Без присуство на опозиција во Советот на општина Охрид, нема да се разгледуваат и донесуваат точките на дневен ред кои се однесуваат на усвојување на важни за градот и граѓаните ДУП. Во иднина оваа практика ќе ја применуваат советниците од владеачката гарнитура во Советот. Точно во таа насока на денешната 12 седница две точки, односно предлог одлуки за донесување на ДУП, беа повчлечени од дневен ред, на предлог на Димитар Спасески секретарот на општина Охрид. „Во минатото бевме сведоци дека се се правеше за да опозицијата ги напушти седниците на Совет за да може да се донесат определени Дет…
Опозиционата коалиција Сојуз за иднината ја бојкотираше денешната седница на Советот на општина Охрид. Во знак на револт за притворањето на советникот од општина Центар, Мирослав Шиповиќ, коалиционите партнери од охридската опозиција демонстративно ја напуштија денешната седница на советот на општина Охрид. Координаторот на советничката група на СДСМ, Томислав Тунтев рече дека на овој начин го искажуваат револтот против институционалното насилство кое се вршело за да се замолчи Шиповиќ. Тунтев апелираше до одговорните од власта да го пуштат советникот Шиповиќ да се брани од слобода.„На тој …
Спомен куќата на Христо Узунов крие две многу значајни реликвии за кои мал дел од граѓаните знаат. Тоа се брадата и ќесето на овој наш голем револуционер и визионер. И двете се стигнати во Охрид после макотрпни залагања на сега веќе покојниот кустос Никола Целакоски. Приказната за брадата на Христо Узунов започнува на денот на неговото загинување кога тој со своја рака си го одзел животот со цел жив да не му се предаде на непријателот. Пред да биде погребан некоја жена му ја отсекла брадата за да и ја испрати на неговата мајка на која Христо и бил син единец и неизмерно го сакала. Не е позн…
Агенциите за недвижности бараат полесен и поефикасен пристап до информации во секторот за урбанизам. Агентите за недвижности имаат потреба од побрзо доѓање до урбанистичката документација. Посакуваат и предност при приемот во урбанизам како правни лица. На досегашното чекање и губење време пред вратите на урбанизам посакуваат да му се стави крај. Александар Трајкоски од агенцијата Енхелеја укажува дека со новата Локална власт работите се придвижиле кон подобро, но не и доволно.„ Треба да има промени од луѓето кои работат. Уште по позитивно и побрзо да ги решаваат работите. Легалзиација…
Утре ќе се одржи дванаесеттата седница на Советот на општина Охрид, а во четврток тринаесеттaта. Советниците нас 12-тата седница ќе дискутираат по предлог одлуки за усвојување на бројни извештаи од повеќе области за периодот од 1 јули до 30 септември.
Извештаите се однесуваат на сообраќајот, туризмот, системите за наводнување и пречистување на отпадни води.Ќе посветат внимание и на остварениот буџет во истиот период, аќе донесат и буџетски календар за 2014 година. Советниците ќе се произнесат и за формирање на Совет за заштита на потрошувачите и за Локален совет за превенција на подрач…
Слатинското езеро сeуште е во незавидна ситуација. По катастрофалното оштетување на браната и истекување на водите од Слатинско Езеро во месец март, и по шест месеци, неговата судбина е неизвесна. Додека жителите од средна Дебрца и концесионерите на реките и вештачките езера очекуваат негова поправка и полнење со вода, од ресорното министерство молк. Во месец јуни општина Дебрца до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансто доставила барање за негова санација, вели градоначалникот Игор Трајкоски. „Сеуште немаме одговор кога ќе се санира. Заменикот министер најави во на…
Во основните школи ќе се воведува услугата образовен асистент за децата со посебни потреби. Министерството за образование прави подготовки за обезбедување на образовен асистент од следната учебна 2021/2022 година. Со новиот Закон за основно образование, училиштата каде што се воспитуваат и образуваат учениците со попреченост стануваат Ресурсни центри. Ќе се овозможи мобилност од искусен кадар кој ќе дава поддршка на инклузираните ученици како и на инклузивните тимови во редовните училишта.
„Сите родители на учениците од 2-ро до 9-то одделение треба да се пријават во своите училишта, да ја …
Жителите на населбата Канео, сопствениците на рестораните кои се наоѓаат на овај дел од крајбрежјето, но и граѓаните кои го користат Мостот на желбите за прошетки, алармираат за неговата состојба. Тој при секое невреме и налет на ветерот југ и високите езерски бранови се оштетува, велат очевидците. За тоа придонесува и високото ниво на водата кое беше застапено во последните неколку зими, додаваат тие. Митко Пендов, сопственик на ресторанот Потпеш вели дека мостот е квалитетно направен , но треба да се одржува.Ние го санираме колку што можиме, но тоа доста чини. Зтоа мора државата или локал…