Сеп 12, 2013

Социјални работници во обиколка на руралните средини во Охрид и Дебрца

Грижата на државата ќе ја почувствува и населението од руралните средини во Охрид.Започна проектот „Отворени денови за социјална заштита“. Секоја среда во периодот од септември до ноември годинава стручни тимови од Центарот за социјална работа од Охрид, ќе одат во посета на населените рурални средини на подрачјето на општина Охрид и Дебрца, со цел да ги детектираат, превенираат и да го спречат настанувањето на социјални ризици, како и на граѓаните да им помогнат полесно да ги остварат своите права од областа на социјалната заштита. Првиот човек на Центарот за социјална работа Охрид, Екрем К…

Сеп 12, 2013

Изложбата „Убавините на љубовта“ пред охриѓани

Изложбата на слики, скулптури и графики, насловена како „Убавините на љубовта“, која пак е дел од интернационалниот ликовен караван „Сета таа убавина“, од денес, па во наредните две недели ќе биде поставена во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Интересно е да се напомене дека оваа изложба покрај во Охрид, гостува низ повеќе градови од нашата држава, но и пошироко во светот. Љубителите на сликарството, ќе имаат можност да уживаат во убавините на делата на Рубенс Корубин, Васко Ташковски, Ристе Пуцоски, Петар Мазев, Димитар Кондевски од Македонија, како и Петар Лубар…

Мар 22, 2021

Денес се слави христијанскиот празник Свети 40 Маченици – Младенци

Светата Православна црква денеска го празнува споменот на 40-те војници од Севастија кои го дадоа својот живот за верата на Исус. Во 320 година, 40 војници од еден полк во Севастија одбиле да им принесат жртви на римските идоли и да ги гонат христијаните, по што биле затворени, мачени и осудени да стојат во студена вода. Од нив се барало да се откажат од Исус, но тие не се поколебале и сите измрзнале со молитва на усните. Според православниот календар, Младенци е ден на младите брачни двојки, кои се венчале во текот на минатата година. На овој ден се оди во домовите на младите брачни дв…

Сеп 11, 2013

Охридските ракометари ја започнуваат Суперлигашката авантура

Охриѓани годинава ќе имаат привилегија на свој терен да следат Суперлигашки ракомет, а сето тоа благодарение на момците од ракометниот клуб Охрид 2011. Тие, за само неколку дена, во недела, ја започнуваат својата Суперлигашка авантура. Со своите игри, залагање, борбеност и посветеност во изминатите две сезони, овие момци покажаа и докажаа дека знаат ракомет. Тие во последен момент и благодарение на локалната самоуправа, но и локалните бизнисмени го фатија возот за ракометната елита, откако беа условно претворени во акционерско друштво што беше првиот услов за настап во Супер лигата. Сепак з…

Сеп 11, 2013

Продолжениот престој и оваа година ќе функционира

Родителите можат да бидат мирни. Продолжениот престој во рамките на ОУ Григор Прличев и градинката Јасна Ристеска и оваа година ќе функционира. Веќе се запишани 43 дечиња на возраст од шест до десет години кои се згрижени од стручен персонал од градинката кој поседува соодветно образование за одделенска настава. Се очекува овој број да се зголеми бидејќи уписите траат до крајот на септември. Цената на чинење за целодневниот престој е иста како во градинката и изнесува 1590 ден. а во неа покрај престојот се вклучени и три оброци, кажува Роза Костеска-директорката на  Јасна Ристеска.Костеска …

Сеп 11, 2013

Охрид доби специјализирана продавница за здрава храна

По Прилеп, Струмица и Куманово „Компанијата Бако од денеска и во Охрид.  Оваа специјализирана продавница за здрава храна работи под слоганот „Вкус кој не се заборава“.  Сопственикот на компанијата Омер Фејзуловски со гордост зборува за растот на фирмата, за сопственото  производство и ланецот на продавници кои го имаат низ земјава. „Очекуваме дека охриѓаните ќе бидат задоволни. Квалитетот ни е број еден. Хранете се здраво, живејте подолго со производите на Бако и се надеваме дека охридѓаните ќе бидат задоволни. Имаме квалитет и наше фабричко производство имаме 150 производи“, вели сопствени…

Сеп 11, 2013

Пензионерите нема да oстанат без дрва

Огревното дрво и оваа сезона им создава главоболка на дел од охридските пензионерите. Претседателот на здружението Ѓорги Трпчески,  вели дека и покрај некоректниот однос на одговорните од ЈП Македонски Шуми кои го прекинале договорот за снабдување на огревно дрво со Здружението на пензионери на Охрид, сепак сите пензионери кои се запишани на списокот ќе ги добијат дрвата до крајот на септември. „Немаме денар долг кон ЈП Македонски Шуми, нека го слушнат ова не должиме, бидејќи вршеа притисок не направивме наше внатрешно да помогнеме. Ние немаме некоја залиха однапред да платиме, дури однапре…

Сеп 10, 2013

Охридските фирми „заборавиле“ да си ги подигнат електронските здравствени картички

Фирмите во Охрид доцнат со подигнувањето на електронските здравствени картички за своите вработени. Вака велат анализите кои ги направил Фондот за здравствено осигурување. Советникот на директорот на Фондот, Бранко Аџигогов, вели дека за разлика од фирмите, во подрачната единица во Охрид, далеку поажурни биле невработените и пензионерите иако според Аџигогов тоа е нелогично со оглед на фактот дека фирмите можат да подигнуваат поголем број на електронски здравствени картички одеднаш.„Во подрачната служба Охрид, 25000 охриѓани веќе ги имаат подигнато своите електронски здравствени картичко, ш…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top