Контејнерите скриени, ѓубрето на улица. По акцијата на ЈП Комуналец за дислокација на контејнерите од „Булевар Туристичка„ по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште поради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека, граѓаните отпадот почнаа да го фрлаат каде ќе стигнат. Тие велат дека не се доволно информирани каде се преместени контејнерите па се затекнати кога со ѓубрето в раце не ќе ги најдат на нивното старо место и затоа отпадот го оставаат на несоодветно место.По нашата обиколка на неколку локации каде се наоѓаа овие садови за отпад видовм…
Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на Здравствениот дом во Вевчани на одбележувањето на два јубилеи, 50 години од ренген службата и 10 години од мамографија. Градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски изрази големо задоволство од присуството на првиот човек на македонското здравство и истакна дека чест е да се подржат ваквите јубилеји, посебно 50 годишнината од ренген службата која е отворена меѓу првите 5 служби на државно ниво. „Овој Здравствен дом го покрива цел дримколски регион, десеттина населени места, преку 25 000 жители и мислам дека има поддршка и од локалната сам…
Од Охридското езеро по трет пат организирано беа извадени примероци на оружје старо неколку векови. Триесетина пушки, кубури, пиштоли и две сабји, сите во прилично добра состојба станаа сопственост на Завод и музеј. Со тоа се реализира и последната фаза на проектот „Охридското езеро, подводно – депо на оружје“. Кустосот Горан Митрески вели дека при оваа подводна акција пронајдени се пиштоли со специфична орнаментика карактеристична за дебарскиот крај. Тие се изработени од дрво и метал, а украсени со месинг. Биле симбол на статус како кај отоманското така и кај македонското население.Оружјет…
Напуштената охридската касарна е претворена во дувло на лисици. 230.000 квадрати површина се запуштени и обраснати со треви, грмушки и шума. Жители од Радојца Новичиќ стравуваат за безбедноста и тврдат лисиците ноќе и во раните утрински часови им доаѓаат во дворовите. Блаже Настоски раскажува „често пати имам приметено дека излегуваат лисици од касарната и преминуваат на бетон. Не случајно чувам дома кучиња, ноќе има јаки лаежи. Имаме приметено дека доаѓаат по храна во кантите за ѓубре. При одење на работа пред мене ми помина лисица и ја бркав со возилото по патото кон Радојца Новичиќ…
Од 22.00 часот (25.03.2021) до 05.00 часот (26.03.2021) констатирано е дека 19 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (25/26.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 571 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Охридските советници се скараа. Причина, двете точки од областа на урбанизмот, кои пред два дена беа повлечени од дванаесеттата седница на Совет. Предлогот на советниците од Сојузот на иднината да се дополни дневниот ред на тринаесеттата седница со тие две точки не беше усвоен. Тунтев категоричен дека не се против урбанизација, бидејќи тоа е цивилизациска придобивка со која се средуваат работите за да нема хаос.„Јавноста очекува одговор од нив зошто 8 години се трубеше на сите можни начини, по сите медиуми, се правеа циркуси со прес конференции пред Ревиера, пред Домот на културата и.т.н де…
Жителите од месната зедница 15-ти Корпус, од улиците Кленоец, Српница и Веле Марко реагираат на сериозен еколошки проблем кој го загрозува нивното здравје. Огромни облаци прашина секојдневно се дигаат пред нивните домови. Прашината се таложи на крововите, автомобилите, растенијата. Се жалат дека не можат да отворат прозор нити да исушат алишта. Но, најмногу од се стравуваат за здравјето, раскажува Блаже Настоски еден од жителите кој се соочува со овој проблем.„Имаме еколошки проблем. Имаме база која е голем загадувач и бараме нејзина дислокација или некое решение. Живеат доста луѓе, има м…
ЈП „Погребни услуги“ поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа неможе да го опслужува полигонот за обука на возачи кај градските гробишта. Надоместокот од 6 000 денари месечно од охридските авто школи очигледно не е доволен претприајтието да стои на здрави нозе. Поради тоа на вчерашната седница со одлука на Совет, полигонот беше отстапен на ЈП „Градски гробишта, кое понатаму ги презема сите обврски за негово оддржување. Исто така на ова ЈП претпријатие му беше отстапено и возилото фолсфаген. Дали тоа се сигнали дека згаснува ЈП „Погребни услуги“, Зоран Симоноски, директорот на „Гр…