Окт 3, 2013

Успешна посета на градоначалникот Бакрачески во САД

Плодна посета на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески во САД. Тој зеде учество на светскиот симпозиум за интервентна кардиологија, каде ги презентирал сите високи достигнувања на охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања, а со свои презентации се претставиле и неколку доктори од клиниката за кардиологија.„Беше успешно претставен програмот во кој што морам со гордост да кажам дека Македонија е лидер во регионот и пошироко по застапеност на процедури кои се изведуваат со трансрадијален пат, порано како што и сите знаете сите процедури во интервентната кардиологија се изведуваа тра…

Мар 24, 2021

Голем број на сообраќајни несреќи со фатални последици на патниот правец Охрид-Кичево

Од почетокот на 2021 година до денеска, на патниот правец Охрид-Кичево, регистрирани се 15 сообраќајни незгоди со 10 тешко повредени лица и 01 жртва, додека, во текот на 2020 година, евидентирани се вкупно 69 сообраќајни незгоди со 33 тешко повредени лица и 02 жртви. Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, од почетокот на годинава извршила вкупно 174 зајакнати акциски контроли кон сите учесници во сообраќајот во кои, 10 возачи биле затекнати како управуваат моторни возила под дејство на алкохол а 58 ја пречекориле дозволенат…

Окт 2, 2013

Се обновуваат две релации на градскиот линиски превоз

Повторно ќе се воведе градски линиски превоз на двете релации на кои се возеше пролетта, а кој згасна набрзо после неговото воспоставување.  Граѓаните, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје реагира дека овој позитивен гест на тогашната локална  треба да се продолжи. Едната линија од градскиот превоз беше на релација Гоце Делчев-Јане Сандански-Булевар Туристичка- Железнилка па до автобуската. А другата линија се одвиваше вдолж улицата 7ми ноември-Булевар Туристичка- Асном- населбата Гоце Делчев до автобуска. Превозот го вршеа АД Галеб Охрид и Димакс…

Окт 2, 2013

Еднаш месечно Бакрачески во обиколка на градот

Се надѕира крајот на маките со кои се соочуваат жителите на ул . Петрино. Како што во неколку наврати информиравме, работите околу асфалтирањето на овој потег се одолговлекоа, за што од Локалната самоуправа од Охрид имаа и образложение. Денес на лице место на ул. Петрино, беше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, заедно со неговиот тим составен од раководители на сектори како и од директорите на охридските ЈП. Бакрачески најави дека во моментов течат активностите околу доизградба на водоводно канализационата мрежа а веднаш потоа ќе се асфалтира тој потег со цел граѓаните на оваа ул…

Окт 2, 2013

Во холивудска потера, полицијата заплени 86 килограми марихуана кај Ботун

Полицијата успеа да заплени 86 килограми висококвалитетна марихуана кај селото Ботун. Акцијата, полициските службеници ја спроведоа околу 1 часот утринава, во близина на превојот Пресека. При обид за контрола на патничко моторно возило АУДИ А4 со охридски регистарски таблички, возачот (С.А) 34 годишен, не ги почитувал наредбите на полицијата, свртел полукружно и се упатил во правец на Охрид. Поради неприлагодена брзина, во близина на селото Ботун неговото возило излетало од патот, по што лицето се дало во бегство. Филмската потера завршила за кратко време, откако полициските службеници успе…

Окт 2, 2013

Локалната со големи планови за земјиштето од поранешната касарна

Пробивање на улица, спортски центар, високо образовни институции,  државни институции, амбуланта, црква, трговски центар“, се дел од содржините кои ќе никнат на потегот на некогашната охридска касарна. Планот кој веќе е усвоен, ќе може да се дефинира откако ќе биде прецизирано колкав дел од земјиштето ќе добие општина Охрид.За овој огромен простор кој во моментов е крајно неискористен, локалната само чека да помине владината процедура за пренамена, по што веднаш ќе се започне со реализација на планот донесен за овој потег. „На ова место донесена е планска документација за урбанизација на ов…

Окт 2, 2013

Градинката „Јасна Ристеска“ бара доградба и изградба на 2 нови објекти

Во моментов во сите објекти на детската градинка „Јасна Ристеска“ се згрижени 878 деца. На листа на чекање се само 20 тина деца. Групите се преобемни, а слободни места нема, со исклучук во групите на албански и турски јазик,  информира Розе Костоска, директор на градинката. Повеќе од неопходна  е потребата од изградба на нови детски градинки во Охрид и приградските населби.  Интересот на жителите  од Велгоши и Лескоец за сместување на децата во градинка во овие две населени места е огромен па се  јавува потреба од формирање на градинка,  а не само од групи, појаснува Костоска.  До ресорното…

Окт 2, 2013

Во прекин осветлувањето на дел од регионалниот пат Охрид – Свети Наум

Осветлувањето на дел од регионалниот пат А3, Охрид -Св. Наум, речиси еден месец во прекин, реагираат граѓаните, кои живеат во пригратските населби на Охридското езеро. Велат дека делот на оваа сообраќајница и тоа  од „Хидробиолошкиот институт“ па се до клучката кај хотелот „Инекс Горица“, е во целосен мрак. Опасноста е дотолку поголема, бидејќи станува збор за дел од сообраќајницата на која во минатото се случувале голем број сообраќајни незгоди. За објаснување се обративме до Јавното претпријатие „Државни патишта“.Кирил Каркалашев помошник раководител на Секторот за одржување при Јавното п…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top