Дек 11, 2013

Eдна од најстарите книги на балканот е сопственост на Националната установа библиотеката „Григор Прличев“

  Националната установа библиотеката „Григор Прличев“ располага со редок книжевен фонд. Таму можат да се најдат дела издадени од 1800година па се до 1944год. Најстарата книга е Историја книжевности од Др Јован Шеро која била објавена во далечната 1874 год. Моментално се врши ревизија на овие книги и тие не се издаваат надвор од просториите на библиотеката. Уште едно многу значајно и ретко дело е во сопственост на охридската библиотека.Во наша сопственост е Прохорпчинското изборно евангелие, една од најстарите книги на балканот. Ова дело моментално се наоѓа на конзервација во Националната ун…

Мар 31, 2021

Во Охрид почна вакцинацијата со „АстраЗенека“

Започна имунизацијата против Ковид 19 на охриѓани на возраст над 77 години со  хронични  болести  во 8 часот утрово. Првата вакцина на „АстраЗенека“ ја прими жена на возраст од 79 години. Пациентите кои закажале имунизација преку системот Мој термин доаѓаа на закажаното време во Службата за превентивна здравствена заштита на деца и младинци при Здравствен дом. Очекуваат се да помине во најдобар ред, а при тоа немаа трема. Вакцинацијата тече без проблеми според сите безбедносни протоколи и препораки од ресорното министерство, напоменува доктор Соња Мариноска, раководител на Службата за здра…

Дек 11, 2013

Риба има, се троши, но и по малку се краде

Зголемена е потрошувачката на рибата во овој период од годината. Рибата е неизоставен дел од македонската трпеза посебно за зимските христијански слави, за време на Божиќните пости. Токму поради тоа намалена е цената на рибата информира концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски. Овој период од годината засилени биле контролите од страна на рибочуварската служба, така што само минатата недела фатиле голем број мрежи на нелегалните риболовци од нашето подрачје, но и како новина фатени биле забранети мрежи  фрлени во езерото од албанската страна. Танасоски вели дека контролите биле за…

Дек 10, 2013

Децата да ги учиме на здрав начин на живот

Промовирани прирачници за здрава исхрана и боенка за деца од авторката Весна Пирузева Петровска. Мојата намера е со прирачниците да им го посочам на луѓето правилниот начин  на исхрана за да имаат здрав живот, вели авторката. Во напливот на различна литертура да бидат умешни како да ја изберат вистинската  која  води  кон здрав живот, затоа што несоодветните може да ги  упатат кон погрешни патеки. Предупредува на претпазливост кон користењето на разни нутриционистички совети и  диети од непроверени извори на интернет.„ Најчесто младата популација се служи како со најдобар учител, а на интер…

Дек 10, 2013

Словенија заинтересирана за инвестиции во туризмот

Словенците најзаинтересирани за инвестиции во туризмот. Денес словенечкиот амбасадор Бранко Раковец оствари работна средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Пред делегацијата на Р. Словенија беа презентирани можностите и капацитетите на општина Охрид за развој на економијата и реализација на потенцијални инвестиции. Градоначалникот Бакрачески изјави дека туризмот е она што Охрид може да го понуди на словенците како економска гранка во која ќе најдат интерес за инвестирање.„Добивме податоци од регионалната стопанска комора дека бројот на словенски туристи кои престојуваат во Охрид во изм…

Дек 10, 2013

Организираниот криминал-закана за земјите од ЈЕИ

МВР ефикасно се справува со организираниот криминал преку имплементација на концептот за координираност на сите институционални облици со надлежност во оваа сфера, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР на Република Македонија, Митко Чавков на отварањето на Меѓународната конференција посветена на „Превенција и сузбивање на транснационалниот организиран криминал во Југоисточна Европа“. Тој додаде дека и Владата на Република Македонија активно работи на оваа проблематика па со таа цел се стреми кон воспоставување на Национална криминалистичко разузнавачка база на податоци ка…

Дек 10, 2013

Театарската сезона во Охрид наместо охридскиот ќе ја отвори велешкиот театар

Охридската театарска сезона наместо домашните актери ќе ја отворат  велешките од театар Џинот. Четворицата актери  Васил Зафирчев, Зоран Љутков , Маја Љутков и Јордан Витанов гостуваат со  претставата „Ноќите во бел сатен“. Автор на текстот  е Братислав Димитров, а претставата ја доби наградата  Чернодрински. Станува збор за хумористичен текст на љубовна тема,  која ќе ги насмее охриѓани до солзи.„ Оваа соработка подолго време ја договоравме сакавме да донесеме една претстава од Велес затоа што овој театар нема подолго време гостувано во Охрид. Тие се во подем, работаат и имаат голем број у…

Дек 10, 2013

Мал дефект на „Tуристичка“, отвори голема работа за МЈП „Проаква“

Поради дефект на водоводно канализационата мрежа асфалтот кај кружниот тек за Билјанини извори на неколку места раскопан. Од МЈП „Проаква“ смируваат, велат дека станува збор за мал дефект, кој во текот на денот ќе биде саниран.Првиот човек на претпријатието Томе Паскалиев од лице место на настанот рече дека на тој потег недопусливо било шахтите да се постават под асфалтот, тоа само дополнително ја отежнало работата на екипите на ЈП.„Дефектот се појави пред празникот, ние почнавме со детекција на проблемот не беше на ќошот од раскрсницата и го оставивме за после празникот од причина што имав…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top