Окт 5, 2013

Уникатноста на црквите и градбите од Дебрца претставени пред охриѓани

Во јавноста многу малку е познат фактот дека и дел од Дебрца е ставен под заштита на Унеско. На овој простор има голем број цркви и манастири кои долго време се истражувани од охридските историчари на уметност. Научно истражувачката работа тим од Завод  и Музеј резултираше со изложба од истражувањата на  терен.  Внатрешноста на овие сакрални објекти се исполенти со велелепни фрескоживописи и иконографија што зборува за умешноста и генијалноста на македонските зоографи, вели Гоце Ангеличин Жура, историчар на уметност  од охридскито Завод и Музеј. Жура во соработка  со колегите, Јорданка  Мат…

Окт 5, 2013

И Охриѓани чистеа за „Македонија без отпад 2013“

И Охрид дел од големата еколошка акција „Македонија без отпад 2013“. Охридската акција се спроведе на калето, почнувајќи од паркингот пред Горна порта до месноста Лабино, потоа околу Самоиловите тврдини, локалитетот Плаошник па се до црквата Свети Јован Канео. Од рано изутринава екипи од ЈП „Охридски Комуналец“, го собраа сметот на овие неколку локации, а потоа истиот беше подигнат од вработени во претпријатието. Годинешната акција беше поддржана и од општина Охрид. Главен организатор на големата акција е Министерството за животна средина и просторно планирање, од каде велат дека загадување…

Окт 5, 2013

Изложба од скутини и парови чорапи дел од нашата традиција

Петнаесетина примероци на скутини и чорапи се изложени пред љубителите на народната уметност. Станува збор за делови од облека без кои не може да се замисли нити една народна носија, појаснува етнологот м-р Марија Каневче, автор на изложбената поставка во организација на Завод и Музеј. Избрани се најрепрезентативни примероци од повеќе делови на Западна Македонија, кажува Каневче. Додава дека тие се дел од нашата традиција и дело на македонската вешта жена која рачно ги работела овие предмети за облекување. „ Скутините биле ткаени, најчесто со две дипли, хоризонтално и вертикално поставени. …

Окт 4, 2013

Со квалитетно образование и соодветна пракса до развој на туризмот

  Симбиоза на науката и праксата. Тоа е формулата за развој на туризмот и туристичкото стопанство, велат стручњаците. Во последните десет години се повеќе се работи на зголемување на предметите со практичен дел на факултетите за туризам. Охридскиот факултет за туризам и угостителство обучува стручен кадар кој веднаш по завршувањето на студиите може дасе вклучи во туристичкото стопанство, вели Сашо Коруновски, деканот на ФТУ. Врската помеѓу факултетите, хотелиерите, ресторатерите и сите останати инволвирани во развојот на туризмот треба да станува се поцврста, додава деканот. Со таа цел овој…

Окт 4, 2013

Прво академско и аргументирано видување на Охридско-Дебарското востание од 1913-та година

Прво академско и аргументирано видување на Охридско-Дебарското востание од 1913-та година, настан чиешто неодамнешно одбележување од страна на албанските и бугарските историчари, предизвика низа бурни реакции во јавноста. Само за информација пред десетина дена  бугарски и албански историчари на симпозиум во организација на општина Струга востанието од 1913 година го нарекоа албанско бугарско. Зоран Тодороски директорот на Историски архив на Република Македонија истакна дека недозволиво е да се подигнуваат спомен плочи во чест на албанските востаници испишани само на албански јазик, кога спо…

Окт 4, 2013

Холивудско мени на ФТУ

Ставено во функција реновираното бифе на Факултетот за туризам и угостителство. Преку овој гламурозен коктел со специјално приготвено мени, ФТУ денеска не само што го стави во функција бифето, туку и најави многу новини од кујната на ФТУ. Морски плодови, јастог на камерунски начин, рубен сос, тартар бифтек, црн и црвен кавијар, шкампи во сос од виски и торта Опера бастилја, беа дел ексклузивните јадења од холивудското мени, кое денес го подготвија студентите. „Не треба многу труд за да се понуди екстра вкусна трпеза туку само љубов кон готвењето“, истакна дипломираниот менаџер по диететика …

Мар 24, 2021

Стартува проектот наречен „Охридско езеро-премостување на две земји кон една дестинација“

Станува збор за проект кој е дел од Програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014-2020 година, а во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) “. Овој проект има за цел да ги поврзе граѓаните на двете земји преку Охридското Езеро со обезбедување на соодветна инфраструктура кон врската Струга, Охрид и Подградец каде што граѓаните од двете земји и туристите, преку редовни транспортни линии на двете точки на границата ќе можат да посетат некои туристички дестинации кои се основа на културното наследство во овие две прекугранични обла…

Окт 4, 2013

Воспитувачи од детските градинки од Словенија ја посетија „Јасна Ристеска“

50 тина вопситувачи, негувателки и директорки од Словенија ја посетија охридската централна градинка „Јасна Ристеска“. Директорката на градинката Роза Костеска кажа дека со нивните колеги од Словенија размениле меѓусебни искуства во работењето на установите. Гостите се интересирале за начинот на работа на градинката, како и  за програмите по кои се работи со децата.„ Ние се носиме со европските стандарди, нема критики. Во некои работи дури сме и понапред од нив. Само што кај нас треба да има помал број на деца во групите. Се друго се работи над стандардите. Гостите се воодушевени од простор…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top