Ное 14, 2013

ГРОМ пред охриѓани

Охриѓани покажаа голем интерес за Граѓанската опција за Македонија, која како структура во градов брои над 1200 членови, изјави Стевче Јакимоски лидерот на ГРОМ.  Синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа основачкото собрание на оваа политичка опција. Јакимоски истакна дека излегуваат со целосна понуда пред граѓаните на Охрид и неговите очекувања се дека како трета опција ГРОМ ќе го освежи црно-белиот политички амбиент во нашиот регион. „Во делот на економијата ГРОМ смета дека со вакви високи фискални расходи ставаме оловни нозе на нашето стопанство и сметаме дека повеќе пари …

Ное 13, 2013

Дневниот центар „Зраци“, се бори за опстанок

Згрижувањето на децата со интелектуална попреченост во Охрид, е процес полн со предизвици. Денес во посета на дневниот центар „Зраци“, беше првиот човек на општина Охрид д-р. Никола Бакрачески. Целта на посетата беше градоначалникот лично да ги види условите за работа во овој центар и да ги слушне нивните проблеми и потреби. Орхидеа Топенчарова мајка на дете кое го посетува центарот, вели дека во моментов самите родители го финансираат центарот, додека пак УНДП го плаќа надоместокот за двете ангажирани лица. Родителите бараат Министерството за труд и социјална политика да го реши работниот …

Ное 13, 2013

Повторно настрада детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“

Руинирано детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Овие катчиња за одмор и рекреација кои се замена за некогашните маалски лединки се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме, велат граѓаните. Конкретно за изградба на игралиштето во оваа населба граѓаните чекале 30 години. Од Локалната самоуправа информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижувава тоа што постојано се атакува врз н…

Мар 29, 2021

Жители протестираа против решение за градба на четвороспратен објект во старото градско јадро

Мирен протест одржаа граѓани од Варош против издадено решение за изградба на четвороспратен објект на местото на стара куќа на улицата Христо Узунов. Револторани сме што пред очите на домашната и светската јавност и заложбите за заштита на Охрид под Унеско, надлежните институциите продолжуваат да го кршат законот за заштита на Старото градско јадро и ДУП, вели Климент Аиноски. „На 30 метри од овој објект се наоаѓа Завод и Музеј кој треба да ги спречи ваквите објекти. Охрид пред цел свет е претставуван со посебниот изглед на калето , а во строгиот центар на калето се издава решение за градб…

Ное 13, 2013

Спомен обележјето за Водици-ќе биде поставено во првата половина на 2014та

Конкретизирани деталите околу изработката и поставувањето на спомен обележјето за Богојавление-Водици. Кумот на оваа манифестација од 2012та година, проф.д-р Ванчо Чифлиганец кој е донатор на споменикот, остварил работна средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески на која се разговарало токму за спомен обележјето. Чифлиганец вели дека она што го ветил, за скоро ќе биде и реализирано.„Беше конкретизирано да го отпочнеме споменичното обележје. Еве утре ќе го добиеме одобрението за градба и фундаментот ќе биде готов за десетина дена. А скулптурата треба да се лие од три до шест месец…

Ное 13, 2013

Филантропите од Охрид и Струга добија празнанија за нивните несебични залагања

Радоста на давањето, примањето и споделувањето помеѓу луѓето е можеби најголемата придобивка на филантропијата. Четириесет и двајца филантропи, и тоа фирми, здруженија и поединци, ја имаа таа привилегија и доблест да помогнат некому. Освен искреното „благодарам“ од оние на кои им помогнале, тие добија и признанија за своите несебични залагања. Локалната агенција за развој од Струга, на пригодна свеченост им се заблагодари за нивните филантропски активности. Како дел од проектот „Филантропија-Човекољубие на дело“ беше изработен и промовиран и каталог во кој се поместени сите филантропи и нив…

Ное 12, 2013

Проблемите од урбанизмот на видело

Шеесетина граѓани на Охрид беа денес во малата општинска сала на средба со стручните екипи од Секторот за урбанизмот. Натрупаните и со години нерешени проблеми од урбаната сфера сеуште ги тиштат охриѓани, но најакутен проблем според она што повеќето од нив го кажаа е легализацијата на бесправно изградените објекти. Некои од граѓаните излегуваа задоволни а некои не. Дел од нив со коментар како гледаат на ваквите средби. „Многу сум задоволен посебно што ни рекоа дека во петок ќе ги имаме документите в раце. Однапред се заблагодарувам на екипата што беше тука. Одобрението за параклисот го бара…

Ное 12, 2013

Сеуште не се знае со која претстава ќе се отвори театарската сезона

Сонот на летната ноќ охридските љубители на театарот по се изгледа можат да го гледаат само на лето а на зима можат да го сонуваат. Техничките соработници од странство кои се потрудија ова дело на Шекспир 4 пати да биде изведено во Охрид во летниот период сега поради други ангажмани им ги изменија плановите на Охридскиот народен театар и Центарот за култура Григор Прличев. Новата театарска сезона место  како што беше најавено, со најволшебното дело на Шекспир ќе започне со задоцнување со некоја друга претстава.   Со уметничкиот директор на охридскиот театар Горан Стојановски  решивме театар…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top