Дек 23, 2013

Од локалната реагираат на обвинувањата на ОО СДСМ

Фактот што без никаква потреба, освен партиска, осум години ја пренатрупуваа општинската адмнинистрација, за Социјалдемократите не е некоја значајна појава. Градоначалникот Бакрачески ја затекна Општина Охрид со 265 вработени, во најголем број со статус на државни службеници. Голем дел од нив досега биле без работни задачи или пак незнаеле кои им се работните обврски. Дополнително, затекнати се уште 160 вработени со договори за дело, од кои преку половината со заобиколување на Агенцијата за вработување. За над 90 % од овие времени вработувања нема евиденција дека се појавиле на работните ме…

Дек 23, 2013

ВМРО ДПМНЕ врши политички реваншизам, обвинуваат од ОО НА СДСМ

  Чист политички реваншизам се спроведува врз вработените од страна на општинската власт во единицата за Локална самоуправа и по јавните претпријатија, велат од Општинската организација на СДСМ. Од таму тврдат дека со измените на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во општината и по јавните претпријатија, извршени од страна на управувачката и раководната структура на ДПМНЕ, општинската власт си зела за право да спроведува чистка од политички причини. На вработените секојдневно им се делат нови решенија, со кои се врши нивно несоодветно прераспоредување на д…

Апр 1, 2021

Третиот бран на пандемијата зема силен замав во Охрид

Сто и тројца охриѓани ковид позитивни и суспектни се згрижени во Општа болница во моментов. Исполнети се болничките кревети на сите одделенија кои се пренаменети за лекување на ковид пациенти. Во модуларната болница има само седум слободни кревети, информира д-р Горан Балески, директор на ЈЗУ Општа болница Охрид. Докторот Балески, напоменува дека се загрижени од состојбата во Охрид со третиот бран на пандемијата која зема силен замав и ги полни болнички кревети во скоро сите одделенија. Неколку болнички оддели работат со редуцирана програма. Има доволно медицински кадар кој се ротира за пот…

Дек 23, 2013

Во дворот на Гигерови владее предпразнична атмосфера

Празнична пред новогодишна магија блика од домот на семејството Гигер во Охрид. Бројни лампиони, светлечки кристали, осветлени елки и неизбежните зимски реквизити Снешко, Дедо мраз со санка и еленчиња се дел од веселиот декор.  Иванка и Бруно Гигер за да ја постигнат празничната атмосфера во дворот на нивната семејна куќа потрошиле 10 дена креативна работа или по 5 часа дневно. Иванка се радува на конкурсот со кој  Локалната самоуправа ќе ги наградува најдобро украсените дворови на охриѓани.„ Во Охрид почнале повеќе да се интересираат  и гледам доста балкони и дворови на семејни куќи. Ми да…

Дек 20, 2013

„Одблесоците на Велгошти и манастирот Св. Петка“, запис за минатото и сегашноста

Убавината на манастирот Св. Петка во Велгошти кој се издигнува како пуст остров во море од зеленило, историското минато на ова живописно село и прекрасната панорама на градот Охрид која се протега од дворот на црквата и ти го одзема здивот, се причините што Ванѓелко Лозаноски пред речиси две години започнал да го пишува делото „Одблесоците на Велгошти и манастирот Св. Петка“.Ретко во историјата на  Македонија имало вакво поврзување на еден манастир и местото каде тој се наоѓа. Велгошти, велгоштани и манастирот Св. Петка имаат нераскинлива врска со векови наназад. Доколку велгоштанец се зако…

Дек 20, 2013

Учениците од Братство изработија новогодишни честитки

Pаботилница за рачна изработка на честитки по повод претстојните новогодишни празници во О.У. „Братство Единство“. Во пријатна атмосфера поткрепена со искрено дружење помеѓу учесниците на оваа работилница беа изготвени најразновидни новогодишни честитки. Карактеристично за овие честитки е тоа што тие се единствени и неповторливи, бидејќи секоја една честитка е лична креација на секој учесник одделно, вели педагогот Дрита Ќато. Додава дека со тоа децата покажаа дека постои меѓуетничка интеграција во образованието, „Токму денес ова што се случува во училиштето е една иницијатива на ученичката…

Дек 20, 2013

Градскиот хор исполнува весели Божиќни песни

Градскиот хор, вечерва ќе има завршен настап пред охриѓани.  30 -тина хористи  ќе изведат Божиќни нумери. Со песните ќе внесат весело пред новогодишно расположение кај своите сограѓани. Концертот нема да биде стандарден туку ќе биде проширен со солисти и настап на гости од  музичкото училиште, напоменува диригентот на хорот  Проф. Александар Димоски. Димоски додава дека вредно и напорно работеле, а за изборот на репертоарот вели дека се труделе да внесат нови содржини.„ На овој концерт ќе бидат исполнети познати нумери кои публиката ги знае. Најпознатите Божиќни песни ќе бидат изведени на м…

Дек 20, 2013

ОО на СДСМ Дебрца, го промовираше Центарот за комуникации

ОО на СДСМ Дебрца, го промовираше Центарот за комуникации, преку кој во иднина ќе ја информира јавноста за сите партиски активности. Портпаролот Ангел Секулоски на првиот прес се задржа на забелешките кои ги имаат кон актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ на Дебрца, предводено од градоначалникот Игор Трајковски. Според него владеачкиот режим на Трајкоски претставува чин на грубо кршење на основните човекови слободи и права, политичка дискриминација и реваншизам. Како пример за тоа ја наведе состојбата на претседателот на ОО на СДСМ раководен државен службеник во Локалната самоуправа со сед…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top