На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше доставена информација од страна на полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која што предизвика угинување на жив свет во езерото.
Со цел навремено обезбедување доказен материјал, инспекторот даде насоки на полицијата за правилно земање на мостри од езерото и од соодветни локации долж канализациската мрежа. Мострирањето, односно земањето примероци, беше спроведено во текот на денот.
На 22-ри март инспекторот беше на терен со Началникот на одделението за внатрешни работи во Дебар, …
Во охридската организација на Црвениот крст има преку 1200 волонтери од кои околу 800 се активни. Според овие бројки охридската организација е прва во Македонија. Тие се на различна возраст и се инволвирани во сите сегменти на делување на оваа организација. Голем е бројот и на младите луѓе кои се подготвени безрезервно да им помогнат на оние на кои што тоа им е неопходно. Стефани Данеска е една од нив.
Мотивот што станав волонтер во охридскиот Црвен крст е желбата да им помогнам на моите врсници на кои им е потребна помош, но и на постарите лица кои се немоќни, вели Стефани Данеска -волонт…
Студентите денес за Менаџерите на поголемите Охридски хотели, раководителот на ТЛЕР, деканот продеканите и професори од ФТУ подготвија вкусен појадок и со тоа покажаа што практично научиле. На работниот појадок во реновираното факулететско бифе се дискутираше и за заклучоците од тркалезна маса одржана неодамна на која беа отворени одредени проблеми во хотелската индустрија.На богата трпеза имаше пица, кинеска храна во слатко кисел сос, тортиљи, македонско мезе и слично. „Целта е преку практична работа да ги подготвиме студентите да бидат врвни мајстори во кујната, а со тоа подготвени за …
Локалната самоуправа ги обелодени бројките од изминатава туристичка сезона. Во периодот од Јануари, до Септември годинава, во Охрид привремено престојувале 136.725 домашни туристи што претставува намалување во однос на минатата година за 12.2 проценти. За истиот период пак во нашиот град престојувале 208.301 странски туристи што е зголемување за 15.9 проценти. Имајќи ги предвид вкупниот број на ноќевања, споредено со минатата година, бројките говорат за 2,8 проценти поголем број на ноќевања за периодот од Јануари до Септември. Иако порастот е релативно мал, градоначалникот Бакрачески, задов…
Секоја учебна година средношколските екскурзии се мета на критики имајќи ги предвид случувањата во изминатите години, со кои јавноста е добро запознаена. Од тепачки, откриени опојни дроги кај ученици,па се до контроверзните избори на туристичките агенции за спроведување на екскурзиите. За годинешнава екскурзија, вршителот на должност директор на гимназијата „Свети Климент Охридски“, Никола Тренески, вели дека биле направени одредени промени во начинот на кој се спроведуваат истите, а како најважно било потенцирано- на турата да не присуствуваат надворешни лица, односно лица кои не се учени…
Македонските здруженија на слепи лица утре го одбележуваат меѓународниот ден на белиот стап. Сојузот на слепи лица од земјава постојано работи на подобрување на животот на своите членови. Во годините наназад лицата без вид оствариле повеќе социјални права и бенефиции. Најнова придобивка е онаа од здравството. Придружникот на слепото лице кое се лекува во болница да има бесплатен престој. Охридското здружение кое брои околу 90 членови остварило средба со новата Локална самоуправа. Славчо Џајкоски, претседателот на здружението на слепи лица информира дека добиле ветувања од новото општинско …
Согласно законските прописи Општина Охрид покрај дезинсекцијата која ја спроведе во три наврати во летниот период, од денеска започнува и со дератизација на канализационата мрежа. Локалната за акциите за запрашување, три за дезинсекција и една за дератизација има издвоено вкупно 1 милион и шестотитини илјади денари. „Согласно законските обврски што ни ги налага државниот санитарен и здравствен инспекторат и според усвоената програма во неколку наврати од 15 до 17 јуни од 11 до 12 јули и од 22 до 23 август имаше запрашување за десинсекција, а согласно усвоената програма и законските обврски…
Во пресрет на 2 Април Светскиот ден на литературата за деца оваа среда ви нудиме 10 нови наслови за деца кои веќе можат да се зајмат.
Се работи за двете изданија од авторот Френк Лајман Баум Волшебникот од Оз во издание на Панили и Чудесниот волшебник од Оз издание на Детска радост. Издавачот Феникс ја отпечати книгата Таро од земјата на планините од Миоко Мацутани а Култура- Кражба на огромниот дијамант од Џеронимо Стилтон. Во нашата библиотека од денеска ви се достапни и стихозбирката „Синиот зајак“ од Душан Радовиќ, издание на Темплум, приватното издание помогнато од Министерството за к…