Мала заинтересираноста кај охриѓани за аплицирање на конкурсот за Климентова повелба. На пет дена до истекот на крајниот рок за поднесување на апликациите, Комисијата добила само три апликации. Имајќи го предвид значењето и престижот на повелбата која ја доделува општина Охрид, од Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на награди и признанија, со мотивирачка порака до заинтересираните и потенцијални апликанти за добивање на повелба.„Како претседател на комисијата која всушност ги именува повелбите, сакам да упатам една мотивација до нашите сограѓани да ги поддржат…
Конкурсот за изработка на апликација за андроид телефони привлече голем интерес на студентите од информатичкиот универзитет Св. Апостол Павле. 11 групи составени од по 3 студенти ќе изработуваат апликации за Android и I Phone. Вилјам Асијама е еден од пријавените студенти.„ Дознавме дека се работи за Android и IPhone натпревар. Нашиот тим најчесто работи со Windows апликации, но ќе се обидеме да изработиме и со андроид. Очекувам да се забавувам додека работиме на андроид апликацијата бидејќи немаме големо искуство, но сакаме да се испробаме“.Студентите од „Свети Апостол Павле“ имаат к…
Тројца охриѓани трагично ги загубија животите во страотна сообраќајна несреќа која се случи синоќа десет минути по полноќ на регионалниот пат Охрид – Св Наум. Тумбата кај населбата Елешец беше кобна за 21 годишниот Х.Ј и брачната двојка К.Д. (39 годишен) и Т.Д. (28 годишна). Во несреќата тешко е повреден П.Ш (21 годишен) кој веднаш е префрлен во хируршкото одделение при Општата болница во Охрид каде му е извршен оперативен зафат. Додека пак 23-годишниот Д.С. е полесно повреден.„Најверојатно причината за случената сообраќајна незгода е директен судир помеѓу две патни возила. Се работи за воз…
Нема оправдана причина советничкото мнозинство да не го прифати барањето на СДСМ, и да не ги постави двете точки од урбаната сфера од дванаесеттата седница на тринаесеттата, реагираат од СДСМ Охрид. Како што кажа Христина Гоговска, раководителот на Центарот за комуникации, изненадени се како се променил принципиелниот став на ВМРО – ДПМНЕ кои цели 4 години за време на владеењто на поранешните градски власти од 2009 до 2013, биле исклучиво против сите детални урбанистички планови и гласале против, а сега со промената на власта на локлано ниво тие исти луѓе од ВМРО – ДПМНЕ ги поставуваат на д…
Организацијата за заштита и вдомување на животни „Анималиа“ денес со акција за изграднба на привремени живеалишта за бездомни животни. Насловена како „Дом за бездомните животни“ акцијата има за цел да обезбеди топли куќарки за животните скитници од градов во текот на зимата. Активистите од оваа невладина организација потенцираат дека главната цел им е пред се да влијаат на подигнување на јавната свест кај луѓето.„Идејата на акцијата е да собереме материјали од граѓаните, работи што не им требаат, а што може да се искористат на пример за правење куќарки и слично и главната цел на акцијата е …
Најголемиот регионален малопродажен ланец за производи за домот Comodita Home отсега и во Охрид. Comodita Home е бренд кој 25 години е присутен во регионот а од јануари 2019та година и во Македонија. За краток период со своите квалитетни производи по пристапни цени ги освоија потрошувачите на нашиот пазар и присутни се скоро во секој дом. Најпознати се по линијата душеци и над-душеци произведени по најсовремена технологија а со конкурентни цени на пазарот. Брендот се истакнува и со огромниот асортиман на квалитетни постелнини, перници, производи за бања, текстил за трпезарија и кујна итн….
Брејн`О`Брејн програмата на Црвениот крст, вистински хит помеѓу децата, но и помеѓу родителите. Подобрена концентрација, зголемена креативност, развивање на меморијата на децата и бројни други придобивки. За нив, сведочат и одличните резултати кои дечињата од оваа програма ги постигнаа на државниот Брејн`О`Брејн натпревар во Скопје, од каде малите охриѓанчиња се вратија со дури 27 освоени награди од кои 10 трофеи како највисоки признанија, како и 13 златни и 4 сребрени медали. И ако резултатите сами по себе не ви се интересни, тогаш слушнете во какви дисциплини се натпреварувале дечињата….
Во понеделник ќе биде објавен конкурс за поставување на директори на ЈП во градов. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека документацијата е подготвена. Со сите ЈП во градов во моментов управуваат в.д директори. Во охридската јавност деновиве најактуелна беше состојбата во ЈП „Билјанини Извори“, каде вработените по оставката на Иван Цветкоски барале во најкус рок поставување на директор. Градоначалникот со став.„Оставката ја имам разгледано и не се имам произнсесно по оставката. Значи се додека не донесам решение за разрешување сеуште таму директор е постоечкиот в.д. директор. Така да…