Со проектот “Вевчани без кал” се асфалтираат и рехабилитираат улици кои не виделе санација и по 50 години со што Вевчани го добива ликот на модерна урбана населба. Со скромниот општински буџет во кој во програмата за улици и патишта се издвојуваат околу 20 000 евра годишно спроведување на еден ваков проект, кој трае веќе три години, е невозможно, вели градоначалникот Сашо Јанкоски.
„Стратегијата ни беше напротив поинаква. Макотрпно изготвувавме планска документација и аплициравме кон домашни и странски фондови. Доста сме успешни во тој дел. Изградивме доста улици и објекти кои сами само со…
Кривична пријава за свадба и 5 прекршочни пријави изрекле Државните пазарни инспектори продолжениов викенд во Охрид. 12 пазарни инспектори од Охрид и Гостивар извршиле над 200 контроли во угостителски објекти, информира Цветко Ристески, раководител на одделението за Пазарен инспекторат Охрид. Се контролирале охридските локали и хотели дали ги почитуваат владините мерки и протоколи. При акциите, 62 контроли биле со целосен инспекциски надзор и оформени записници, управни и прекршочни мерки. 137 биле визуелни контроли каде што не биле регистрирани неправилности, информира Ристески. Раководите…
Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, оствари протоколарна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз.
На средбата се разговараше за веќе воспоставената добра меѓусебна соработка, но и за можностите за продлабочување на соработката. Во разговорот, амбасадорката ги пренесе искуствата од државата Вермонт во развојот на екотуризмот кои целосно може да се применат и во Охрид. Исто така, амбасадорката истакна дека постои можност и за соработка во областа на образованието со оваа држава, информираат од Локалната самоуправа.
Градоначалникот ја информираше ам…
Со средства обезбедени од Општина Охрид, во текот на изминатиот викенд беше извршена промена на дограмата во училишниот објект на ОУ „Свети Климент Охридски“ во населба Далјан.
Поставени се нови енергетски ефикасни прозорци во сите 5 училници и во наставничката канцеларија. Исто така поставени се и нови пвц врати на двата влеза од објектот и на тоалетите.
Претходно во овој училиштен објект беа реконструирани подовите во сите училишни простории.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека вакцините против Ковид-19 најверојатно ќе бидат достапни во декември или почетокот на 2021 година за доставување до регулаторите за одобрување.
„Многу е охрабрувачки да се види напредок во клиничките испитувања што се случуваат низ целиот свет. Како што знаете, имаме околу 40 кандидати за вакцина во одредена фаза на клинички испитувања, а десет од нив се во трета фаза, а тоа се клинички испитувања во доцна фаза, што ќе ни дадат информации за ефикасноста и безбедноста“, изјави Сумја Сваминатан, главен научник на СЗО.
Таа исто така рече …
Во текот на изминатото деноноќие (12/13.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 615 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Со поставување на вториот асфалтен слој на коловозот деновиве се изведуваат завршните градежни активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.
Согласно проектот, во текот на изминатиот период на оваа улица беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на улицата.
Според планираното, наскоро ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и осветлување.
Охрид остана полупразен овој празничен, продолжен викенд. Иако овој викенд имаше добро време хотелите, приватното сместување, рестораните половично исполнети со гости. Оние кои што не пропуштија можност да го посетат градов велат дека малата посетеност не е поради влошената епидемилошка состојба и најавените поригорозни рестриктивни мерки.
„Јас не мислам дека се мерките туку парите се во прашање“. „Повеќе финансиската дефинитвино. Секој би сакал да ужива без дискусија, но економскиот момент е многу битен“.
Охриѓани ги избегнуваат прометните места низ градот за време на викенди посебно пр…