Окт 8, 2013

Почесни конзули на Македонија во посета на Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба и работен ручек со 45 почесни конзули во Р. Македонија од целиот свет. Домаќинот, ја појасни целта на оваа несекојдневна средба. Тој истакна дека ја користат оваа ретка можност на директен и непосреден начин, на конзулите да им ги претстават нивните заложби за Локален економски развој на општина Охрид, како и развојните стратегии во туризмот и се она што општината го прави да го подигне стандардот на населението.„Оваа средба ќе ја искористиме да го промовираме градот Охрид како културно и природно наследство на УНЕСКО, да ги промовираме приро…

Окт 8, 2013

Локалната самoуправа бара погодна локација за изградба на марина

Околу 1200 сопственици на пловни објекти регистрирани во Охридската капетанија чекаат изградба на современа марина. Потребата од изградба на прифатилиште за глисерите и чамците е потребна нагласуваат и од Капетанија. Од Локалната самоуправа бараат погодна локација за изградба на марина,  информира портапролот Томе Џамтоски. Постои план за изградба на марина и уредување на крајбрежниот појас во најатрактивното централното градско подрачје и каналот Студенчишта.  „ Реално Локалната самоуправа размислува колку во овој момент според се она што му се случуваше на градот во изминативе 8 години та…

Окт 8, 2013

Заводот за кардиоваскуларни заболувања се осовременува

Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид денес беше извршена првата интервенција врз пациент со новата опрема за интраваскуларен ултразвук која е набавена од Америка. Опремата е набавена со сопствени средства на заводот, а првата интервенција ја реализира поранешниот директор на заводот и актуелен градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески, заедно со доктор Власис Нинос од клиниката Сент Лукс во Солун.Д-р Бакрачески пред новинарите истакна дека новата техника е современа метода која овозможува ултразвична дијагностика  на коронарните крвни садови, интраваскуларен ултразвук, со …

Окт 8, 2013

Нови ветришта ќе дувната во Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

  Кристијан Џамбазоски, новиот директор на Агенцијата за и поддршка и промоција на туризмот најави нов начин на работа на ова тело. Тој кажа дека ќе се применат старите начини на промовирање на туристичките вредности на државава како што се саемите, но ќе се изнајдат и нови форми. Целта е да се направи спој помеѓу класичното и модерното. Џамбазовски вели дека моменталната состојба во агенцијата не е сјајна. Ќе треба време и заеднички ангажман за да се надминат проблемите кои се јавија посебно во изминатите пет месеци кога практично немеше директор на агенцијата бидејќи претходниот директор …

Мар 24, 2021

18 прекршувања на забраната за движење, 631 санкции за неносење маска

Од 22.00 часот (23.03.2021) до 05.00 часот (24.03.2021) констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (23/24.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 631 прекршок. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Окт 8, 2013

Голем фонд на часови, а проблеми со интернет

Учениците од прво до четврто одделение се потешко се справуваат со преголемиот фонд на часови, преоптоварени се и не можат да го следат материјалот, реагираат нивните родители. Само за информација, во прво одделение деветолетка, фондот изнесува 21 час, во второ одделение 25 часа, додека во трето одделение 28 часа. Од Министерството за образование и наука, не го делат ова мислење. Министерот Спиро Ристески вели дека фондот на часови е сосема доволен и соодветен на возраста на учениците.„Програмите се изработуваат врз основа на стандарди кои ги изработува Бирото за развој на образованието, од…

Окт 7, 2013

Исечено стебло и гранки во коритото на Коселска Река опасност од нејзино излевање

Исечено ореово стебло и фрлени гранки во речното  корито опасност да се излее  Коселска Река. Во близина на село Орман екипи на ЕВН  ги исекле стеблото и гранките и истите ги оставиле во речното корито каде се попречува водотекот. Неодоговорното однесување на екипите и доаѓањето на есенските дождови може да предизвикаат поплави од речното излевање, вели земјодeлецот од Орман, Ванчо Стојаноски. Сега стравува да не се повторат поплавите од пред две години. „Повеќе од еден месец вработените од ЕВН кои ја одржуваат трасата од далеководот од Охрид, Орман и Лакочереј, пресекоа еден орев и гранки,…

Окт 7, 2013

„Ние припаѓаме тука“-убавините на прекуграничните региони заробени на фотографии

Отворена изложбата на фотографии „Ние припаѓаме тука“. Денес во изложбениот салон на центарот за култура „Григор Прличев“ беа претставени 160 фотографии од автори од Македонија и Грција, а како дел од проектот за прекугранична соработка помеѓу двете земји. Оваа изложба воедно има и натпреварувачки карактер.„Аматери, професионални фотографи беа поканети да испратат фотографии од прекуграничните области од нашата програма. Тоа се четири во Република Македонија, југоисточниот, вардарскиот, пелагонискиот и југозападниот плански регион. Преку 160 фотографии, избрани се најдобрите фотографии, со …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top