Започна акцијата на чистење канали и речни корита во Охрид и околината. Навременото чистење на реките од отпадоци но и вегетација ќе спречи нивно излевање во текот на зимскиот период. Акцијата ја спроведува ЈП Охридски Комуналец, а зафатите започнаа од каналот кај Езерка. „Ќе се чисти каналот на реката Грашница долж целиот тек онаму каде што има потреба да тоа. Понатака и другите канали кои се дел од програмата на локалната самоуправа. Чистењето ќе биде до оној момент до кога налагаат временските прилики, ќе прекратиме доколку има дождови, а инаку до крајот на октомври рачунаме дека сите т…
Основното музичко училиште „Методи Патче“ претставува вистинска ризница на таленти. Тоа уште еднаш се потврди синоќа, со прекрасните изведби на учениците Ивона Базгалоска на пијано и Даниел Мојсоски на виолина, во чијашто музика уживаа посетителите на хуманитарниот концерт по класична музика во црквата Св.Софија, кој беше дел од свечените активности во рамките на Глобалниот инвестициски самит.Младите охридски музичари, Ивона Базгалоска на пијано и Даниел Мојсоски на виолина, уште една докажаа дека ОМУ „Методи Патче“ од нашиот град е вистинска ризница на млади таленти. Тие синоќа на сите по…
ЈП „Колекторски систем“ ќе продолжи со активностите за санирање на системот за одведување и прочистување на отпадните води. Во нивните програмски активности се планираат одстранување на проблемите кај Воска и препумпната станица Струга 3. За санација на колекторскиот систем се побарани 2 милиони евра средства од државниот буџет, информира Владимир Алексијоски, директор на ЈП Колекторски системи.
„Сакаме сега фрекфентното регулирање на колекторскиот систем да го направиме електронски, со нивометри, како ќе се подига и спушта нивото на водата да се вклучуваат или исклучуваат пумпите кои се п…
Премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во рамки на редовните активности и средби со граѓаните на караванот на Владата на Република Македонија на граѓанска трибина во Охрид. Преставниците на Владата ресорните министри, државни секретари и директори на државни и јавни претпријатија, покрај за оствареното, со охриѓани ги споделија и плановите за иднина. Груевски истакна дека Владата ги исполнува сите ветувања, а едно од нив е дека секоја година најмалку еднаш годишно преку јавна отворена трибна ќе се среќаваат со граѓаните, со цел од прва рака да бидат…
Во село Лескоец Охрид денес беа пуштени во употреба новите простории за згрижување на деца од предучилишна возраст. Лентата ја пресекоа Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и директорката на градинката Розе Костеска. Ресорниот министер Спасов истакна дека со отварањето на новите простории во Лескоец се зголемува капацитетот за сместување на плус 40 деца од предучилишна возраст во општина Охрид, што според него навистина е за пофалба.„Градоначалникот на општина Охрид и сите вработени во општината, како и советниците и претседателот …
Општина Охрид со свечено обраќање на претседателот на совет, Д-р Гордана Коњаноска започна со чествувањето на11 Октомври, денот на востанието на Македонија. Овој ден од македонската историја, не е само симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност, рече Д-р Гордана Коњаноска -претседателката на Совет.Коњаноска подвлече дека на овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот. Нашата историја не м…
Во одбележувањето на 11 Октомври Денот на востанието на Македонскиот народ како и Денот на борецот се приклучија и борците од Охрид и Дебрца. Тие денес положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на НОВ во Паркот на револуцијата„Единаесетти окотомври за Македонија и македонскиот народ како и за националните заедници кои живеат во Македонија го одбележува почетокот на последното востание на македонскиот народ за остварување на сите цели за кои се бореле претходните востаници“ истакна Крсте Крстаноски еден од преживеаните учесници од НОВ. Крстаноски и Васо Цветаноски и двајцата борци, учесн…
Првата кино сала „Охридско езеро“ и музичкиот состав „ Брилјанти “ се творечка инспирација за Љупчо Паункоски и Ѓоко Симјановски да направат два документарни филмови. Авторите со документарците ќе сочуваат од заборав два периоди од минатото на Охрид. Обајцата имале намера да ги потсетат повозрасните охриѓани на едно убаво време од нивната младост, а на помладите да им покажат како нивните родители, баби и дедовци го поминувале слободното време. „ Се работи за две различни тематики, но ги спојува тоа што го обработуваат културно- забавниот живот во едно минато време. Во нив се вклучени л…