните трошоци нема да ги плаќаат од свој џеб. За тој надомест годинава ќе се погрижи Локалната самоуправа. Преговорите помеѓу претставниците на секторот за образование при општина Охрид со претставниците на СОНК кои деновиве интензивно се водеа вродија со плод вели претседателот на Синдикатот, Аце Речкоски.„Резултатот од последната средба што ја имавме со претставниците од Локалната, наидовме на разбирање од нивна страна, значи бесаплатниот јавен превоз на просветниот кадар  кој што ќе патува ќе биде комплетно покриен од ст…

Сеп 3, 2013

Македонија богата со мозаично културно наследство, сиромашна со конзерватори

Балканот, Македонија, а особено нашиот Охрид располагаат со огромно мозаично културно наследство кое мора да биде сочувано. Конзервацијата и реставрацијата на мозаици е специфична уметност која бара сериозен пристап како не би се изгубило ова огромно наследство. За жал сеуште е мал бројот на конзерватори и реставратори кои би работеле на заштита и враќање на стариот сјај на овие мозаици, но малата бројка на конзерватори според академскиот сликар и конзерватор, Никола Упевче не е проблем со кој се соочува само нашата земја, туку и  целиот регион. Овој проблем, Упевче вели дека ќе го решаваат…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top