Агенцијата за катастар на недвижности и годинава продолжува со своите активности во рамките на веќе започнатата акција „Отворено со катастар“. Директорот на Агенцијата за катастар Славче Трпески на 05 и 06 февруари од 09 до 16 часот, заедно со тим од стручни лица од Секторот за внатрешна контрола ќе биде во посета на Охрид и Струга во своите подрачни единици. Според неговата агенда, директорот Трпески ќе одржи работен состанок со сите раководни лица на подрачните одделенија на тема дигитализација на катастарските општини и нивната важност.
Исто така од Агенцијата за катастар на недвижности …
Утрово откорнат семафор висеше на раскрсницата кај Охридска банка. Екипите на ЈП НИСКОГРАДБА Охрид по кратко време го наместија семафорот.
Екипата на ТВМ забележа дека вертикалната сигнализација на пресекот на бул. Туристичка и ул Македонски просветители наместо да им помага на учесниците во сообраќајот истата ги збунува.
За среќа паднатиот семафор не повредил никој од пешаците, кои чекаат да поминат улица во тој дел на пешачкиот премин.
{loadposition content9}
Од денеска до 20 април ќе бидат затворени сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување. Оваа одлука ја донесе Владата, со цел превенција и заштита на граѓаните од Ковид-19.
Исклучок од оваа мерка се рестораните во рамки на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, но и угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид.
Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телеф…
Здружението на граѓани ПРОАКТИВА од Скопје во соработка со Општина Дебарца во јануари 2014 година започнаа со реализација на проектот „Енергетски ефикасна општина – 4. дел“.Главната цел на проектот е преземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина со стакленичкиот гас СО2, а конкретни цели се:Намалување на емисијата на јаглерод двооксид од јавните објекти во Општината Дебарца. Намалување на трошоците за енергија во јавните објекти во Општината Дебарца.Теоретска и практична обука на локалното население за енергетска ефикасност и обновливи извори …
Ќе се рехабилитира колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна. Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за колекторот. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Градоначалниците на Охрид и Струга дадоа политичка поддршка за овој многу важен проект. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комлетна долгорочна стабилна состојба на Охридско Езеро, рече Дејан Пановски од Билатералниот секретарјат за заштита на Охридското Езеро. Во најголем дел ќе се репарира колекторскиот систем кај постоечките це…
Невработените лица и лицата со ниски примања треба да се пререгистрираат во подрачните одделенија на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Сите невработени охриѓани кои во текот на изминатата година не оствариле приходи или пак оствариле приход кој не ја надминува законската рамка, треба лично да ги посетат подрачните одделенија на Фондот и да извршат пререгистрација, а за таа цел потребна им е само лична карта и изјава за остварени приходи која ќе ја добијат на шалтерите во Фондот.„Во текот на оваа пререгистрација се потребни само пополнување на изјава, на носителот на осигурува…
Невработените лица и лицата со ниски примања треба да се пререгистрираат во подрачните одделенија на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Оваа редовна процедура за осигурениците кои се осигурени на товар на државата, се врши со пополнување на изјава на осигурениците дека не оствариле приходи во текот на изминатата година или пак дека приходот кој го оствариле не надминува 96.600 денари. Пререгистрацијата на невработените лица започнува од денес, а рокот за пријавување на шалтерите на Фондот за здравствено осигурување трае до 31 Март 2014 година. Доколку осигурениците не се прија…
Поемата „ Азбукословецот“ од Иван Василевски ќе биде промовирана во рамките на манифестацијата Прличеви Беседи. Оваа поема е избрана на конкурсот „Григор Прличев“ и е најдоброто поетско дело за 2013 година. Манифестацијата во чест на делото на Григор Прличев ќе се чествува 2 дена, а започнува во среда напладне во НУ Центарот за култура која го носи името на големиот поет Григор Пеличев. „ Добредојдени се сите почитувачи на литературата и културата и секако почитувачите на големиот Григор Прличев. Тој не е само поет туку и голем преродбеник, Григор Прличев оставил големи траги во нашата…